Хеленистичка култура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vele 123 (разговор | придонеси)
с 3 линка готи. Пејонци и дардани
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Јазична исправка, replaced: Актерите → Глумците using AWB
Ред 2:
{{Внимание}}
{{Историја на Македонија}}
Со освојувањето на [[Александар III Македонски]] на Исток дошло до ширење на македонската и грчката (или хеленска) култура кај тамошните поробени народи. Притоа македонската и грчката култура вршеле влијание врз културата на месното население, а и тие возвраќале со извесно влијание врз нив. Така дошло до мешање на македонската, грчката и старите источни култури. Новата култура, за разлика од грчката или хеленска култура, која била доминантна, се нарекува хеленистичка култура
 
Епохата на процутот на хеленистичката култура се нарекува хеленизам, а државите во кои се развивала хеленистичката култура се нарекуваат хеленистички држави.
 
Хеленистичкиот период започнал од периодот на завојувањата на Александар III Македонски, продолжил во државите создадени по неговата смрт па се’ до нивното потпаѓање под римска власт и како крај се смета освојувањето и разорувањето на градот [[Александрија]] од страна на [[Арапи|Арабјаните]] 642 година пред н.е.
 
Народот кој живеел во Македонија во антиката го надживеал своето физичко исчезнување преку делата во матеркалната култура кои ги оставил зад себе. Денес не’ воодушевува нивната оригиналност и изворност. Среќна околност била таа што Македонија се наоѓала во непосредно соседство на Егејско - римската, медитеранска цивилизација, што ќе овозможуви постепено и самата да стане нејзин дел.
 
Денес е мошне тешко, речиси невозможно, процентуално да се одреди етничката слика на Македонија во римскиот период. Секако дека најголемиот дел во класично и хелинистичко време го сочинувале [[Пајонци|Пајонците]]те и [[Македонците]]. Помалку населени биле деловите Македонија со [[Пенести]], [[Бриги]], од елинистичко време со [[Дарданија (Европа)|Дарданци]], [[Тракијци]]. Но, тука биле и доселениците Ориенталци, особено во римската епоха, меѓу кои и евреите со сигурност се потврдени, потоа [[Сарматите]], [[Готи|Готите]]те и уште многу доселеници со разни националности.
 
Римските легионери колонисти имале различно потекло: шпанско, сириско, северноафриканско, далматинско, италско. На крајот на античката епоха во Македонија сите овие народи биле веќе претопени во една хомогена етничка структура позната како [[Ромеи]]. Исплашени пред застрашувачкиот пробив на [[Авари|Аварите]]те и [[Словени|Словените]]те, голем дел од Ромеите ќе се засолнат во сигурноста на мегаплите [[Солун]] и [[Цариград]]. Но сепак поголем бил делот од нив кој ќе се повлече во високите планински пазуви каде што ќе ги преживува наредните векови, главно со помош на сточарството како основна стопанска дејност.
 
Низ средниот век Ромеите се познати како [[Власи]], народ кој со тешкотии опстојувал во планините, чувајќи ги длабоко во својата свест ранохристијанските црковни пораки. Токму ова христијанско чувство ќе го спои влашкиот етнички елемент со новодојдениот словенски народ, кој во наредните векови ќе го прифати христијанството.
Ред 20:
Театарот имал важна улога во животот на Хелените. Театарските претстави настанале од свеченостите што биле приредувани во чест на Дионис – богот на виното и веселбата. Театарските дела за несреќни настани и со тажен крај се викале трагедии, а делата за весели и смешни настани се викале комедии. Најпознати автори на трагедии биле Ајсхил, Софокле и Еврипид, а најпознат автор на комедии бил Аристофан.
 
Театарските претстави се одржувале под отворено небо. Публиката во театрите седела на камени седишта, поставени како скали, во облик на полукруг. АктеритеГлумците играле на подигната сцена, а во долниот, рамен дел на театарот имало хор. Хеленските трагедии и комедии имаат голема уметничка вредност, па затоа и денес се изведуваат во театрите во целиот свет.
 
== Филозофија и наука ==
Ред 39:
Учесниците се натпреварувале во трчање, скокање, борење, фрлање копје и диск, трки со коњи и други дисциплини. Победниците биле прославувани во цела Хелада како големи јунаци, а како награда на главата им ставале венци од маслинови гранчиња.
Првите олимписки игри биле одржани во 776 година пред н.е., а биле укинати во 393 година од н.е.
 
 
[[Категорија:Култура]]