Ејми Вајнхаус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Врски: Јазична исправка, replaced: актерот → глумецот using AWB
с →‎Други цели: Јазична исправка, replaced: лоциран → сместен using AWB
Ред 98:
Вајнхаус се приклучува на кампањата за запирање на градењето на една станбена зграда покрај таверната Џорџ, во познатиот дел на музичките случувања, Ист Енд во Лондон. Поддржувачите на кампањата стравувале дека станбениот развој ќе стави крај на профитабилната страна на тоа место позната како филмска и фото локација, на која се потпира за да преживее. Како дел од кампањата за борба против рак на дојката, Вајнхаус се појавила на разголена фотографија во април 2008 за списанието Easy Living.
Богатството на Вајнхаус е проценето на околу 10 милиони фунти, што ја довело на десеттото место на листата за богатство на музичари под 30 години, во 2008 година за "Сандеј тајмс". Следната година нејзиното богатство опаднало на околу 5 милиони фунти . Нејзините финансии биле раководени од Мич и Џенис Вајнхаус. Било објавено дека заработила околу 1 милион фунти пеејќи на две приватни забави за време на модната недела во Париз. Потоа следувал настап и на друга приватна забава, за рускиот олигарх Роман Абрамович во уметничката галерија во Москва, за што исто така заработила 1 милион фунти.
Класичниот фустан кој Вајнхаус го носи на нејзиниот спот за песната "Tears dry on their own", како и на ДВД-то за Британските музички искуства, го позајмила на новиот музеј посветен на историјата на британската поп музика. Музејот, лоцирансместен во О2, бил отворен на 9 март 2009 година.
Во јануари 2009 година Вајнхаус објавила дека отвара своја издавачка куќа. Првиот член на нејзината издавачка куќа Lioness record била нејзината 13-годишниот кумашинка Дони Бромфилд. Првиот албум на Бромфилд бил закажан за пуштање во продажба на 12 октомври кој опфаќал преработки на класични соул песни. Вајнхаус била придружен вокал на неколку песни на албумот и настапила заедно со неа во телевизиската емисија Strictly Come Dancing на 10 октомври како пратечки вокал.
За Вајнхаус и нејзиното семејство бил снимен документарец во 2009 од страна на Дафне Барак насловен “Спасување на Ејми“. Таа започнала заедничка инвестиција во 2009 година заедно со ЕМИ за лансирање на палета хартија за завиткување и картички за подароци со текстови од песни од нејзиниот албум “Back to Black“. На 8 јануари 2010, на Канал 4 бил емитуван телевизискиот документарец насловен како “Ќерка ми Ејми“. Документарецот “Спасување на Ејми“ бил издаден и како книга со меки корици, во јануари 2010 година.