Дорис Деј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎1980ти: Јазична исправка, replaced: актерот → глумецот using AWB
с Јазична исправка, replaced: актер → глумец (3), Актер → Глумец using AWB
Ред 6:
 
==Први почетоци==
Дорис Деј е родена во Синсинати, Охајо, во соседство на Еванстон од Алма Софија Велц (домаќинка) и Вилхем (подоцна Вилијам) Капелхоф (наставник по музичко и мајстор по хор). Нејзините баба и дедо биле германски имигранти. Иако во пописот од 1930 година е попишана како на возраст 7, таа за нејзиниот биографер во „Дорис Деј: Нејзината Сопствена Приказна“ изјавува дека е родена во 1924 година. Специфично изјавува дека: „(Јас бев) именувана од мајка ми во чест на нејзината омилена актеркаглумецка, Дорис Кејтон, ѕвезда во тогашната 1924.“ Најмала од три деца, таа имала два браќа: Ричард, кој починал пред таа да се роди, и Пол, неколку години постар.
Бракот на нејзините родители бил неуспешен поради јавното неверство на нејзиниот татко. Иако фамилијата била Римо-Католичка, нејзините родители се развеле. По нејзиниот втор брак, самата Деј ќе стане Христијански Научник. Деј била мажена четири пати.
Деј развила ран интерес за играње, и во средината на 1930тите формирала танчерско дуо со Џери Доерти, настапувајќи локално во Синсинати. На 13ти октомври 1937 година, во сообраќајна несреќа таа ги повредува своите нозе и со тоа се ограничуваат нејзините проспекти како професионален танчер. Во текот на заздравувањето Деј зема часови по пеење, и на 17 годишна возраст започнува да настапува локално.
Ред 19:
Во филмот на Алфред Хичкок „The Man Who Knew Too Much“ („Човекот Кој Премногу Знаеше“, 1956 година), Деј ја испеа „Que Sera, Sera“ („Што ќе биде, ќе биде“), за што доби Оскар за најдобра оригинална песна и таа песна стана нејзин потпис. Според Џеј Ливингстон, кој ја напиша песната со Реј Иванс, Деј преферирала друга песна кратко употребена во филмот „We’ll Love Again“ („Повторно Ќе Сакаме“) и го напуштила снимањето на „Que Sera, Sera“. На инсистирање на студиото, таа попуштила. По снимањето на нумерата, таа кажала на пријател на Ливингстон: „Ова е последен пат што некогаш ќе ја слушнеш таа песна“. Како и да е, песната е повторно употребена во „Please Don't Eat the Daisies“ („Ве Молиме Не Ги Јадете Маргаритките“, 1960 година) и репризирана како краток дует до Артур Годфреј во „The Glass Bottom Boat“ („Бродот Со Стаклено Дно“, 1966 година). „Que Sera, Sera“ исто така станува тематска песна за нејзиното CBS телевизиско шоу (1968-1973). „The Man Who Knew Too Much“ е нејзин единствен филм со Хичкок и, како што таа самата признава во автобиографијата од 1975 година, првично била загрижена за недостаток од насоки при режисирањето. На нејзиното прашање дали се е во ред, Хичкок и одговорил дека се било добро – да правела таа нешто што тој не сакал, тој ќе и кажел.
Таа има уште еден Топ Десет хит со „Everybody Loves a Lover“ („Секој Љуби Љубовник“) во 1958 година.
Во 1959 година, Деј влегува во својата најуспешна фаза како филмска актеркаглумецка, со серија романтични комедии, почнувајќи со „Pillow Talk“ („Разговор Со Перница“), заедно со Рок Хадсон, кој и станува доживотен пријател. Деј добива номинација за Оскар за најдобра актеркаглумецка. Деј и Хадсон снимаат уште два филма заедно, „Lover Come Back“ („Љубовникот Се Враќа“, 1961 година) and „Send Me No Flowers“ („Не Ми Праќај Цвеќиња“, 1964 година). Деј исто така станува тим со Џејмс Гарнер, почнувајќи во 1963 година со „The Thrill of It All“ („Возбудата Од Се“), подоцна продолжувајќи истата година со „Move Over, Darling“ („Освен Тоа, Драга“). „Move Over, Darling“ оригинално бил насловен како „Something's Got to Give“ („Нешто Мора Да Се Даде“) во 1962 година како повраток на Мерлин Монро, а како ко-актер се јавува Дин Мартин. Филмот е суспендиран поради отпуштањето на Монро и нејзината последователна смрт. Година подоцна, филмот е преименуван и во повторниот кастинг Деј ја добива главната улога.
Во доцните 1960ти, сексуалната револуција на бејби-бум генерацијата ги засилува јавните ставови во врска со сексот. Времињата се сменија, но филмовите на Деј не. Критиката и комиката ја нарекоа Деј „најстарата девица на светот“ и публиката започна да бега од нејзините филмови. Како резултат на сето тоа, таа се спушти од листата на топ ѕвезди, појавувајќи се за последен пат во Топ 10 во 1967 година со „The Glass Bottom Boat“, нејзиниот последен хит филм.
Една од улогите кои ги има одбиено е онаа ироничната Г-ѓа Робинсон во „Дипломецот“, улога која отиде кај Ана Банкрофт. Во своите објавени мемоари, Деј вели дека ја одбила улогата поради морални причини. Нејзиниот последен филм, „With Six You Get Eggroll“ („Со Шест Можеш Да Добиеш Паштета“), е излезен во 1968 година.
Ред 52:
 
==Активизам за благосостојбата на животните==
Интересот на Деј за благосостојбата на животните и теми поврзани со оваа најверојатно потекнува уште од нејзините тинајџерски години, кога таа заздравувала од сообраќајна несреќа и го извела своето куче Тајни на прошетка без јаже. Тајни истрчал на улицата и бил убиен од кола. Деј подоцна напишала дека била опфатена со вина и осаменост. Во 1971 година таа станала ко-основач на АктериГлумеци и Други за Животните и се појавила во неколку реклами во весник осудувајќи го носењето на крзно, заедно со Мери Тајлер Мур, Енџи Дикинсон и Џејн Мидоус. Пријателот на Деј, Кливленд Амори, пишувал за овие настани во „Man Kind? Our Incredible War on Wildlife“ („Човештво? Нашата Неверојатна Војна На Флората и Фауната“, 1974година).
Во текот на 1980тите и 1990тите, Деј го промовирала годишниот Ден на женките-животни на Америка (Spay Day USA) и во неколку пригоди активно лобирала на Конгресот на САД за поддршка на легислативата со цел да се заштитат правата на животните. Таа исто така ја формирала и Doris Day Animal League (Сојуз на Дорис Деј за животните, www.ddal.org), што подоцна се спојува со Хуманото Општество на САД во 2006 година. Членови на персоналот на Doris Day Animal League завзеле позиции во The HSUS, кој што сега го управува Spay Day USA, еднодневен настан започнат од Деј.