Факултет за музичка уметност - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: лоциран → сместен using AWB
Ред 18:
 
==Техничка опрема==
ФМУ - Скопје својата дејност ја извршува во свој објект лоцирансместен на ул: Питу Гули бб во Скопје, веднаш до [[Камен мост (Скопје)|Камениот Мост]] на левата страна од [[Вардар]]. Објектот со вкупна површина од 1.546 м2, располага со 10 предавални, 2 концертни сали, 16 кабинети за индивидуална настава и 4 аудио-видео лабаратории. ФМУ - Скопје располага со голем инструментариум и технички инвентар потребен за успешна реализација на својата образовна и научна дејност: преку 30 [[клавир]]и, 3 [[синтисајзер]]и, [[клавичембало]], широк спектар на [[ударни инструменти]], 3 [[телевизор]]и, 11 [[компјутер]]и, графоскоп, 10 [[ЦД]] плеери, 3 [[ДВД]] плеери, 2 ЛЦД проектори, 2 дигитални камери, филмска [[камера]], дигитален аудио процесор, видео миксер, 11 [[микрофон]]и, 25 рефлектори, 2 димери, 3 аудио миксери и друга опрема. ФМУ располага со своја [[библиотека]], со читална, компјутер и аудио опрема.<ref name="fmu.ukim.edu.mk">[http://fmu.ukim.edu.mk Официјална веб-страница на Факултет за музичка уметност - Скопје]</ref>
 
==Наставен кадар==
На ФМУ - Скопје наставата ја изведуваат наставници и соработници кои се во работен однос на ФМУ, но и наставници и соработници кои се вработени во други установи, а се избрани во наставно-научни звања на ФМУ ([[Македонската филхармонија]], [[Македонската опера и балет]], [[ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“]] и др.). Вкупно 50 наставници и 11 соработници работат на ФМУ. Меѓу нив се: [[Симон Трпчески]], [[Драган Даутовски]], [[Борис Романов]], [[Димитрије Бужаровски]], [[Томе Манчев]], [[Гордана Јосифова-Неделковска]], [[Стојан Димов]], [[Кире Костов]], [[Весна Ѓиновска-Илкова]], [[Олег Кондратенко]], [[Саша Николовски-Ѓумар]], [[Јана Андреевска]], [[Сони Петровски]], [[Сашо Татарчевски]], Дарија Андовска, [[Тања Вујисиќ-Тодоровска]], [[Александра Мијалкова]], [[Искра Шукарова]] и други.<ref>[http:// name="fmu.ukim.edu.mk Официјална веб-страница на Факултет за музичка уметност - Скопје]<"/ref>
 
На ФМУ - Скопје се остваруваат студии по студиски програми за додипломски и постдипломски студии. Во првиот циклус на универзитетските студии овозможени се 27 студиски програми. Образовниот процес на првиот циклус студии трае четири години со осум семестри настава.
Во рамки на факултетот делува Институтот за истражување и архивирање на музика - ИРАМ. Во архивите на ИРАМ има над 20.000 минути дигитално аудио со [[Фолклор|македонски фолклор]] (песни, приказни, обичаи) и над 2.000 минути дигитално видео (документарни програми, концерти, хроника на културни настани со 135 кратки филмови). Во рамките на ИРАМ делува Студентско [[Интернет]]-[[радио]] и телевизија, а ИРАМ е и организатор на 16 интернационални конференции.<ref>[http:// name="fmu.ukim.edu.mk Официјална веб-страница на Факултет за музичка уметност - Скопје]<"/ref>
 
==Музичка дејност==
Во рамки на ФМУ - Скопје делуваат и повеќе ансамбли, како: [[Симфониски оркестар на ФМУ - Скопје|Симфониски оркестар]], камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, [[Мешан хор „Драган Шуплевски“|мешаниот хор „Драган Шуплевски“]], народен оркестар и биг-бенд. Сите овие ансамбли претставуваат значајни субјекти за културниот живот на [[Македонија]], реализирајќи бројни домашни и меѓународни проекти.<ref>[http:// name="fmu.ukim.edu.mk Официјална веб-страница на Факултет за музичка уметност - Скопје]<"/ref>
 
==Организација и структура==
Факултетот за музичка уметност - Скопје има декан и два продекани (еден за настава и еден за концертна и меѓународна дејност).
На Факултетот се основани следните катедри:<ref>[http:// name="fmu.ukim.edu.mk Официјална веб-страница на Факултет за музичка уметност - Скопје]<"/ref>
#Катедра за [[музичка теорија]] и [[педагогија]], [[музикологија]], [[композиција]] и [[Диригент|диригирање]]
#Катедра за [[дувачки инструменти]], [[удирачки инструменти]] и [[соло пеење]]