Разлика помеѓу преработките на „О писменех“

Одземени 7 бајти ,  пред 6 месеци
Откажано уредувањето 4053271 на уредникот 185.252.189.48 (разговор)
(д)
(Откажано уредувањето 4053271 на уредникот 185.252.189.48 (разговор))
Ознака: Отповикај
'''„О писменех“''' ([[старословенски јазик|старословенски]]: {{Script|Cyrs|О писмєньхъ}}, '''„За буквите“''') — е јазично-литературен [[трактат]] во кој детално се разработува оправданоста за постоење на посебно словенско писмо и во кој на блескав начин се брани словенската писменост. Го напишал кон крајот на IX или почетокот на X век, не повеќе од една генерација по [[Моравска мисија|Моравската мисија]], [[монах]]от [[Црноризец Храбар]] ({{Script|Cyrs|Чръноризьць Храбръ}}), кој најверојатно се школувал во [[Преславска книжевна школа|Преславската книжевна школа]] во денешна источна [[Бугарија]]. Низ текстот, на отмен начин и со висок стил, во многу смирена атмосфера, Црноризец ја образложува потребата за постоење на словенско писмо, истата поткрепувајќи ја со факти. Неговото широко образование особено доаѓа до израз кога тој, [[Словени|Словен]], ги потсетува самите [[Грци]] на околностите во кои настанало нивното писмо; настани, луѓе и факти кои се непознати за многумина од нив. Особено убав одговор дава на прашањето: ''Зошто им се на Словените 38 букви'', кога може да се пишува и со помалку? Но, по „пребројувањето“ Црноризец констатира дека грчките книги се исполнети со 38 знака, број еднаков со бројот на букви во словенското писмо. Исто така, соодветно внимание е посветено на дискредитацијата на тријазичната ерес, според која словенскиот јазик не бил достоен за на него да се шири Словото Божје. На ова авторот само ги потсетува грчките интелектуалци дека токму [[Свето писмо|Светото писмо]] на нивниот јазик, од [[хебрејски јазик|хебрејски]], го превеле „мнозина за многу години“, додека истото го има сторено [[Константин Филозоф]], наречен св. Кирил „сам и за малку години“.
 
== ПичкаТекст ==
Следува текстот од „О писменех“<ref>[[:s:О писменех|О писменех]] - целосен текст на [[Викиизвор]].</ref>:
 
Порано, пак, Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа исто како и многубошците. А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое особено правило. Но како може да се пишува со грчки букви: и бгъ или жизънь, ѕѣло или цркѿвъ или члкъ или широта или шєдрѿты или юность или ѫзыкь или ıaдь и слични на тие? И така се продолжуваше многу години. <small>(''[[:s:О писменех|Повеќе...]]'')</small>
 
== Примери од делото ==
== Срање ==
 
{{Цитатник|„...После пак, кога поминаа многу години, се најдоа по Божја повела седумдесет мажи, што го преведоа од еврејски на грчки јазик Светото Писмо. Константин наречен св. Кирил, сам и словенските книги и букви ги преведе за малку години, а оние мнозина за многу години: седум души ги создадоа нивните букви, а седумдесет души преводот. Затоа словенските букви се посвети и подостојни за почит, оти свет маж ги створил, а грчките, пак, букви многубошци.<ref>[[:s:О писменех|О писменех]] - целосен текст на [[Викиизвор]].</ref>}}
Иако низ целиот текст доминираат фразите „словенско писмо“ и „словенски букви“, авторот не дава никаков одговор, директен или индиректен, свесен или несвесен, намерен или ненамерен, околу тоа кое писмо всушност го создал [[Константин Филозоф]] наречен св. Кирил. Ако се суди според споменатиот број на букви, тогаш тоа би била [[глаголица]]та (која брои 38 букви без прејотираните носовки).
 
== У бојаНаводи ==
{{наводи}}
 
 
2. Се е тоа па тоа.
{{Викиизвор|О писменех }}
 
3.654

уредувања