Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирање вести → наведени вести using AWB
Ред 31:
[[Податотека:Kiril i Metodij vo Tetovo X07.JPG|мини|лево|Внатрешноста на црквата]]
 
Црквата е започната да се гради на ново место во [[1903 ]] година во време на Илинденскиот период. Иницијатор за изградбата бил Прота Михаил ([[Михаил Мартиновски]]),примерен свештеник од тоа време, познат како заштитник на православните христијани од турските власти. Во тоа време како Архиерејски наместник успеал од Султанот Амид од [[Цариград]] да издејствува изградба на црква. Одобрението го добил на [[21 ноември]] [[1902]] година. На почетокот на градбата, мајсторите наидувале на одредени потешкотии, како релзутат на нестабилноста и влажноста на земјиштето, а со цел да биде одстранета водата од темелите на црквата, биле набивани костенови колци. Се смета колку што е црквата висока толку е и длабока за да не биде подложена на лизгање, а темелите биле поливани со олово. При градбата е користен камен [[бигор]] кој од целото местно население, на самарчиња на грб е носен од [[Тетовското кале]]. Главен мајстор при изведбата на работите бил извесен [[солун]]чанец од македонско потекло. Црквата се градела долго време со доброволни прилози на дарежливи христијани од [[Тетово]] и [[тетовско|околината]]. Изградбата била завршена во [[1918]] година, а црквата е осветена на [[12 јули]] [[1925]] година на ден [[Петровден]] од страна на тогашниот Патријарх Варнава.
 
==Архитектонски опис==
Ред 48:
 
==Црковен хор==
При соборниот храм постои црковен хор, кој е формиран во [[1969]] година од страна на сега веќе починатиот Протојереј-Ставрофор Александар Ацески. Диригенти биле [[Виктор Трпковски]] и [[Јован Илиевски]]. Од [[1990]] година па до денес, со хорот раководи диригентот [[Ивица Зафировски]], а претседател на хорот е Протојереј-Ставрофор Мирко Станковски. Овој хор зема учество на сите поголеми црковни манифестации во [[Тетовското архиерејско наместништво]], а на поголеми црковни празници при оваа црква пее и градскиот младински женски хор [[Менада (хор)|Менада]], под диригенство на Маестро г-дин [[Ивица Зориќ]]<ref>{{цитирањенаведени вести|url=http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2624&stID=44614|title=Црковниот хор слави 35-годишнина|publisher=Дневник|language=македонски|accessdate=2010-12-26}}</ref>.
 
== Наводи ==
Ред 55:
 
{{наводи}}
 
{{DEFAULTSORT:Кирил и Методиј Тетово}}
 
{{Цркви во Општина Тетово}}
 
{{DEFAULTSORT:Кирил и Методиј Тетово}}
[[Категорија:Цркви во Тетово]]
[[Категорија:Храмови посветени на Свети Кирил и Методиј во Македонија|Т]]