Разлика помеѓу преработките на „Зимски сон (филм)“

Одземени 67 бајти ,  пред 2 месеци
с
Јазична исправка, replaced: актер → глумец using AWB
с (Јазична исправка, replaced: актер → глумец using AWB)
 
'''Зимски сон''' ([[турски]]: ''Kiṣ uykusu'') е турски [[филм]] од [[2014]] година, во [[режија]] на [[Нури Билге Џејлан]] (Nuri Bilge Ceylan), кој е автор и на [[сценарио]]то, заедно со Ебру Џејлан (Ebru Ceylan). Главните улоги ги толкуваат: Халук Билгинер (Haluk Bilginer), Мелиса Сезен (Melisa Sözen), Демет Акбаг (Demet Akbag) и Ајберк Пекџан (Ayberk Pekcan). Филмот бил снимен во продукција на Zeynofilm, Bredok Filmproduction и Memento Film productions, а продуцент е Зејнеп Езбатур Атакан (Zeynep Özbatur Atakan). Кинематографијата е дело на Гекан Тирјаки (Gökhan Tiryaki), а монтажата ја извршиле Нури Џејлан (Nuri Bilge Ceylan) и Бора Гексингол (Bora Göksingöl). При снимањето на филмот, режисерот бил инспириран од кратките раскази на [[Чехов]], како и делата на [[Толстој]], [[Достоевски]] и [[Волтер]].
 
Филмот трае 196 [[Минута|минути]] и снимен е во колор [[техника]]. Филмот бил премиерно прикажан на [[16 мај]] [[2014]] година на [[Кански филмски фестивал|Канскиот филмски фестивал]], каде ги добил наградите „Златна палма“ и „FIPRESCI“. Вкупно, филмот освоил две награди и имал пет номинации на разни фестивали.<ref>[http://www.imdb.com/title/tt2758880/awards?ref_=tt_awd IMBb, Winter Sleep (2014), Awards (пристапено на 30.11.2014)]</ref> <ref name="ReferenceA">МКЦ, ''Пази се! Доаѓа Cinedays 13. 13-22 Ное.'', Скопје, 2014, стр. 51.</ref>
== Содржина ==
Дејството на филмот се случува во познатата област [[Кападокија]], во [[Турција]], каде во едно мало гратче, Ајдин (го глуми Билгинер), поранешен [[театар]]ски актерглумец, води мал семеен [[хотел]]. Тој живее заедно со неговата млада сопруга Нихал (ја игра Сезен) и со сестрата Неџла (ја игра Акбаг), која пати поради неодамнешниот развод. Ајдин има голем имот наследен од татко му, така што издава една куќа под кирија, но сиромашните луѓе кои живеат во неа не можат да ја платат киријата. Нихал, пак, собира донации за уредување на селските училишта.
 
Навидум сложниот зеднички [[живот]] меѓу Ајдин, Нихал и Неџла не е толку идиличен како што изгледа. Во еден разговор, Неџла ѝ кажува на Нихал дека не може да ја поднесе, а потоа, таа се расправа и со Ајдин, обвинувајќи го дека е себичен. Всушност, нивниот живот е празен, без чувства и без рабирање за луѓето. Кога Нихал организира забава со донаторите, настапува судир меѓу неа и Ајдин. Поради тоа, тој сака да замине во [[Истанбул]], но наместо таму, оди на имотот на својот најдобар пријател, каде што тие цела вечер се опиваат и разговараат, а утредента, одат на [[лов]]. Во меѓувреме, Нихал ги посетува кираџиите на Ајдин и им дава голема сума [[пари]] за да ги платат долговите, но едниот од нив ги фрла парите в [[оган]], кажувајќи ѝ дека не може да ја купи нивната гордост. Кога Ајдин се враќа дома, сфаќа дека премногу ја сака Нихал и дека не може да живее без неа, иако знае дека таа не го сака повеќе.<ref>МКЦ, ''Пази се! Доаѓа Cinedays 13. 13-22 Ное.'', Скопје, 2014, стр. 51.<name="ReferenceA"/ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија: Турски филмови]]
[[Категорија:Филмови од 2014 година]]
[[Категорија: Филмови на Нури Билге Џејлан]]