Лошо образование: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: актер → глумец using AWB
Ред 22:
| imdb_id = 0275491
}}
'''Лошо образование''' ({{lang-es|La mala educación}}) е филм на [[Шпанија|шпанскиот]] [[режисер]] [[Педро Алмодовар]] снимен во [[2004]] година. Режисерот работел десет години на приказната за овој филм. Филмот се работи за двајца другари (и љубовници) од детството кои повторно се среќаваат. Сексуално злоупотребување од католички свештеници, транссексуалност, конзумирање дрога и метафикција се теми во овој филм.
 
== Резиме ==
Ред 29:
Двајца училишни другари, Игнасио и Енрике, ги откриваат љубовта, киното и стравот во религиозен интернат во почетокот на 1960-те. Отецот Маноло, директорот на училиштето и нивен наставник по литература, е сведок и дел од овие откритија. Откако ја открива симпатијата меѓу двете момчиња, отецот, кој и самиот е вљубен во Игнасио, е љубоморен и се заканува дека ќе го избрка Енрике поради „лошо влијание“. За да го спречи ова, Игнасио ветува дека ќе стори сѐ што отецот бара од него. Но отецот го измамува и сепак го брка Енрике.
 
Филмот прави скок во 1980-те, кога момчињата се веќе повозрасни. Енрике ([[Феле Мартинес]]) успешен филмски режисер, на ѕидот на чие студио стои постер од филм наречен ''Бабата дух'' ({{lang-es|La abuela fantasma}}) (овој наслов е првобитниот наслов на следниот филм на Алмодовар, ''[[Враќање]]''), добива посета од странец ([[Гаел Гарсија Бернал]]) – актерглумец кој бара работа и кој тврди дека е Игнасио, симпатијата од интернатот. Игнасио со себе донел расказ која ги раскажува нивните случки во интернатот и физичката и сексуална злоуботреба на отецот Маноло (Даниел Хименес Качо).
 
Енрике сака да направи филм од оваа приказна, но Игнасио вели дека тоа ќе го дозволи под услов тој да ја игра улогата на Захара, транссексуалец. Енрике е скептичен бидејќи човекот што е пред него не е ист како оној што порано го сакал. Тој решава да оди во [[Галисија]] кај мајката на Игнасио, и таму дознава дека вистинскиот Игнасио е мртов веќе четири години, а човекот кој дошол кај него е помладиот брат на Игнасио – Хуан.
 
Енрике е заинтересира да дознае зошто Хуан го прави тоа, па затоа решава да го направи филмот без да му каже на Игнасио/Хуан дека знае. Енрике и „Игнасио“ започнуваат врска и Енрике го поправа сценариото така што тоа заврши со отец Маноло, кого Игнасио го уценувал поради злоупотребата за да му даде пари за да направи операција за промена на пол, како го убива Игнасио. При снимањето на сцената, „Игнасио“ изненадно почнува да плаче.
Ред 39:
Енрике е шокиран од ова и е незаинтересиран за објаснувањата што Хуан му ги дава за убиството на брата си. На крај, пред да замине, Хуан му дава на Енрике еден лист: писмо за Енрике кое Игнасио го пишувал во моментот кога умрел.
 
Од стилот на најавната шпица и музиката која потсетува на творбите на Бернард Херман, овој филм му оддава почит на класиците на Хичкок како Вртоглавица, во кој фатална жена од минатото на главниот лик излегува на површина, но со двоен идентитет и крие мрачна тајна.
 
== Премиера и реакции ==