Прв вселенски собор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎Присутни: Јазична исправка, replaced: лоцирани → сместени using AWB
Ред 33:
За секој епископ постоел платен превоз од и кон неговото епископско море. Исто така, и сместувањето било платено од страна на императорот. Тие не патувале сами, туку секој од нив имал дозвола со себе да понесе два презвитера и три ѓакони. Одовде, целосниот број на учесници на овој Собор би бил приближно 1500 души. Овој Собор бил посебен и поради скорешното официјализирање на [[христијанство]]то како рамноправна вера во империјата со издавањето на [[Милански едикт|Миланскиот едикт]] од [[февруари]] [[313]] година.
 
Источните епископи преовладувале на овој Собор, од кои на највисок ранг биле архиепископите [[Свети Александар Александриски]], [[Свети Евстасиј Антиохиски]] и [[Свети Макариј Ерусалимски]]. Некои од богоносните отци како [[Свети Пафнутиј од Теба]], [[Потамон од Хераклеја]] и [[Павле од Новоцесареа]] сѐ уште на нивните лица ги имале трагите од скорешниот прогон како сведови на верата. Понатаму, како значајни учесници биле [[Евсевиј Никомедиски]], [[Евсевиј Кесариски]], [[Свети Николај Мириклиски]], [[Аристакиј од Ерменија]], [[Свети Јаков Нисивиски]] (поранешен пустиник), [[Свети Спиридон]], [[Свети Ахил]], [[Свети Пафнутиј]], [[Свети Митрофан Константинополски]], [[Свети Ипатиј Гангриски]] и други. Од други места, тука биле присутни и персискиот епископ Јован, готскиот епископ Теофил и Стратофил, епископ на Питиунт и Егриси (лоциранисместени на денешната граница помеѓу Русија и Грузија).
 
Од реоните со латинско говорно подрачје присутни биле најмалку пет претставници: Марко од Калабрија, Сесилијан од Картагина, Хосиј од Кордоба, Никасиј од Дижон и Домнус од Стридон. [[Папа Силвестер I]] не можел да присуствува поради болест, но бил застапуван од двајца свештеници.