Монте Карло (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
с Јазична исправка, replaced: актерката → глумицата using AWB
Ред 32:
Мег се поврзува со Рилеј, австралиски планинар, којшто за кратко време го запознава во [[Париз]]. Тие открија дека имаат многу заеднички нешта и поминуваат некое време заедно, пред таа да замине за [[Италија]]. Алисија го открива лажното претставување бидејќи Грејс не знае да игра [[поло]]. Таа верува дека нејзината размазена внука ангажирала девојка која си личи на неа за да ја замени додека таа се забавува, но не сака да ја прекине аукцијата на добротворната организација, па затоа ѝ се заканува на Грејс успешно да продолжи со лажното претставување или да ја уапсат. Пријатниот карактер на Корделија го привлекува Тео, а принцот на Ема ја поканува на забава на јахта. Ема за кратко го носи ѓерданот на Корделија пред да ѝ го даде на Мег за да го чува безбедно. На забавата на јахта таа не може да ја поднесе дрскоста на принцот кон слугите и си заминува.
 
Корделија пристига во [[Монте Карло]], во исто време со Овен, којшто се надева дека ќе се смири со Ема. Откако Овен ќе ја помеша Корделија со Грејс, Корделија го открива лажното претставување. Таа дознава дека го нема ѓерданот бидејќи Мег заборавила да го земе од ранецот на Рилеј пред тој да замине за [[Франција]] и ја повикува полицијата. Девојките не успеваат да ја смират бесната Корделија. Иако Рилеј дознава и го враќа ѓерданот, Корделија се заканува дека ќе го повлече ѓерданот од аукцијата. Девојките, за да го спречат ова, ја врзуваат Корделија за да може Грејс повторно да се претстави како неа. Корделија бега и ја разоткрива измамата на Грејс за време на аукцијата. Таа бара да ја уапсат. Но бидејќи Грејс е искрена и јавно ќе признае сè, Алисија нуди 6 милиони евра за ѓерданот, за да ја спаси. На крајот на филмот, Мег го придружува Рилеј во неговото патување низ светот, Ема и Овен се селат во својот дом во [[Тексас]], а Тео Марчанд и Грејс повторно се среќаваат во Романската добротворна организација.
 
== Продукција ==
Филмот „Монте Карло“ се базира врз романот ''„Ловци на глави“''(од анг. ''„Headhunters“'') од Џулс Бас. Во романот се зборува за приказната за четирите млади жени од Тексас коишто се преправаат дека се богати наследнички додека бараат богати потенцијални сопрузи во Монте Карло. Таму се запознаваат со четворица жиголи коишто се претставуваат како богати плејбои. Телевизиската компанија ''„Fox“'' ги откупи правата за романот за да направат филм според него во 1999 година, три години пред објавувањето на романот. Во 2005 година, холивудското професионално списание ''„Variety“'' изјави дека браќата Џез и Џон Хенри Батерворт ќе го пишуваат сценариото. Исто така изјави и дека актеркатаглумицата [[Никол Кидман]] се пријавила да ја игра главната улога како и да го режира филмот со Рик Шварц.
 
Подоцна, ги отпуштиле браќата Батерсворт , а го ангажирале Том Безуча за да го режира и да го допише сценариото на „Монте Карло“. Безуча и Марија Магнети ја враќаат назад првата верзија од сценариото до јули 2007 година. Таму глумеше [[Никол Кидман|Кидман]] „како една од трите среднозападни наставнички коишто одлучиле да да го откажат неудобниот одмор и да се претстават како богати жени коишто се на одмор во Монако. Меѓутоа, во 2010 година, режисерите одново го напишаа сценариото на филмот откако се согласија дека филмот треба да биде помладешки. Безуча и Ејприл Блер го напишаа ажурираното сценарио и ги заменија трите наставнички со две ученички од средно училиште и една којашто неодамна матурирала. Филмот „Монте Карло“ беше снимен во Будимпешта - Унгарија, Дунакеси – Унгарија, [[Париз]] – Франција и Монте Карло – Монако. Снимањето започна на 5 мај во Будимпешта, а заврши на 7 јули 2010 година. Овој филм е првиот којшто го користи филмското студио на ''„Raleigh Studios“'', Будимпешта.
 
Во март 2010 година, беше објавено дека според обновеното сценарио Селена Гомез ја игра една од главните улоги во филмот. За оваа улога, Гомез поминала неколку седмици за да игра поло и да вежба да имитира англиски акцент. Исто така, Лејтон Мистер склучи договор за една од главните улоги во тој месец, а Кејти Касиди ја играше улогата на Ема во април. [[Французи|Францускиот]] актер Пјер Буланже го подготви својот дел - почетокот на филмот на англиски јазик.
 
== Прифатеност ==