Ратко Младиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница using AWB
Ред 10:
|awards=
|laterwork=
}}
 
'''Ратко Младиќ''' ({{lang-sr|Ратко Младић}}), бил начелник на генерал-штабот на Војската на Република Српска, војска на босанските Срби, во текот на [[Граѓанската војна во БиХ]] од 1992-1995, а во моентот затвореник во [[Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија]] во Хаг, Холандија.
 
Ратко Младиќ е роден на [[12 март]] [[1943]] година во селото Божиновиќи, [[општина Калиновик]], [[Кралство Југославија]], (денешна [[Република Српска]], [[Босна и Херцеговина]]).
 
Младиќ бил на повеќе високи функции во [[ЈНА]], а долго време (1965-1989) поминал и како висок офицер во третата армиска област на ЈНА со седиште во Скопје.<ref>{{цитиранаНаведена вебмрежна страница|url=http://www.un.org/icty/transe5&18/960711IT.htm|title=International Criminal Tribunal for the Former Yugoslavia|publisher=UN|accessdate=2008-07-26}}</ref>
 
Во април [[1992]] година воениот командант на Босанските Срби, Ратко Младиќ вонредно бил унапреден во чин генерал-потполковник, и веднаш бил поставен за началник на штабот и заменик на командант во Командата на Втората воена област на Југословенската народна армија во [[Сараево]]. Пензиониран бил во [[2001]] година, а пензија редовно земал до ноември [[2005]] година, кога под притисок на западните држави му била укината. На [[12 мај]] истата година со одлука на Народното собрание на Република Српска во [[Бања Лука]] и на предлог на [[Радован Караџиќ]] бил именуван за командант на Главниот штаб на Војската на Република Српска, и на таа должност останал до [[1996]] година. Чинот генерал-полковник го добил на [[24 јуни]] [[1994]] година.
Ред 22:
Хашкиот трибунал првото обвинение против Ратко Младиќ го подигнал на [[25 јули]] [[1995]] година за геноцид и други злосторства сторени врз цивили на територија на БиХ. Второто обвинение било потврдено на [[16 номеври]] истата година, и се однесувало на случувањата во [[Сребреница]] од [[јули]] [[1995]] година. Изменетото обвинение било потврдено на [[11 октомври]], во него биле обединети првото и второто и бил намален вкупниот број на обвиненија: шест точки за кршење на законите и обичаите на војување, седум точки за злосторство против човештвото и две за геноцид.
 
По Младиќ се води меѓународна потрага за да биде изведен на судење за обвинувањата за геноцид и воени злосторства во врска со [[опсадата на Сараево]] (1992-1995) и [[масакрот во Сребреница]] (1995) пред Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг.<ref>[http://web.archive.org/web/20021216215146/http://www.un.org/icty/indictment/english/mla-ai021010e.htm Ratko Mladic - Amended Indictment], from the [[United Nations|UN]] [http://web.archive.org/web/20010124084600/http://www.un.org/icty/ ICTY]’s website, 10 октомври, 2002</ref>
 
== Апсење ==