Deep Purple: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: бизнисмен → стопанственик using AWB
с →‎Ожувување со Стив Морс: Правописна исправка, replaced: втор пат → вторпат using AWB
Ред 76:
== Ожувување со Стив Морс ==
 
Доаѓањето на Морс креативно го ревитализира бендот, и во 1996 година беше издаден нов албум под името „Пурпурдикуларно“, во кој се најдоа многу различни музички стилови, иако тој не успеа да стигне до Билборд 200 во САД. Поставата Марк 7, во 1997 година, го издаде новиот албум во живо „Во живо од Олимпија ’96“ во 1997 година. Со ревитализирана список на песни за на турнја, Дип парпл уживаа успешни турнеи до крајот на деведесеттите, го издадоа потешкиот „Напуштање“ во 1998 година, и продолжија да одат на турнеи со обновен ентузијазам. Во 1999 година, Лорд, со помош на холандски обожавател, кој исто така беше музиколог и композитор, Марко де Гоеј, внимателно го рекреираа „Концертот за група и оркестар“. Беше изведен по втор патвторпат во Салата Ројал Алберт, во септември 1999 година, овој пат со Лондонскиот Симфониски Оркестар, диригиран од Пол Ман. На концертот исто така имаше и песни од соло-кариерите на сите членови, како и кратка листа од Дип парпл, и сето тоа беше комеморирано на албумот „Во живо во Салата Ројал Алберт“. На почетокот на 2001 година, беа изведени два слични концерти во Токио и издадени како дел од „The Soundboard Series“.
 
Наредните неколку години главно ги поминаа на турнеја. Групата продолжи до 2002 година, кога основачот на групата, Лорд (кој, заедно со Пајс, беше единствениот член кој беше во сите инкарнации на бендот,) го најави неговото пријателско пензионирање од бендот за да работи на сопствени проекти (особено оркестрална музика). Лорд ја остави неговата Хамонд органа на неговата замена. Рок-клавијатуристот Дон Ајри (Рејнбоу, Ози Озборн, Блек Сабат, Вајтснејк), кој им помогна на Дип парпл кога во 2001 година, Лорд си го повреди коленото, им се придружи. Во 2003 година, Дип парпл го издаде нивниот прв студиски албум после пет години („Банани“) и веднаш тргна на турнеја со него. ЕМИ рекордс го одбија продолжувањето на договорот со Дип парпл, можеби поради помалку од очекуваната продажба. Всушност „На концерт со Лондонскиот Симфониски Оркестар“ се продаде повеќе отколку „Банани“. Јан Гилан изјави, „Продажбата на албумите е мала, но луѓето би платиле многу пари за билет за на концерт“. Во јули 2005 година, бендот свиреше на концертот „Живи 8“ во Парк Плејс (Бери, Онтарио) и во котомври истата година го издадоа нивниот следен албум „Rapture of the Deep“. Тој беше проследен со турнеја. Продуцент на овие два студиски албуми, со оваа постава Марк 8, беше Мајкл Бредфорд, кој е познат рап и поп музичар.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Deep_Purple