Разлика помеѓу преработките на „Александар Бујнов“

с
Додадена категорија using AWB
с
с (Додадена категорија using AWB)
'''Александар Иванов Ненов''' ({{lang-bg|Александър Буйнов}}), наречен '''Бујнов''' ([[26 септември]] [[1879]] - [[27 септември]] [[1924]]) е револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]].
== Биографија ==
Александар Ненов е роден во градот [[Шумен]] на 26 септември 1879 година. Тој е најстариот син во семејството на богатите занаетчија кој изработувале гајтани и срма за народни носии. <ref>Макдермот, Мерсия. „За свобода и съвършенство - биография на Яне Сандански“, София, 1987, Наука и изкуство, стр. 177</ref>. Се школувал во својот роден град, а завршил гимназија во [[Софија]]. Во 1896 година запишува право на Софискиот универзитет, а во 1897 година станува актер во театарот „Солзи и смеа“. При една од турнеите на театарот во [[Солун]] во 1898 година се запознава со дејци на [[ВМОРО]] и се вклучува во македонското ослободителното движење. Поради бујниот карактер е нарекуван ''"Бујниот"'' и од таму прифаќа името ''Бујнов''.
 
По [[Илинденското востание]] во 1903 година Бујнов го напуштил театарот и се одал целосно на македонското револуционерното движење. До 1905 година е четник во Скопскиот револуционерен округ, а потоа - во Серско, каде што станува еден од блиските на [[Јане Сандански]].
Во [[Балканските војни]] (1912-1913) Александар Бујнов застанува на чело на чета и го заштитува македонското население во Неврокопско и Демирхисарско од настапувањата на Турците и учествува во ослободувањето на [[Пиринска Македонија]]. Со него се војводите Димитар Арнаудов, Икономов, Иван Кјумџиев, Грнев, Тухчев и Бакаров. Во борба во селото [[Црвишта]] во Шарлија на 22 октомври 1912 година е тешко повреден.
 
По [[Првата светска војна]] е во групата на противниците на [[Тодор Александров]] и генерал [[Александар Протогеров]], предводена од [[Ѓорче Петров]]. Во април 1923 година е избран за пратеник во Бугарското народно собрание. По превратот од 9 јуни се утврдува во градот [[Банско (град)|Банско]]. По убиството на Тодор Александров, Александар Бујнов е убиен по пресудата на ВМРО на 27 септември 1924 година во Банско. <ref>[http://old.vmro.bg/modules.php?name=Encyclopedia&op=content&tid=11 Биографични данни от библиотека на ВМРО-София]</ref><ref>„Алманах на българските национални движения след 1878 г.“, София, 2005.</ref><ref> [http://www.macedonia-science.org/print.php?plugin:forum.45 Македонски научен институт]</ref><ref>Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 22 - 23.</ref><ref>Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 224</ref>
 
== Извори ==
{{наводи}}
{{Дејци на МРО}}
 
[[Категорија:Македонски војводи]]
[[Категорија:Бугарски револуционери|Бујнов,Александар]]
[[Категорија:Родени во 1879 година]]
[[Категорија:Починати во 1924 година]]
[[Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет]]