Тринитротолуен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница using AWB
Ред 89:
}}
 
'''Тринитротолуен''' (ТНТ) е хемиско соединение со формула CH<sub>3</sub>C<sub>6</sub>(NO<sub>2</sub>)<sub>3</sub>CH<sub>3</sub>. Тоа е во цврста агрегатна форма, со жолта боја и е најдобро познато како експлозивен материјал со практични карактеристики за ракување. Експлозивната моќ на ТНТ се користи како стандардна мерка за силата на бомбите и на другите експлозиви.
 
== Подготовка ==
Ред 95:
 
== Примени ==
ТНТ е еден од најчесто користените експлозиви за воени и индустриски намени. Ценет е бидејќи е многу инертен и отпорен на триење и температура, па затоа е безбеден за користење. Се топи на 80&nbsp;°C, далеку под неговата точка на вриење од 295&nbsp;°C, и затоа може да се топи и лие во калапи или меша со други експлозиви.
 
== Експлозивни особини ==
По експлозијата, ТНТ се распаѓа на следниов начин:
 
: 2 C<sub>7</sub>H<sub>5</sub>N<sub>3</sub>O<sub>6</sub> → 3 N<sub>2</sub> + 5 H<sub>2</sub>O + 7 CO + 7 C
 
Реакцијата е егзотермна, но има висока енергија на активација. Поради продукцијата на јаглерод, експлозиите на ТНТ имаат чадлив изглед.
 
== Историја ==
Ред 116:
 
== Токсичност ==
ТНТ е отровен и допирот со кожата може да предизвика иритација и промена на бојата на кожата во светло жолто-портокалова. Луѓе кои се подолго време изложени на допир со ТНТ може да добијат анемија, пореметена функција на црниот дроб, зголемување на слезината и други крвни промени и пореметувања на имуниот систем. Постојат и докази дека ТНТ е штетен за машката плодност, а се смета и за можен канцероген.<ref>{{цитиранаНаведена вебмрежна страница | publisher = [[Agency for Toxic Substances and Disease Registry]] | title=2,4,6-Trinitrotoluene|date=September 1996|url=http://permanent.access.gpo.gov/lps21/tfacts81.html | accessdate = 2008-02-02}}</ref>
 
Некои воени полигони се контаминирани со ТНТ. Отпадните води од производните погони за муниција исто ги загадуваат водите и тие може да имаат црвеникава боја. Чистењето на контаминацијата со ТНТ е скапо и тешко.
 
== Наводи ==
Ред 131:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Ескплозиви]]
[[Категорија:Хемија]]
[[Категорија: Зборови кои ги нема во ТРМЈ]]