Историја на Хрватска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Рана историја: Правописна исправка, replaced: Римска империја → Римско Царство using AWB
с →‎Отоманска Хрватска: Правописна исправка, replaced: Нинберг → Нирнберг using AWB
Ред 20:
Периодот од 1493 до 1593 година во историјата е познат како Стогодишна османлиско-хрватска војна. Во [[1493]] година се одвила [[Битка на Крбавско поле|битката на Крбавско поле]] каде [[Османлии]]те издвојувале победа. На хрватскиот собор од 1494 година била побарана помош од германскиот цар Максимилијан I и папа Александар VI. Помошта која стигнала била недоволна, но војната продолжила посебно кога за хрватски бан бил ставен Петар Бериславиќ. Тој во 1513 година со помош на папата издвоил победа кај Дубица, Јајце а во 1519 година папа Лав X му ја дал титулата спасител на христијанството. Банот загинал во 1520 година.
 
Во периодот од 1522 до 1566 година владеел Сулејман I, време кога Хрватска и Унгарија доживеале најголеми порази. Претходно во 1521 година паднал Белград, кој бил нарекуван златен клуч на Унгарија. Во 1522 година кнезот Бернадрин Франкопан Озалски во НинбергНирнберг побарал германска помош, а неговиот син во 1525 година за последен пат успеал да го спаси Јајце. По ова следувало навлегување на османлиските војски во Босна преку Вуковар и Осиек. По ова дошла Мохачката битка каде Унгарија била катастрофално поразена. Во Мохачката битка починал последниот унгарски крал, а на Хабсбуршката династија претходно и била ветувана оваа круна. Хабсбуршката династија била единствената која можела да создаде одбранбена линија против Османлиите. Во 1527 година на Цетинскиот собор Хрватите за свој крал го избрале Фердинанд I од Австрија. За возврат Австрија требала да помогне околу одбраната на Хрватска од муслиманскиот напад. Но дел од славонските семејства и унгарските семејства за крал го признавале само Иван Заполја. Поради ова во земјата избила граѓанска војна која траела до 1540 година кога починал унгарскиот крал. Во текот на овој конфликт, Османлиите го зазеле градот Јајце во 1528 година, а во 1532 година главната армија заминала кон Виена. По ова во 1536 година паднал градот Пожега во Славонија, во 1537 Клис во Далмација.
 
=== Хабсбуршка Хрватска===