Британска Империја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Истражување на Пацификот: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с Правописна исправка, replaced: Втората Светска Војна → Втората светска војна (3) using AWB
Ред 13:
За време на ерата на откритијата во 15-тиот и 16-тиот век, Португалија и Шпанија ги започнале европските истражувања на светот и во текот на тој процес основале големи прекуморски империи. Англија, Франција и Холандија им завидувале на овие овие империи бидејќи биле многу богати и затоа започнале да основаат свои колонии и трговски мрежи во америка и Азија. Во 17-тиот и 18-тиот век, Англија водела низа војни со Холандија и Франција кои (Британија по Актот на Унијата со Шкотска од 1707 година) ја направиле Англија доминантна колониска моќ во Северна Америка и Индија. Губењето на Тринаесетте Колонии во Северна Америка во 1783 година, по војната за независност, ја лишило Британија од една од нејзините најстари и најнаселени колонии. Вниманието на Бритаија наскоро се насочило кон Африка, Азија и Пацификот. По поразот на Наполеонска Франција во 1815 година, за Британија настапила скоро неприкосновена доминација која траела еден век и таа го проширила своето кралско влијание низ целиот свет. Значителен степен на автономија добиле нејзините колонии кои биле населени од белци, а некои од нив биле трансформирани во доминиони.
 
Растот на Германија и на [[Соединетите Американски Држави]], до 19-тот век, го намалиле економското влијание на Британија. Како последица од тоа воените и економски тензии помеѓу Британија и Германија се претвориле во една од најголемите причини за Првата светска војна, за време на која Британија во голема мера се потпрела на својата империја. Конфликтот и предизвикал на Британија големи финансиски тешкотии и иако Британија своето најголемо територијално проширување го постигнала непосредно по војната, сепак повеќе не била најголема економска и воена сила. За време на Втората Светскасветска Војнавојна британскките колонии во Југоисточна Азија биле окупирани од страна на Јапонија, со што британскиот престиж бил нарушен и се забрзал падот на империјата, и покрај победата на Британија и нејзините острови. Индија, највредната и најнаселената колонија на Британија добила независност две години по завршувањето на војната.
 
По крајот на Втората Светскасветска Војнавојна, како дел од големо деколонизациско движење водено од страна на големите европски сили повеќето територии на Британската Империја добиле независност, што завршило со предавањето на [[Хонгконг]] на Народна Република Кина во 1997 година. Четиринаесет територии останале под Британска власт- Британските прекуморски територии. По независноста, многу поранешни британски територи се приклучиле кон Комонвелтот на нациите- слободно здружение на независни држави. 16 нации на Комонвелтот имале заеднички водач- Кралицата Елизабета II.
 
==Почетоци (1497-1583 година)==
Ред 148:
Правото на домииионите да си креираат своја надворешна политика, независно од Британија, им било признаено на Империјалната конференција во 1923 година. Британското барање за воена помош од страна на доминионите на почетокот на кризите во Чанак, претходната година, било одбиено од страна на Канада и Јужна Африка и Канада одбила да се обврзе со договорот од Луизијана во 1923 година. Откако Ирска, Канада и Јужна Африка извршиле притисок на Империјалната Конференција во 1826 година, била објавена декларација со која домонионите биле признати како автономни заедници во рамките на Британската Империја кои имале еднаков статус и не биле подредени една на друга во рамките на нациите од Комонвелтот. Оваа декларација добила законска важност со Статутот од Вестминстер во 1931 година. Парламентите на Канда, Австралија, [[Нов Зеланд]], Унијата на [[Јужна Африка]], Ирска и Њуфаундленд станале независни од британската законодавна контрола, тие можеле да ги поништат бртанските закони и Британија повеќе неможела да донесува закони без нивна согласност. Њуфаундленд го вратила статусот на колонија во 1933 година бидејќи имала финансиски тешкотии за време на Големата Депресија. Ирска дополнително се дистанцирала од Британија, со воведувањето на нов устав во 1937 година со што станала република во секој поглед освен во поглед на името.
 
==Втората Светскасветска Војнавојна==
 
Британското објавување на војна против Нацистичка Германија во септември во 1939 година исто така ги вклучило и Кралските колонии и Индија но не се здружила веднаш со доминионите. Австралија, Канада, Нов Зеланд и Јужна Африка исто така набрзо и објавиле војна на Германија но Ирската слободна држава одбрала да остане законски неутрална за време на војната. По германската окупација на Франција во 1940 година, Британија и имперјата останале сами да се борат против Германија се до влезот во Советскиот Сојуз во 1941 година. Британскиот премиер Винстон Черчил успешно се договорил со претседателот Френклин Д. Рузвелт за воена помош од Соединетите Држави, но Рузвелт сѐ уште не бил подготвен да го замоли Конгресот да ја воведе земјата во војна. Во август 1941 година Черчил и Рузвелт се сретнале и го потпишале Атлантскиот договор кој ја вклучува изјавата дека сите народи имаат право да решаваат за обликот на владеењето во земјата во која живеат. Оваа изјава била двосмислена во поглед на тоа дали се однесува на европските земји во кои Германија извршила окупација или на народите кои биле колонизирани од страна на европските нации, и подоцна Британците, Американците и нациналистичките движења различно ја толкувале.