Дојранско Езеро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Местоположба и хидролошки одлики: Јазична исправка, replaced: фебруари → февруари using AWB
с →‎Местоположба и хидролошки одлики: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна с using AWB
Ред 34:
Температурата на водата претставува една од најзначајните вредности на Дојранското Езеро. Средногодишната температура во Дојранското Езеро изнесува {{темп|14,8}}, што е највисока вредност во однос на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]]. Температурата на водата во зимскиот период е доста различна. Средномесечните вредности се движат од умерените {{темп|9,9}} во декември, до {{темп|3,9}} во февруари. Поради релативно малите длабочини, езерото замрзнува во овој период. Сепак, за развој на туризмот од најголемо значење се средномесечните температури на водата во летниот период од годината. Тие во пет месеци од годината се повисоки од {{темп|18}}. тоа значи дека во период од скоро половина година постојат термички услови за одвивање на капалишните активности. Средномесечната температура во мај изнесува {{темп|18,9}}, во јуни {{темп|22,4}}, во јули {{темп|24,3}}, август {{темп|24,2}} и во сепмтеври {{темп|20,4}}. Бојата на водата има нијанси од темно зелена, зеленкасто – жолтеникава и жолтенива, што како вредност заостанува зад [[Преспанско Езеро|Преспанското]], а посебно зад [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]].
 
Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10&nbsp;м и просечна длабочина од 6,7&nbsp;м.<ref>{{цитиранаНаведена вебмрежна страница | url = http://www.opstinadojran.gov.mk/mak/index.asp?id=137
| title = Историја на Дојранското Езеро | publisher = Општина Дојран }}</ref>. Дојранското Езеро е создадено во [[неоген]]о-[[квартер]]ниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127&nbsp;км<sup>2</sup>. Поради јодот кој го испуштаат алгите за време на нивното цветање (јули-август), водата на езерото е многу лековита, посебно за лечење на проблеми со синусите, бронхит, настинки, зараснување на рани и исеченици. Лековитоста на водата привлекува голем број на туристи, највеќе семејства со мали деца.