ISO 9000: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с sort
с Правописна исправка, replaced: Втората Светска Војна → Втората светска војна using AWB
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
'''ISO 9000''' е фамилија на стандарди за системите за управување со квалитетот. ISO 9000 е пронајден и составен (изработен) од организацијата ISO (International Organization for Standardization) која е управувана од асоцијација на луѓе кои се овластени и квалификувани во областа за управување со квалитетот.
 
Компанијата или организацијата на која независно и е извршен надзор (преглед во работата) може да носи назив дека нејзината работа (производи) е стандардизирана со ISO 9000, односно дека ISO 9000 стандардот гарантира дека во таа фирма се имплементирани одредени конзистентни процеси кои ќе и помогнат на таа организација да стане најдобра во својата класа доколку константно го унапредува нејзиниот систем за менаџмент со квалитетот. Погрешно е да се мисли дека за квалитетот на производите на таа организација гарантира ISO 9000 стандардот.
Ред 8:
== Историја на ISO 9000 ==
 
За време на [[Втора светска војна|Втората Светскасветска Војнавојна]], се појавувале проблеми со квалитетот во многу од Британските високо технолошки индустрии како што се индустријата за муниција, каде што бомбите експлодирале во фабриките за време на монтирањето.
 
Во такви услови решението што го усвоиле британците било тоа да фабриките почнат да ги документираат процедурите за изработка и тоа да го потврдуваат со записи (документи) кои ќе ги чуваат и врз таа основа да се заснова производството. Овој стандард се викал BS 5750, и бил познат како стандард за управување, бидејќи не се однесувал на тоа што се изработува туку се однесувал на тоа како да се управува со процесот на изработка. Со тоа во Седан во 1987 Британската Влада го предложила BS 5750 на Интернационалната Организација за Стандардизација да биде признат како меѓународен стандард. Така BS 5750 станува ISO 9000.
Ред 17:
* ISO 9001:1987 е модел за обезбедување на квалитетот во дизајнот, истражувањето, производ-ството, имплементацијата и одржувањето наменет за компании и организации чии активности вклучуваат создавање на нови производи.
 
* ISO 9002:1987 е модел за обезбедување на квалитетот во производството, имплементацијата и одржувањето и го содржи во основа истиот материјал како ISO 9001 но со исклучок на деловите во кои е опфатено создавањето на нови производи.
 
* ISO 9003:1987 е модел за обезбедување на квалитетот во крајното испитување и тестирање на финалниот производ, без оглед на тоа како се дошло до тој производ.
 
Ред 27 ⟶ 25:
 
* ISO 9001:1994 – кој ги дефинира барањата,
 
* ISO 9002:1994 – кој го покрива концептот и речникот,
 
* ISO 9004:1994 – кој претставува додатно упатство што се однесува за подобрување на перформансите.
 
Ред 43 ⟶ 39:
 
* Прирачникот за квалитет претставува формален извештај од менаџментот, блиску поврзан со маркетинг и бизнис планот, а исто така и со потребите на потрошувачите. Прирачникот за квалитет е разбирлив и треба да биде спроведен на сите менаџерски нивоа и кај сите вработени. Од посебна важност е тоа да секој вработен ги извршува задачите кои му се зададени.
 
* Одлуките за системот за квалитет се базирани на запишани (зачувани) податоци и системот правилно се преиспитува и се вреднува во врска сонеговата сигурност и ефективност.
* Потребна е документирана процедура за контрола на документите за квалитет во компанијата. Секој мора да има пристап до документите во секој момент и треба да биде обучен и свесен за тоа како да ги употреби.
 
* Со цел да се зачува системот за обезбедување на квалитет и да се осигура константен производ, потребно е да се обезбеди погодна инфраструктура, ресурси, информации, опрема, уреди за контрола и мерење а исто така и погодни услови за работа.
 
* Треба детално да бидат разработени сите клучни процеси во компанијата, да се изврши мерење, контрола и анализи, и да се осигура дека се запазени сите цели за запазување на квалитетот на производот. Доколку нема можност процесите да се контролираат со мерење, тогаш треба да се осигура дека процесот е толку добро дефиниран така што да може да се прават подесувања доколку производот не ги задоволува потребите на потрошувачот.
 
* За секој производ што го произведува компанијата, треба да се дефинираат барања за квалитетшто треба да ги поседува производот, план за извршувањето на процесите, а исто така и документ и резултати од испитувања и мерења кои ќе служат како доказ за квалитетот на производот. За секој процес треба да се одреди каков тип на процедурална документација е потребна. (Треба да се напомене дека под продукт подразбираме хардвер, софтвер, услуга, материјали за преработка или комбинација на претходно наведените производи).
* Треба да се одредат клучните точки каде што секој процес секој ќе треба да се испитува или мери, и да се осигура дека сета опрема со која се вршат мерења и испитувања е правилно употребена и калибрирана.
 
* Треба да има јасни барања за производот што се купува.
 
* Организацијата треба да ги согледа барањата на потрошувачите и да создава системи за комуникација со потрошувачите во врска со информациите за производот, истражувањата, договорите, порачките, повратната врска и поплаките (незадоволството од производот).
 
* Кога се развива нов производ, од голема важност е да се планираат нивоата на развој на новиот производ, и секое ниво на развој да се тестира на соодветен начин. Потребно е да се тестираат и документираат сите барања кои треба да ги исполнува производот, било тоа да се барања во врска со дизајнот, контролни барања или потребите на потрошувачот.
 
* Контролата во организацијата треба да се врши со интерни (надворешни) прегледи и средби (состаноци). Да се одреди како функционира системот за обезбедување на квалитет и кои подобрувања би можеле да бидат направени. Исто така предвид треба да се имаат минатите проблеми и потенцијалните проблеми. Овие активности и донесените одлуки теба да се документираат и треба да се надгледува и следи нивната ефективност. (забелешка: потребна е документирана процедура за надворешните проверки и контроли).
 
* Потребни се документирани процедури за соочувањето со актуелните или потенцијалните проблеми со потрошувачите, снабдувачите или со надворешни проблеми. Треба да знаеме дека никој не користи лош производ, и затоа треба да се одлучи што ќе се прави со лошиот производ (шкарт), а исто така треба да се пронајде причината поради која истиот се појавува, сето тоа се документира за подоцна да биде искористено за подобрување на системот.
 
Ред 76 ⟶ 61:
** [http://www.tc176.org/faq.asp?Question=9999 ISO 9000 FAQs]
* [http://www.iso.org/tc176/sc2 Technical Committee No. 176, Sub-committee No. 2], which is responsible for developing ISO 9000 standards.
 
 
{{ISO стандарди}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/ISO_9000