Битолски партизански одред „Пелистер“: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: лоциран → сместен using AWB
Ред 2:
[[File:Спомен плоча на местото каде што е разбиен Битолскиот партизански одред „Пелистер“.jpg|thumb|Спомен плоча на местото каде што е разбиен Битолскиот партизански одред „Пелистер“]]
[[File:Pelister-oreovo.jpg|thumb|Споменик за Битолскиот партизански одред „Пелистер“ во селото Ореово]]
'''Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“''' (формиран над селото [[Лавци]], Битолско, на [[22 април]], разбиен во Ореовската корија, кај селото [[Орехово|Ореово]], Битолско, на [[3 мај]] [[1942]]) бил прв партизански одред формиран во битолската околија. Во неговиот состав влегле 21 борец.<ref>[http://www.sojuznaborcibitola.org.mk/1942.htm Сојуз на борци од НОАВМ - Битола „Настани 1942 година“]</ref> Одредот главно вршел обука на борците.
 
На [[1 мај]] командирот на одредот, Ѓорѓи Наумов, со уште двајца борци, Никола Георгиевски и Стефан Трајковски, се оддалечиле од логорот и паднале во рацете на бугарска патрола. Одредот се повлекол подлабоко во шумата, но на [[3 мај]] бил лоцирансместен и опколен од бугарската војска. Поради апсењата и испраќањето борци да воспостават врска, во моментот на битката одредот броел 12 борци.<ref>Злате Ѓоршевски „Елпида Караманди - Бисера“, Битола, 1988, 98 стр.</ref> Во нерамна битка одредот бил разбиен, при што загинале шест борци (Димитар Николовски, Јоска Јорданоски - Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди, Мара Јосифовска и Димче Хаџипоповски),<ref>Владо Стрезовски, Ѓорѓи Димовски-Ласков, „7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВJ“, Битола, 1987, 21-22 стр.</ref><ref>„Битолските народноослободителни партизански одреди“, Битола, 1982.</ref> а Венда Христова била уапсена.<ref>Злате Ѓоршевски „Елпида Караманди - Бисера“, Битола, 1988, 109 стр.</ref> Вкупно биле уапсени 11 борци, а преостанатите четворица борци успеале да се илегализираат во Битола. Во битката, бугарската војска и полиција имале околу 30 загинати и ранети.<ref>[http://www.znaci.net/zb/4_7_1_1.pdf „Зборник докумената и података o Народноослободилачком рату југословенских народа“, том VII, књига 1, Београд, 1952.]</ref>
 
Битката на одредот со бугарската војска е опеана во познатата партизанска песна „[[s:Таму ле мајко близу Битола|Таму ле, мајко, близу Битола]]“, напишана од [[Ајри Демировски]] (1950).<ref>[http://pesna.org/song.php?id=510 „Таму ле мајко близу Битола“, текст и музика]</ref>