Второ Бугарско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Балкански полуостров → Балкански Полуостров using AWB
с →‎Иван Асен II: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница using AWB
Ред 110:
Во времето кога [[Жан де Бриен]] станал нов цар на Латинското Царство, [[Иван Асен II]] бил принуден да го поништи договорот со [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]], протерувајќи го трновскиот епископ ''Василиј'' којшто бил проримски настроен. Како одговор на тоа, [[Папа Григур IX]] му наредил на унгарскиот крал [[Андраш II]] да ја нападне Бугарија. Унгарците го окупирале [[Белград]] и [[Браничево]], но многу бргу претрпиле пораз. Бугарите влегле во сојуз со новиот српски крал [[Стефан Владислав]], склучувајќи династичен брак помеѓу една од ќерките на Иван Асен со самиот Владислав. По ова, главното упориште на бугарскиот крал повторно бил насочен кон Латинското Царство. Бугарија и [[Никејското Царство]] повторно започнале да преговараат околу евентуалниот поход против царството. Од страна на Иван Асен, како главно барање било решавање на прашањето околу независноста на Бугарската патријаршија, Никејскиот цар, кој бил наследник на Византискиот престол, [[Јован III Дука]], во сојузот со Бугарија ја гледал идната евентуална [[опсада на Константинопол]] од неговите две страни.
 
Така, повторно преку династичен брак бил заклучен сојузот помеѓу Никејското царство и Второто бугарско царство. На соборот во [[Никеја]], архиепископот [[Јоаким I (бугарски патријарх)|Јоаким I]] бил прогласен за првиот патријарх на Бугарите. Во [[1235]] година, градот [[Константинопол]] бил [[Опсада на Константинопол (1235)|ставен под опсада]]. Заедничката опсада на сојузниците била неуспешна<ref>{{цитиранаНаведена вебмрежна страница |url=http://www.nndb.com/people/854/000101551/|title=John III Ducas Vatatzes|publisher=NNDB.com|accessdate=2009-05-18}}</ref>. Сојузниците од опсадата се повлекле во есента, бидејќи доаѓала зимата. Двата цареви се договориле опсадата да биде продолжена во следната година, но тогаш бугарскиот цар одбил да испрати војници. По смртта на [[Јоан де Бриен]] во [[1237]] година, Бугарите го прекратиле договорот со Никеја, главно поради можноста Иван Асен II, да стане [[регент]] на Латинското Царство.
 
Царот Иван Асен II починал во [[1241]] година, по кое дошло крајот на напредокот на Второто бугарско царство.