Разлика помеѓу преработките на „Алберт Ајнштајн“

Нема измена во големината ,  пред 4 месеци
с
Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга (4) using AWB
с (Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница (6) using AWB)
с (Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга (4) using AWB)
Во огромниот број на придонеси на Ајнштајн кон [[физика]]та се вбројува неговата [[специјална теорија на релативноста]], која ги споила [[механика]]та и [[електромагнетизам|електромагнетизмот]], и неговата [[општа теорија на релативноста]], која ја проширила [[теорија на релативност|теоријата на релативноста]] за нерамномерното движење, создавајќи нова теорија на [[гравитација]]. Има бројни придонеси во полињата на [[физичка космологија|релативистичка космологија]], [[капиларна акција]], [[критична опалесценција]], [[класична физика|класични проблеми]] на [[статистичка механика|статистичката механика]] и нивната примена во [[Квантна теорија|квантната теорија]], објаснување на [[Брауново движење|брауновото движење]] на [[молекул]]ите, [[веројатност]]и на [[транзициско правило|атомската транзиција]], квантната теорија на [[едноатомски гас]]ови, [[термодинамика|термодинамичките]] својства на [[светлина]]та со ниско ниво на [[радијација]] (со што ги дава темелите на теоријата на [[фотон]]и), теорија за радијација вклучувајќи [[стимулирана емисија]], концептот на [[Класична теорија на унифицирани полиња|теоријата на унифицирани полиња]] и придонеси кон физичката геометризација.
 
Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела.<ref>{{цитирананаведена книга | author = Пол Артур Шилп, уредувач | year = 1951 | title = Albert Einstein: Philosopher-Scientist, Volume II | publisher = Harper and Brothers Publishers (Harper Torchbook едиција) | location = Њујорк | pages = стр. 730–746}} Во неговите ненаучни трудови се вклучуваат: ''За ционизмот: Говори и предавања од проф. Алберт Ајнштајн'' (1930), „Зошто војна?“ (1933, коавтор со [[Сигмунд Фројд]]), ''Светот според мене'' (1934), ''Од моите подоцнежни години'' (1950) и научна книга за општата читателска публика, ''Еволуцијата на физиката'' (1948, коавтор со Леополд Инфелд).</ref><ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1921/einstein-bio.html|title=Алберт Ајнштајн, биографија|accessdate=[[7 март]] [[2007]]|publisher=Нобелова Фондација}}</ref> Има статус на слава во заедницата на физиката,<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://physicsworld.com/cws/article/print/851|title=Физиката: минато, денес, иднина|accessdate=[[27 ноември]] [[2007]]|author= Дурани, Матин|publisher=Physics World}}</ref> а магазинот ''[[Тајм]]'' во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана синоним на генијалност.
 
== Младост и образование ==
Алберт Ајнштајн бил роден во [[Евреи|еврејско]] семејство во [[Улм]], [[Виртемберг]], [[Германија]] на [[14 март]] [[1879]]. Неговиот татко бил Херман Ајнштајн, продавач и инженер. Неговата мајка била Полин Ајнштајн (моминско презиме Кох). Во 1880, семејството се преселило во [[Минхен]], каде неговиот татко и вујко формирале компанија, „Elektrotechnische Fabrik J. Einstein & Cie“, која произведувала електрична опрема.
 
Ајнштајнови не биле посериозни еврејски религозни верници, па затоа Алберт посетувал католичко основно училиште. Иако Ајнштајн имал рани говорни маани, тој сепак бил меѓу врвните ученици во училиштето.<ref>{{цитирананаведена книга | last = Розенкранц | first = Цеев| year = 2005 | title = Albert Einstein — Derrière l'image | page = 29 | publisher = Neue Zürcher Zeitung | isbn=3-03823-182-7 }}</ref><ref>{{цитирананаведена книга | first = Томас | last = Совел | title = Ајнштајн синдромот: Бистри деца кои проговоруваат доцна| pages = 89–150 | publisher = Basic Books | year = 2001 | isbn= 0-465-08140-1 }}</ref>
 
[[Податотека:Albert Einstein as a child.jpg|thumb|left|200px| Алберт Ајнштајн во 1893 (на 14 години), пред неговото семејство да се пресели во Италија.]]
Кога Ајнштајн имал пет години, неговиот татко му покажал џебен [[компас]]. Ајнштајн сфатил дека има нешто во празниот простор што ја движи иглата и подоцна изјавил дека ова искуство му направило „длабока и долготрајна импресија“.<ref>{{цитирананаведена книга | first =П. А. | last = Шилп| title = Алберт Ајнштајн - Автобиографски забелешки| pages = 8–9 | publisher = Open Court Publishing Company | year = 1979}}</ref> На инсистирање на неговата мајка, тој земал часови по [[виолина]] на шестгодишна возраст, и иако не ги сакал и евентуално се откажал, подоцна многу уживал во [[Волфганг Амадеус Моцарт|моцартовите]] виолински сонати. Како што растел, Ајнштајн градел модели и [[машина|механички направи]] од чиста забава, а почнал да покажува и талент за математика.
 
Во 1889, семејниот пријател Макс Талмуд, медицински студент,<ref name=HarvChemAE>Дадли Хершбаг, „Ајнштајн како студент“, оддел за хемија и биохемија при универзитетот Харвард, Кембриџ, САД, стр.3 веб: [http://www.chem.harvard.edu/herschbach/Einstein_Student.pdf HarvardChem-Einstein-PDF]: за посетите на Макс Талмуд.</ref> го запознал десетгодишниот Ајнштајн со клучни научни, математички и филозофски текстови, вклучувајќи го делото на [[Иманел Кант|Кант]] ''Критика на чистата причина'' и [[евклид]]овите ''Елементи'' (Ајнштајн ја нарекол „малата света геометриска книга“)<ref name=HarvChemAE/> Од Евклид, Ајнштајн почнал да разбира дедуктивно резонирање, и до дванаесетгодишна возраст, тој ја научил [[Евклидова геометрија|евклидовата геометрија]]. Веднаш потоа почнал да го истражува [[калкулус]]от.