Меган Фокс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Врски и семејство: Јазична исправка, replaced: актерот → глумецот using AWB
с →‎Имиџ: Јазична исправка, replaced: актерки → глумици using AWB
Ред 46:
На 11 септември 2009г. се појави непотпишано писмо од тројца членови на филмската екипа на Трансформери, во кое тие го бранат Мајкл Беј од обвиненијата на Фокс за неговото однесување при снимањето, и споредбата со Адолф Хитлер. Во писмото се наведува дека Фокс не е пријатна за време за снимањето и ја обвинуваат за неграциозно однесување што се разликува од нејзината јавна личност. Беј ја бранеше Фокс и рече дека не го „''одобрува''“ писмото. Асистентот на продукцијата, Антони Стеинхарт, исто така ја бранеше, изјавувајќи дека никогаш не сведочел настан каде што г-ца Фокс била груба или невнимателна со чувствата на луѓето или со работата.
 
Фокс многу често ја споредуваат со Анџелина Џоли, и медиумите ја нарекуваат „''идната Анџелина Џоли''“. Овие две актеркиглумици ги споредуваат бидејќи и двете имаат „''колекција на тетоважи''“ по нивното тело, и статус на „''секс-симбол''“. Фокс коментираше дека споредувањето е знак на недостаток на креативност во дел од медиумите, и дека споредбата со Анџелина Џоли се должи само на темната коса, тетоважите и улогите во акциони филмови. Постоеја неколку непотврдени озборувања дека Фокс ќе ја замени Џоли во наредното издание на филмот Лара Крофт. Фокс во врска со споредбата изјави: „''Јас сум црнокоса со тетоважи, пцујам и имам зборувано за секс. Се шегувам со тоа, а луѓето го сметаат за безобразно, па постојано го споредуваат тоа со неа''“. Таа додаде: „''Сигурна сум дека таа не знае која сум. Но ако бев на нејзино место, би рекла : По ѓаволите, кое е тоа глупаво детиште од Трансформерс што ќе биде идната јас? Не сакам да ја запознаам. Би се засрамила''“.
 
Фокс има 8 познати тетоважи, вклучувајќи ги името на нејзиниот сопруг „''Брајан''“ на долниот дел од колкот, слика од лицето на Мерлин Монро на нејзината десна подлактица, која што ја отстранува, и полумесечина која што се преклопува со петокрака ѕвезда, над нејзиниот десен глужд. Ова е единствената позната тетоважа во боја на Фокс.