Орландо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Здравствена заштита: Јазична исправка, replaced: лоцирани → сместени using AWB
с →‎Историја на туризмот: Јазична исправка, replaced: лоциран → сместен using AWB
Ред 20:
За време на Втората светска војна, голем број армиски персонал беше стациониран во воздухопловната база на Армијата на Орландо во близина на воздухопловната база на армијата на Пајнкасл. Некои од луѓето кои служеа таму останаа во Орландо, се населија и основаа семејства. Во 1956 година, компанијата за воздухопловство и одбрана Мартин Мариета (сега Локхед Мартин) основа свој погон во градот. Воздухопловната база на армијата на Орландо и теренот за воздухопловни вежби на армијата на Пајнкасл беа префрлени во Американското воено воздухопловство во 1947 година, кога тоа стана посебна служба а потоа повторно беа именувани како воздухопловни бази. Во 1958 година, Воздухопловната база на Пајнкасл беше преименувана во Воздухопловна база Мекој во чест на полковникот Мајкл Н.В. Мекој, поранешен командант на 320-тата единица за воздушен напад, кој загина во авионската несреќа при падот на авионот Б-47, северно од Орландо. Во 1960 година, базата стана дом на на 306-тата единица за воздушен напад од стратешката воена команда.
= Историја на туризмот =
Можеби најкритичниот настан за економијата на Орландо се случи во 1965 година кога Волт Дизни ги објави своите планови за изгрдаба на Волт Дизни ворлд. Иако Дизни ги зел предвид Мајами и Тампа за неговиот парк, една од главните причини за неговата одлука паркот да не биде лоцирансместен таму се должи на ураганите, односно, местоположбата на Орландо, бидејќи оваа област иако не е сосема заштитена од опасноста од урагани сепак помалку е изложена на таа закана од другите крајбрежни области. Летувалиштето кое беше отворено во октомври 1971 година, доведе до зголемување на бројот на населението и економски развој во таа област, која сега ги опфаќа провинциите Оринџ, Семинола, Осцеола и Лејк. Како резултат на тоа, туризмот стана централен дел на економијата во целата област. Орландо сега има повеќе забавни паркови и атракции отколку било кое друго место во светот.
Друг значаен настан во развојот на Орландо се случи во 1962 година кога новиот аеродром за млазни авиони во Орландо, претходник на денешниот Меѓународен аеродром беше изграден од еден дел на воздухопловната база на Мекој. До 1970 година, редовни летови обезбедуваа четири големи авиокомпании (Делта еарлајнс, Нешнл еарлајнс, Истерн еарлајнс, и Саутерн еарлајнс). Воздухопловната база Мекој официјално беше затворена во 1975 година и поголемиот дел од базата сега е дел од аеродромот. Аеродромот си го задржа поранешниот код од аеродромот на воздухопловната база.
== Туризмот денес ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Орландо