Втора светска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница (2) using AWB
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга (3) using AWB
Ред 11:
 
== Светот помеѓу двете светски војни ==
По поразот во [[Прва светска војна|Првата светска војна]], Германија била принудена да го потпише [[Версајски договор|Версајскиот договор]]<ref>{{цитирананаведена книга|last=Hakim|first=Joy|title=A History of Us: War, Peace and all that Jazz|publisher=Oxford University Press|year=1995|location=New York|isbn=0-19-509514-6}}</ref> во 1919, со кој морала да отстапи околу 14% од својата територија, била обврзана да се откаже од анектирање на туѓи територии и да го ограничи бројот на војници во сопствената армија на 100.000 војници, со што и официјално бил означен крајот на Првата светска војна, тогаш уште попозната како Големата Војна, војната што се сметала за војна што ќе стави крај на сите војни. Во 20 годишниот период од 1919 до 1939 светот претрпел огромни измени, особено на политичката сцена.
 
=== СССР ===
Ред 141:
Во ноември 1943, претседателот на САД, [[Франклин Делано Рузвелт]] и британскиот премиер, Винстон Черчил се сретнале со лидерот на Куоминтанг, [[Чанг Кај-шек]] во Каиро, а подоцна и со лидерот на СССР, Јосиф Висарионович Сталин на [[Техеранска Конференција|Техеранската Конференција]], која што се одржала во престолнината на Иран, Техеран, од 28 ноември до 1 декември 1943. При средбата во Каиро со Чанг Кај-шек, биле договорени поствоените граници на Јапонија, а на Техеранската Конференција било договорено да се отвори фронт во западна Европа во 1944, уште попознат како западноевропскиот фронт, а СССР во замена за отворањето на западниот фронт се согласил да и објави војна на Јапонија 3 месеца откако Германија би капитулирала.
Опсадата на Ленинград завршила на 27 јануари 1944 со победа на Советскиот Сојуз. Опсадата на Ленинград до денешен ден се помни како историски најсмртоносната опсада. [[Битка за Нарва|Битката за Нарва]], која траела од 2 февруари до 10 август 1944, а завршила со успешно завземање на Нарва од страна на Советскиот Сојуз, само привремено ја одложила советската офанзива.<ref name=glantz>{{цитирананаведена книга|author=David M. Glantz|title=The Battle for Leningrad: 1941–1944|publisher=University Press of Kansas|location=Lawrence| year = 2002}}</ref>
 
=== Напредокот на силите на Сојузниците ===
Ред 150:
На 22 јуни 1944, советските сили ја започнале нивната стратешка офанзива во Белорусија со [[Операција Багратион|Операцијата Багратион]], која траела до 19 август 1944, а завршила со одлучна победа на советските сили, што довело до речиси целосно уништување на германската воена група Центар.<ref>The operation "was the most calamitous defeat of all the German armed forces in World War II". Zaloga, ''Bagration 1944: The destruction of Army Group Centre'', 7.</ref> На 13 јули 1944 советските сили ја започнале [[Лвовско-Сандомоерзка Офанзива|Лвовско-Сандомиерзката Офанзива]], која траела до 29 јули 1944, а завршила со победа на советските сили, по што силите на Оската биле принудени да се повлекуваат од западна Украина и источна Полска. Успешните офанзиви на советските сили биле поттик за полскиот и словачкиот отпор да организираат серии на востанија против силите на Оската, очекувајќи помош од советските сили, но најголемите востанија од овие, [[Варшавско Востание|Варшавското Востание]], кое траело од 1 август до 2 октомври 1944, и [[Словачко Национално Востание|Словачкото Национално Востание]], кое траело од 29 август до 28 октомври 1944, воопшто не биле потпомогнати од страна на советските сили, поради што и двете завршиле со неуспех.<ref>Berend, Tibor Iván. ''Central and Eastern Europe, 1944–1993: Detour from the Periphery to the Periphery'', стр. 8.</ref> Иако победата во востанијата ја однеле силите на Оската, нивните започнувања и крвавите задушувања биле дел од стратегијата на советските власти, кои што сакале со почнувањата и задушувањата на востанијата да ги скршат националистичките отпори во Полска и Словачка. [[Јаси-Кишиневска Офанзива|Јаси-Кишиневската Офанзива]], која траела од 20 август до 29 август 1944, а завршила со одлучна победа на советските сили, ги принудила силите на Оската да се повлечат од источна Романија. На 23 август 1944, [[романски крал Михаил I|романскиот крал Михаил I]], поддржан од романската армија и Советскиот Сојуз го симнал од власт романскиот диктатор Јон Антонеску, уште попознато како романскиот државен удар од 1944 предводен од страна на кралот Михаил I. По ова, Романија преминала на страна на Сојузниците. На 5 септември 1944 Советскиот Сојуз и објавил војна на Бугарија, која му се придружила на Тројниот Пакт на 1 март 1941. На 7 септември 1944, советските сили ја окупирале Бугарија наидувајќи на речиси никаков отпор. По ова, и Бугарија преминала на страна на Сојузниците. Во септември 1944, советските сили навлегле во териториите на Југославија, принудувајќи ги германските воени групи [[Воена група Е|Е]] и [[Воена група Ф|Ф]] на брзо повлекување кон Грција, Албанија и јужните и западните делови на Југославија. Југословенските партизани, предводени од страна на [[Јосип Броз Тито]] во тој период ги држеле под своја контрола тие делови од Југославија, по што започнале офанзива против германските сили, принудувајќи ги да се повлечат јужно кон Грција. Во северните делови на Србија, југословенските партизани, предводени од страна на Јосип Броз Тито, потпомогнати од страна на Црвената Армија и ограничена помош од страна на бугарските сили, сега на страна на Сојузниците, ја започнале [[Белградска Офанзива|Белградската Офанзива]], која траела од 14 септември до 24 ноември 1944, а завршила со победа на Сојузниците. Белград бил ослободен на 20 октомври 1944. На 29 октомври 1944, советските сили ја започнале [[Будимпештанска Офанзива|Будимпештанската Офанзива]], која завршила со [[Опсада на Будимпешта|Опсадата на Будимпешта]], која траела од 29 декември 1944 до 13 февруари 1945, а завршила со победа на советските сили потпомогнати од романските сили, сега на страна на Сојузниците, со што и Будимпештанската Офанзива завршила со победа на Сојузниците. По ова, и Унгарија преминала на страна на Сојузниците.<ref>Wiest, Andrew A.; Barbier, M. K. ''Strategy and Tactics Infantry Warfare'' стр. 65, 66.</ref>
 
Продолжената [[Советско-финска војна]], која траела од 25 јуни 1941 до 19 септември 1944 завршила со победа на Советскиот Сојуз, по што Финска била приморана да го потпише [[Московско Примирје|Московското Примирје]],<ref>Wiktor, Christian L. ''Multilateral Treaty Calendar – 1648–1995'', стр. 426.</ref><ref name=newton>{{цитирананаведена книга|author=Steven H. Newton|title=Retreat from Leningrad : Army Group North, 1944/1945|publisher=Schiffer Books|location=Atglen, Philadelphia|year=1995}}</ref> потпишано на 19 септември 1944 во Москва, со кое морала да му отстапи дополнителни територии на СССР поради сојузништвото со силите на Оската, како и да ги легитимизира социјалистичките и комунистичките движења во Финска, а паралелно со тоа и да ги забрани сите движења во Финска кои што Советскиот Сојуз ги сметал за фашистички или про-фашистички ориентирани. По ова, и Финска преминала на страна на Сојузниците. Конечниот мировен договор помеѓу СССР и Финска бил потпишан во Париз на 10 февруари 1947, по [[Париска Мировна Конференција|Париската Мировна Конференција]], која што се одржала во престолнината на Франција, Париз, од 29 јули до 15 октомври 1946, со кој Финска била обврзана да му исплати 300 милиони американски долари на СССР во форма на воена оштета.
Кон почетокот на јули 1944, силите на Комонвелтот во југоисточна Азија успеале да ги одбијат јапонските опсади на Асам, принудувајќи ги јапонските сили да се повлечат се до реката Чиндвин,<ref>Marston, Daniel. ''The Pacific War Companion: From Pearl Harbor to Hiroshima'', стр. 120.</ref> а во меѓувреме кинеските сили го завзеле градот Мјиткина. Во Кина, јапонските сили постигнале поголеми успеси. Покрај успешната окупација на Чангша по Третата Битка за Чангша во август 1944, јапонските сили успеале да го окупираат и градот Хенгјанг кон почетокот на август 1944.<ref>Jowett, Philip S. ''The Japanese Army, 1931–45'', стр. 8.</ref> Исто така јапонските сили постигнале голем успех по победата во Битката за Гуејлин и Лиџоу, која траела од 16 август до 24 ноември 1944 г,<ref>Howard, Joshua H. ''Workers at War: Labor in China's Arsenals, 1937–1953'', стр. 140.</ref> со што јапонците ја окупирале и покраината [[Гуангсји]] и успеале да ги поврзат своите сили од Кина и Индокина кон средината на декември 1944.<ref>Drea, Edward J. ''In the Service of the Emperor: Essays on the Imperial Japanese Army'', стр. 54.</ref>