Устав: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Јазична исправка, replaced: лоциран → сместен using AWB
Ред 6:
== Етимологија ==
 
Терминот устав потекнува од [[латински|латинскиот]]от збор ''constitutio'', кој се однесува на било кој значаен закон, вообичаено донесен од страна на императорот, и бил во широка употреба во [[канонско право|канонското право]] за да означи одредена релевантна одлука, воглавно, од [[папа|папата]]та.
 
== Главни особини ==
Ред 14:
== Државни устави ==
 
Вообичаено, терминот устав се однесува на збир од правила и принципи кои ги дефинираат природата и опсегот на власта. Повеќето устави ги регулираат и односите помеѓу државните институции, односно, односите помеѓу извршната, законодавната и судската власт, но исто така и односите помеѓу институциите кои се наоѓаат внатре во овие гранки.
 
Развојот на државните устави претставува значаен момент во историјата на [[демократија]]та. Земјите кои донесуваат кодификувани устави, вообичаено тоа го прават преку процесот на [[ратификација]]. Некодификуваните устави еволуираат со текот на времето, како резултат на политичките промени, па, така, не постои момент на ратификација. Процесот преку кој една држава донесува устав е тесно поврзан со историскиот и политичкиот контекст кој ја предизвикал оваа фундаментална промена.
Ред 24:
=== Кодификација ===
 
Фундаментална карактеристика е кодификацијата или непостоењето на кодификација. Кодификуван устав претставува устав кој е сочинет во еден документ, и кој претставува единствен извор на [[уставно право]] во една држава. Класичен пример за ваков устав е [[Устав на САД|Уставот на САД]]. Некодификуван устав представува устав кој не е содржан во еден единствен документ, туку содржи неколку различни извори, кои може да бидат пишани или непишани. [[Устав на Велика Британија|Уставот на Велика Британија]] е таков пример.
 
Терминот пишан устав се користи да се означи устав кој е во пишана форма, и кој по дефиниција ги опфаќа сите кодификувани устави. Сепак, некои устави се целосно пишани, но, не се целосно кодификувани, во буквална смисла на зборот.
Ред 32:
Постоењето или непостоењето на т.н. тврдост представува фундаментална карактеристика на уставите. Тврдоста за однесува на тоа дали уставот е законски заштитен од модификации без соодветна процедура на [[уставен амандман|уставни амандмани]]. Тврдоста е инхерентна карактеристика на повеќето пишани устави. Уставот на САД е пример за тврд устав, додека Уставот на Британија е пример за мек устав. Слична карактеристика е правниот статус на уставот, во однос на другите закони. Некои устави се сметаат за [[врховен закон|врховни закони]], т.е. највисокиот облик на закон во одредена држава.
 
Последиците на тврдоста на уставите се одразува во различните процедури за измена на тврдите и меките устави. Измената на тврдиот устав ќе побарува повеќе од донесување на амандман од страна на националното законодавство. Тоа ќе побарува пошироко одобрување.
 
Процедурата за измена на уставот најчесто се нарекува [[амандман]]. Процедурите за ратификација на уставните амандмани варираат од држава во држава. Во федералните држави, како што се САД, неопходно е одобрување од страна на мнозинството држави/провинции. Во одредени држави, како на пример Австралија, можно е да биде потребен национален референдум.
Ред 41:
 
Уставите, исто така, одредуваат каде лежи суверенитетот во една држава. Постојат три основни вида на поделба на суверенитетот: федерална, унитарна и конфедерална. [[Федерален систем на власт|Федералниот систем на власт]] неизбежно има устав кој ја признава поделбата на суверенитетот помеѓу централната власт и периферните/провинцијалните региони на државата. Унитарниот устав би пропишал дека суверенитетот лежи единствено во централната власт.
Конфедералните уставе се мошне ретки, и постои опсежна расправа околу тоа дали т.н. „конфедерални“ држави се всушност федерални. Во една конфедерација, суверенитетот е лоцирансместен во периферните региони/провинции, а на централната власт му е доверена само ограничена моќ. Конфедералните устави произведуваат слаба централна власт, и затоа ваквите устави се мошне ретки во современиот свет.
 
=== Други карактеристики ===
Ред 49:
[[Поделба на власта|Поделбата на власта]] се однесува на уставната поделба на извршна, законодавна и правосудна власт. Размерот на поделба варира помеѓу различни устави. Уставот на САД има целосна поделба на власта, при што секоја гранка има сопствени одредени овластувања. Уставот на Обединетото Кралство, пак, практично предвидува фузија на извршната и законодавната власт.
 
Линиите на одговорност се вообичаена работа во сите демократски устави. Во [[претседателски систем|претседателските системи]], како што се САД, и во полу-претседателските системи како Франција, секретарите/министрите на одделни ресори се одговорни пред Претседателот, кој има овластувања да назначува и разрешува министри. Претседателот, пак, е одговорен пред народот на избори. Во парламентарните системи, како Обединетото Кралство и Австралија, министрите се одговорни пред [[Парламент]]от, но, ги назначува и разрешува Премиерот.
 
Во многу земји со парламентарни системи постои и концептот на гласање недоверба на владата, што значи дека доколку мнозинството од законодавната власт изгласа недоверба, тогаш владата мора да поднесе оставка, ќе биде формирана нова влада, а Парламентот ќе се распушти и ќе бидат свикани општи избори.
 
== Уставни судови ==
Ред 58:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Устави| ]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Устав