Мерилин Монро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (2), Прв пат → Првпат using AWB
с Јазична исправка, replaced: актерите → глумците (3) using AWB
Ред 114:
Во мај 1955-тата година, Монро почна да излегува со драматургот [[Артур Милер]]; тие се запознаваат во [[Холивуд]] во 1950, па кога Милер дознава дека таа е во Њујорк, договара еден нивни заеднички пријател повторно да ги запознае. На 1-ви јуни 1955-тата, на нејзиниот роденден, [[Џо Димаџо]] ја придружува Монро на премиерата на ''[[Седум години верност]]'' во Њујорк. Тој подоцна ѝ приредува и роденденска забава, но вечерта завршува со јавна расправија, па Монро ја напушта забавата без него. Следи подолг период на оттуѓување.<ref>Summers, p. 142.</ref><ref>Riese and Hitchens, p. 124.</ref>
 
Во текот на 1955 година, Монро учи на ''[[Актерското студио]]'' и открива дека една од нејзините најголеми пречки е нејзината огромна трема на сцената. Се спријателува со актеритеглумците [[Кевин Меккарти]] и [[Ели Валак]], кои се сеќаваат на неа како посветена и искрена во нејзиниот пристап кон учењето и истакнуваат дека таа се обидувала да не привлече внимание со тоа што седела најназад во училницата. Кога Стразберг ќе почувствува дека Монро е спремна да настапи пред нејзините соученици, Монро и Морин Стејплтон ја избираат почетната сцена од Ана Кристи на [[Јуџин О’Нил]], и иако таа греши за време на секоја проба, сепак е способна да ја заврши изведбата без да ги заборави своите реплики. Ким Стенли подоцна ќе се присети дека иако студентите биле советувани да не ракоплескаат, по изведбата на Монро ќе следи спонтан аплауз од публиката. Додека Монро е студент, [[Ли Стразберг]] ќе рече: „Имам работено со стотици актери и актерки, но само двајца кои се издвојуваат повеќе од сите други. Број еден е [[Марлон Брандо]], а број два – Мерилин Монро".
 
==== Враќањето во 20th Century Fox ====
Ред 157:
</ref> Монро често е болна и не е во состојба да глуми, и, оддалечена од влијанието на д-р Гринсон, продолжува со своето консумирање на лекови за спиење и алкохол. Посетител на сетот, [[Сузан Стразберг]] подоцна ја опишува Монро како „на некој начин смртно повредена“ и во август Монро е упатена кон Лос Анџелес, каде е хоспитализирана на десет дена. Весниците објавуваат дека била близу смртта, иако причината за нејзината болест не е откриена.
 
[[Лоуела Парсонс]] ќе напише во својата колумна дека Монро е „многу болна девојка, многу поболна отколку што првично се верувало“ и открива дека била лекувана од страна на психијатар. Монро се враќа во [[Невада]] и го завршува филмот, но станува непријателски настроена кон [[Артур Милер]], а печатот соопштува и јавни расправии. Снимањето на филмот се покажува како напорно искуство за актеритеглумците; покрај растревоженоста на Монро, и [[Монтгомери Клифт]] често не може да глуми поради болест, а до последниот ден од снимањето, [[Телма Ритер]] стигнува во болница страдајќи од исцрпеност. [[Кларк Гејбл|Гејбл]], велејќи дека не се чувствува добро, го напушта снимањето без да присуствува на завршната забава.<ref>Goode, p. 284.</ref> Монро и Милер се враќаат во Њујорк со посебни летови.<ref>Summers, p. 195.</ref>
 
По десет дена, Монро ја објавува разделбата од Милер, а Гејбл починува од срцев удар.<ref>Goode, pp. 284–285.</ref> Вдовицата на Гејбл, Кеј, ќе ѝ рече на Лоуела Парсонс дека „вечното чекање“ на сетот на ''[[Неприлагодени]]'' е она што ја причинило смртта на Кларк, макар што не го наведува името на Монро. Запрашана од известувачите за тоа дали се чувствува виновна за смртта на Гејбл, Монро одива да одговори,<ref>Harris, p. 379.</ref> но новинарот Сидни Сколски се сеќава дека приватно таа изразила жалење за нејзиниот лош однос кон Гејбл во текот на снимањето и ја опишува Монро дека наликувала на „мрачна бездна на очај“. Монро подоцна ќе присуствува на крштевањето на синот на Гејбл, на покана од Кеј Гејбл. ''[[Неприлагодени]]'' ќе биде пречекан со просечни рецензии и не е комерцијален успех, макар што одредени критичари ќе ги пофалат изведбите на Монро и Гејбл. Хјустон подоцна ќе рече дека Монроовата изведба и не била баш глума во вистинската смисла на зборот, зашто таа се повикувала на сопствените искуства за да се покаже себеси, а не својот лик. „Немаше тука техника. Сè беше вистина. Тоа беше Мерилин.“
 
Во текот на наредните месеци, Монроовата зависност од алкохол и препишани лекови почнува да се одразува врз нејзинот здравје, а пријателите како Сузан Стразберг подоцна ќе зборуваат за нејзината болест. Разводот од Артур Милер е финализиран во јануари 1961-ва година – при што Монро како причина ќе ја наведе „несоодветноста на карактерите“карглумците“ – а во февруари, по своја волја, таа се пријавува во Психијатриската клиника на Пејн Витни. Монро подоцна ќе го опише искуството како „кошмар“. Ќе најде начин да му се јави на [[Џо Димаџо]] од клиниката, а тој веднаш ќе допатува од [[Флорида]] до Њујорк за да ѝ овозможи пренос до ''Колумбискиот презветаријански медицински центар''. Таму ќе остане три недели. Болеста ќе ја спречи да работи во текот на остатокот од годината; оди на операција за да поправи блокада на [[јајцевод]]ите во мај, а следниот месец на операција на [[жолчна ќеса|жолчната ќеса]].<ref>Summers, p. 202.</ref> Заздравува во [[Калифорнија]] во изнајмен стан.
 
== Смртта и последиците ==