Олд Трафорд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Експанзија во 2006 година: Јазична исправка, replaced: актерот → глумецот using AWB
с →‎Изградба и раните години: Јазична исправка, replaced: лоцирана → сместена using AWB
Ред 44:
Олд Трафорд бил дизајниран од шкотскиот архитект Арчибалд Леич, кој бил познат по тоа што дизајнирал уште неколку други стадиони. Привичната замисла на Леич била стадионот да биде со капацитет од 100.000 гледачи, од кои за седење била приспособена само јужната трибина, која била и покриена, додека преостанатите три трибини биле замислени како тераси за стоење и без покрив.<ref>Inglis, pp. 234–235</ref> Вклучувајќи го и купувањето на земјиштето, изградбата на стадионот првично требало да чини 60,000 фунти. Меѓутоа, како напредувала изградбата така растеле и трошоците, па за да се достигне првично предвидениот капацитет биле потребни дополнителни 30,000 фунти. Па така по предлог на секретарот на клубот, Џ.Џ Бентли, капацитетот ќе биде намален на приближно 80,000 гледачи.<ref>White, p. 50</ref><ref>McCartney (1996), p. 13</ref> И покрај тоа што клубот се соочувал со вакви финасиски проблеми, сепак во Англија бил сметан за еден од најбогатите. Како за споредба во ова време типичен трансфер за фудбалер изнесувал 1.000 фунти, а огромните трошоци за изградба на стадионот дополнително ќе придонесат за засилување на епитетот на клубот како „милионери“ или „ Moneybags United“. Овој епитет ќе почне да се користи кратко откако Дејвис ќе ја презеде функцијата претседател.<ref>Inglis, p. 234</ref>
 
Со цел да ги намали трошоците за изградба, во мај 1908 година, Архибалд Леич ќе му напише писмо на Комитетот за линии во Чешир (CLC) - истиот тој комитет имал железничко складиште во непосредна близина на предложената локација за фудбалскиот терен - а се со цел и во обид да ги убеди да ја субвенционираат изградбата на трибината која би била лоциранасместена покрај железничката линија. Субвенцијата или заемот требало да достигне сума од 10,000 фунти, а да биде исплаќана во рати од 2.000 фунти ''годишно'' за пет години или половина од приходите кои трибината ќе ги заработи секоја година додека не се отплати заемот. Сепак, и покрај дадените гаранциите за заемот од страна на самиот клуб и двете локални пиварници, со кои претседавал претседателот на клубот Џон Хенри Дејвис, Комитетот за линии на Чешир го одбил предлогот.<ref>McCartney (1996), p. 10</ref> CLC планирал на таа локација да изгради нова станица која ќе биде во непосредна близина на новиот стадион. Според нивните пресметки таа станица требало годишно да носи 2.750 фунти со што би се надоместиле трошоците од 9.800 фунти за изградба на станицата. Станицата - Трафорд парк - на крајот ќе биде изградена, но нешто подолу од првично предвидената локација.<ref name="mccartney_9">McCartney (1996), p. 9</ref> КЛЦ подоцна ќе изгради уште една скромна станица со една дрвена платформа во непосредна близина на стадионот и таа ќе биде отворена на 21 август 1935 година. Првично ќе биде именувана Јунајтед Фудбал Граунд,<ref>Butt (1995), p. 247</ref> но подоцна на почетокот на 1936 ќе биде преименувана во Олд Трафорд Фудбал Граунд. Таа станица била услужувана само на денови на кои се играле натпревари со така наречени од шатл-служби на парни возови од железничката станица Манчестер Централ .<ref>Butt, p. 178</ref> Денеска станицата се вика Манчестер Јунајтед Фудбал Граунд .<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.nationalrail.co.uk/stations/muf/details.html|title=Manchester Utd Football Gd (MUF)|publisher=National Rail|archive-url=https://web.archive.org/web/20110727132532/http://www.nationalrail.co.uk/stations/muf/details.html|archive-date=27 July 2011|accessdate=15 July 2011}}</ref>
 
Изградбата на стадионот ја добиле фирмите Мессрс Брамелд и Смит од Манчестер <ref name="encyclopaedia">Barnes et al., pp. 44–47, 52</ref> а истата била завршена кон крајот на 1909 година. Првиот натпревар на новиот стадион се одиграл на 19 февруари 1910 година, а Јунајтед го дочекал големиот ривал [[ФК Ливерпул|Ливерпул]] . Првиот натпревар ќе заврши со победа на Ливерпул од 4:3. Натпреварот ќе го одбележи и новинарот кој бил присутен за преносот а стадионот ќе го опише поетски како „најубавата [sic], најпространа и највпечатлива арена што сум ја видел досега. Како фудбалски терен е незаменлив во светот, чест е за градот Манчестер и дом е на тимот кој може да направи чуда кога е расположен “.<ref>White (2008), p. 50</ref>