Канкун: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎Клима: Јазична исправка, replaced: лоцирана → сместена using AWB
Ред 94:
Во Канкун има интернационален аеродром, кој располага со многу летови за Северна, Средна и Јужна Америка, Азија и Европа. Лоциран е на северно-источниот дел од полуостровот Јукатан и во просек го посетуваат повеќе од 10 милиони патници годишно. Оддалечен е 12 милји од хотелската зона, 20 минути пат со кола. Во хотелската зона има и јавен превоз. До островот Мухерес може да се стаса со брод од Пуерто Хуарез.
= Клима =
Канкун има тропска клима, може да биде и влажна и сува, со малку разлики во температурите меѓу сезоните. Општо земено, во градот е жешко во текот на целата година, но понекогаш топлото време е проследено со крајбрежни пасати. Годишната просечна температура изнесува 27 C (80, 8 °F). На полуостровот Јукатан, морските ветрови донесуваат високи температури, кои можат на попладневијата да достигнат 35 °C (95 °F). Годишните врнежи на дожд изнесуваат 1, 340 милиметри (52.8 инчи), присутни во 115 денови во годината.Умерените температури доаѓаат во Ноември и траат до Февруари, проследени се со освежувачки ветар од север, посуво е, и пак се стоплува во Март и Април. Најжешко е од Мај до Септември, што се должи на карипското влијание, а влажноста е повисока поради сезоната на ураганите ( 70% од деновите се без дожд). Хотелската зона е лоциранасместена во Карипското Море, и е опколена од океанот, такашто дневните температури се движат со 1-2 степени помалку и ветровите се значително почести, за разлика од областа околу аеродромот, кој се наоѓа во внатрешноста, кадешто е главната метеролошка станица.
Сезоната на тропските бури трае од Мај до Декември,а дождовната сезона продолжува до Јануари со кулминација во Септември. Од Февруари до Мај обично е суво, со ретки краткотрајни врнежи. Канкун е лоциран на една од ударните точки на ураганите во Карибите. Иако катастрофалните урагани се ретки, во последниве години се случија неколку во близина на Канкун. Ураганот Вилма во 2005 е најголемиот досега. Ураганот Гилберт удри директно на хотелската зона во Канкун и хотелите мораа да се обноват. По ураганите, федералните, државните и општинските власти беа спремни да се справат со последиците што ги оставија. И ураганот Дин остави трага на градот во 2007.
= Ураган Гилберт =
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Канкун