Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 2 години
с
→‎Војна со отоманците: Јазична исправка, replaced: лоцирана → сместена using AWB
[проверена преработка][проверена преработка]
с (→‎Германски приказни за Влад: Јазична исправка, replaced: Римскиот император → Римскиот цар using AWB)
с (→‎Војна со отоманците: Јазична исправка, replaced: лоцирана → сместена using AWB)
Влад Цепеш планирал да направи заседа. Хамза Паша бегот од Никополис донел со себе 1 000 коњаници и кога го преминувал теснецот северно од Гиургиу, Влад го нападнал изненадно. Валахијците ги опколиле и ги поразиле турците. Турците биле речиси сите заробени и наиени на колци, но Хамза Паша избегал.
Во зимата 1462, Влад го преминал Дунав и ја опустошил областа меѓу Србија и Црното Море. Маскиран како турски спахија се инфилтрирал во отоманските кампови. Во писмо до Корвинус означено како 2 фебруари тој напишал:
Убив селани мажи и жени, стари и млади, кои живеат кај Обучица и Ново Село, каде Дунав се влева во морето, се до Рахова, која е лоциранасместена близу Хилија, од долниот дел на Дунав се до местата како Самовит и Гиген. Убивме 23 884 турци без да ги броиме тие чии домови ги запаливме или турците чии глави беа отсечени од нашите војници... Така вашето височество треба да знае дека јас го прекршив мирот со него (султанот Мехмет II ).
Како одговор на тоа, султанот Мехмет II собрал војска од 60 000 војници и 30 000 резервисти и во 1462 се упатил кон Валахија. Мехмет бил пречекан од шума од колци на кои Влад набил 20 000 луѓе. Командувајќи само со 40 000 луѓе, Влад не бил во можност да ги запре отоманците од влегувањето во Валахија и окупирањето на главниот град Тарговиште. Постојано организирал мали напади и заседи за турците, како што е ноќниот напад кога биле убиени 15 000 турци.
Влад Трети ги поразил отоманските спахиски командири како Јусуф-бег, Турканбејоглу Омер-бег и Евренос-бег. Со ова го привлекол Мехмет II , кој тогаш го преминал Дунав.