Битка кај Куманово (1912): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Откажано уредување 404775 (автор: 79.125.232.188 | Разговор)
Откажано уредување 404776 (автор: 79.125.232.188 | Разговор)
Ред 1:
{{Infobox Military Conflict
|conflict=Битка кај Куманово
|partof=[[Прва балканска војна|Првата балканска војна]]
|image=
|caption=
|date=[[23 октомври|23]] - [[24 октомври]] [[1912]]
|place=[[Куманово]]
|casus=
|territory=
|result=победа на Србија
|combatant1=[[Image:Flaf of Serbia (1882-1918).png|22px]] [[Кралство Србија]]
|combatant2=[[Image:Ottoman Flag.svg|22px]] [[Отоманска Империја]]
|commander1=[[Image:Flaf of Serbia (1882-1918).png|22px]] [[Радомир Путник]]
[[Image:Flaf of Serbia (1882-1918).png|22px]] [[Александар I од Југославија|Принц Александар]]
|commander2=[[Image:Ottoman Flag.svg|22px]] [[Зеки Паша]]
|strength1=132,000 луѓе
148 артилериски орудија
100 митралези<ref name=one>Борислав Ратковиќ, Митар Ѓуришиќ, Саво Скоко, ''Србија и Црна Гора во Балканските војни 1912-1913'', Белград: BIGZ, 1972, стр 70.</ref>
|strength2=65,000 луѓе
164 артилериски орудија
104 митралези<ref name=one>Борислав Ратковиќ, Митар Ѓуришиќ, Саво Скоко, ''Србија и Црна Гора во Балканските војни 1912-1913'', Белград: BIGZ, 1972, стр 70.</ref>
|casualties1=4,564
(687 убиени,
3,280 ранети,
597 исчезнати)<ref name=two>Борислав Ратковиќ, Митар Ѓуришиќ, Саво Скоко, ''Србија и Црна Гора во Балканските војни 1912-1913'', Белград: BIGZ, 1972, стр 83. Во жртвите на страната на Отоманската Империја не е вклучен значаен број на војници кои дезертирале пред и после битката.</ref>
|casualties2=4,500
(1,200 убиени,
3,000 рането,
327 заробени)<ref name=two>Борислав Ратковиќ, Митар Ѓуришиќ, Саво Скоко, ''Србија и Црна Гора во Балканските војни 1912-1913'', Белград: BIGZ, 1972, стр 3. Во жртвите на страната на Отоманската Империја не е вклучен значаен број на војници кои дезертирале пред и после битката.</ref>
|notes=

{{Campaignbox Прва балканска војна}}

'''Битката кај Куманово''' претставува прв поголем вооружен судир во [[Прва балканска војна|Првата балканска војна]] меѓу [[Србија|српската]] и [[Турција|турската]] војска на 23 и [[24 октомври]] [[1912]] година.

Според планот на српската [[Врховна команда]], првата битка со турската војска била предвидена да се води во реонот на [[Овче Поле]], претпоставувајќи дека тука се концентрирани главните турски сили.

== Српскиот план ==

Според планот, српската војска на 22 октомври го имала следниот распоред: Првата армија била на позициите северно од [[Куманово]] со дивизиите во два ешалона, во првиот ешалон дивизии: Моравската од први повик на линијата село [[Ваксинце]] -село [[Табановци]] и Дринската кај [[Сушево]], еден полк бил на претстража на Николинскиот Вис и Дунавската од први повик со два полка во реонот на [[Младо Нагоричани]], а со другите два во [[Старо Нагоричани]]. На левото армиско крило на [[Сртевица]] бил распореден четничкиот одред, што главно бил составен од македонско население, а со него командувал војводата [[Воин Поповиќ-Вук]]. Во вториот ешалон биле дивизиите: Тимочката од втори повик кај [[Маминци]] и Дунавската втори повик кај село [[Бугариње]], додека Коњаничката дивизија се наоѓала зад Дунавската, а два нејзини ескадрона биле пред армискиот фронт. Втората армија со претходницата на Тимочката дивизија од први повик се наоѓала во реонот на [[Страцин]]. Третата армија на 23 октомври се задржала во реонот на [[Приштина]], иако според наредбата на Врховната команда требало да го продолжи движењето за да содејствува со Првата армија.

Дејствувајќи на фронтот на [[Прва српска армија|Првата. српска армија]], односно во северна и во [[Западна Македонија]] како извидница и претходница на српската војска, македонските доброволци на [[20 октомври]] [[1912]] го нападнале турскиот [[воен логор|логор]] во месноста [[Старец]], [[Куманово|Кумановско]], заплениле големо количество оружје, а турската војска избегала. Веднаш потоа го кренале на востание речиси сето население во пошироката област, а само во [[Страцин]] се кренале 700 вооружени лица.

Поради погрешната проценка дека главните турските сили се наоѓале на Овче Поле, слабата разузнавачка и извидувачка служба и поради неправилната употреба на Коњаничката дивизија, српската Прва. армија непосредно пред битката се нашла оддалечена од соседните крилни армии, била неорганизирана на позициите и со слаба организација на врските со своите дивизии. Во штабот на Првата. армија се верувало дека турските сили што биле забележани тој ден во реонот на Куманово кај [[Новоселјани]] и [[Мургош]] имат задача само да го забават нејзиното движење кон Овче Поле.

== Турскиот план ==

Спротивно од неизвесноста што владеела кај српската војска и неточните сознанија за спротивната страна, турската команда, благодарение на добро истурените предни одреди имала точни податоци за составот и за правците на движење на српските сили. Врз основа на тоа, [[Зеки-паша]], командантот на [[Вардарска армија|Вардарската армија]], во состав од 5. корпус (13., 15. и 16. низамска и Штипската редифска дивизија) и 6. корпус (17. низамска и битолската редифска дивизија, и 7. корпус (19. низамска, скопската редифска и коњаничката дивизија) одлучил да ја нападне српската Прва. армија со 5. и со 6. корпус од линијата село [[Новоселјани]]-[[Орашец]], опфатно од левата страна, а со 7. корпус собран околу [[Куманово]], да ја задржува фронтално. Поради тоа, солидно ги утврдил своите единици на позициите [[Режановци]]-[[Црно Поле]].

За тоа време, 5. и 6. корпус од реонот на [[Штип]] и на [[Велес]] со засилени маршеви пристигнувале откај [[Овче Поле]]. За обезбедување на десната страна кон српската Втора. армија биле упатени 15. и 16. низамска дивизија на правците кон [[Кочани]] и [[Кратово]]. При приближувањето до [[Пчиња (река)|Пчиња]], Зеки-паша дознал дека Втората. српска армија ги фатила позициите на [[Страцин]], па одлучил да не го изврши опфатот на левото крило на Првата. армија, туку наредил 7. корпус да остане во одбрана, 6. корпус и претходницата на 13. низамска дивизија ноќта да ја преминат Пчиња и до мугрите да ги заземат позициите на десниот брег, 5. корпус како армиска резерва да се задржи на левиот брег поради евентуална употреба на правецот кон Втората. српска армија, доколку таа изврши напад кон Куманово.

Турскиот план за разместување на силите бил остварен во целост. Меѓутоа, предноста што ја имала Вардарската армија не била искористена. Утрото на 23 октомври српските извидувачи го забележале движењето на турската војска пред српските позиции, но поради маглата и слабите врски меѓу српските единици, не било утврдено дека е тоа турска војска. Во информациите на месното население немале доверба ниту, пак, му верувале на командантот на четничкиот одред дека тоа се турски сили. Командантот на 18. полк упатил два баталјона со задача да ги зароби, мислејќи дека се работи за мал број турски војници.

== Првиот ден на Кумановската битка ==

Во битката кај Куманово на [[23 октомври]] 1912 година 2.000 македонски доброволци, собрани од месното население, од утринските до попладневните часови сами се бореле против турската војска на фронтот кај местото [[Стревице]] близу [[Младо Нагоричане]]. Така, го спречиле опколувањето на српската војска на која потоа ѝ пристигнало засилување. Во таа борба меѓу Македонците загинале или биле ранети шест војводи и 200 доброволци, но позициите не ги напуштале.

Потоа, околу 10.30 часот на помош на [[Дунавска дивизија од првиот повик|Дунавската дивизија од првиот повик]] ѝ пристигнала [[Дунавска дивизија од вториот повик|Дунавската дивизија од вториот повик]]. [[Дринска дивизија|Дринската дивизија]] го продолжила настапувањето и со поддршка на артилериски оган ја принудила [[17. низамска дивизија]] на отстапување. Околу 12.30 часот, Дринската дивизија го зазела [[Зебрњак]] и го продолжила настапувањето кон [[Голем Рид|Големиот Рид]], загрозувајќи го левото крило на 5. корпус. Со овој напад бил пробиен фронтот на турската [[Вардарска армија]]. Околу 15 часот почнале да се повлекуваат сите турски дивизии, што значело дека Кумановската битка била завршена. Таквиот исход српската [[Врховна команда]] не го знаела. Таа и понатаму претпоставувала дека главниот судир ќе се води на [[Овче Поле]]. Поради тоа, наместо да го продолжат гонењето, српските сили напредувале само до караулата [[Бучар Хан]] кај село [[Бучинец]], на околу 15 км од Куманово кон [[Скопје]], каде што се сместил штабот на Првата. армија и подготвувала план за опколување и освојување на Скопје.

Во исто време и командантот на коњаничката дивизија ([[Арсен Караѓорѓевиќ]]) го упатил 3. коњанички полк кон [[Зебрњак]], а 2. полк кон [[Голубица]] за да ја извидат состојбата. Тие се судриле со силна турска војска и се повлекле зад позициите на Дунавската дивизија од Првиот повик. Вториот баталјон на 18. полк ненадејно поради маглата се судрил со претходницата на 17. Низамска дивизија и бил целосно разбиен. Командантот на 4. баталјон од 18. полк самоиницијативно тргнал на помош, но и тој бил разбиен од 13. низамска дивизија. Тоа создало тешка криза кај Дунавската дивизија, бидејќи на позициите јужно од [[Куманово]], кај [[Страцин]] се наоѓал само еден баталјон од 18. полк, а против него напаѓале две турски дивизии. Меѓутоа, турските сили не ја искористиле својата надмоќ.

[[Зеки-паша]] ги прекинал натамошните напади и наредил Штипската редифска дивизија (од армиската резерва) да је премине [[Пчиња (река)|Пчиња]] и да изврши опфат на левото крило на Дунавската дивизија преку Сртевица, а 7. корпус да изврши посилен демонстративен напад кон десното крило на Првата. армија. Српската команда ги насетила намерите на [[Зеки-паша]] и навреме упатила соодветни сили да ги спречат турските пробиви. Ноќта на 23-24 октомври двете страни останале на позициите близу едни до други. Додека на левото крило се воделе жестоки борби, истиот ден на десното крило коњаничкиот полк на Моравската дивизија од Првиот повик при извидувањето на правецот село [[Ваксинце]]-село [[Слупчани]] бил нападнат со силен оган од артилеријата на турскиот 7. корпус, па морал да се повлече. Поради тоа, Моравската дивизија ги зазела позициите. Таа добила наредба да остане во одбрана, меѓутоа околу 16 часот самоиницијативно извршила противнапад.

Во острата борба во долината на [[Којнарска река|Којнарската река]], каде што имало големи загуби на двете страни, турските сили биле присилени да се повлечат. Поради слабите врски, штабот на Првата. армија не располагал со точни информации за состојбата на фронтот. Затоа во духот на директивата на Врховната команда, штабот на Првата. армија издал заповед на [[24 октомври]] во 6.00 часот дивизиите да го продолжат движењето, да го заземат [[Куманово]] и да избијат до линијата [[Булачани]]-[[Ново Село]]-[[Биљановце]]-[[Слатина]], а ноќта кога добил извештај од Дунавската дивизија од првиот повик, веќе било доцна нешто да се промени. Додека штабот на Првата. српска армија воопшто не сфатил дека, всушност, започнала битката, Зеки-паша имал впечаток дека таа се развива поволно, па им наредил на корпусите да го продолжат нападот и на 24 октомври. Така завршил првиот ден на битката, во кој Турците ангажирале 50.000 луѓе и 150 топови, а Србите 26.000 луѓе и 60 топови.

==Вториот ден на Кумановската битка==

На 24 октомври 1912, односно на вториот ден од Кумановската битка, српската Прва. армија тргнала во офанзива. Дринската дивизија од првиот повик го започнала настапувањето во 6.00 часот на правецот [[Зебрњак]]-[[Бизлим]] (Красте кота 530). Шестиот корпус се обидел да ја запре, но не успеал, па таа избила со предните делови до [[Биљановце]] и ја принудила Битолската редифска дивизија да се повлече, при што на позициите оставила 9 топа. Моравската прва. дивизија го одбила нападот на 7. корпус и веднаш преминала во противнапад во содејство со Тимочката дивизија од вториот повик. Двете дивизии го принудиле 7. турски корпус да се повлече на утврдените позиции северно од Куманово.

Меѓутоа, околу 13 часот тој бил принуден и од овие позиции да се повлече кон Скопје. На левото српско крило околу 6 часот, 5. и 6. корпус ја нападнале Дунавската дивизија од првиот повик и ја довеле во тешка состојба. Во пресудните моменти, кога 5. и 6. турски корпус ја презеле иницијативата и кога постоела реално опасност српската војска да биде разбиена, ненадејно се појавиле околу 6.000 македонски четници кои со бомби в раце и силни извикувања ја нападнале турската војска во тил. Турците избегале во паничен страв, оставајќи им ги оружјето и опремата на македонските четници. По таа силна победа на македонските четници, српската војска поминала во противофанзива. За оваа силна победа на македонските сили и придонес од стратегиско значење во конечната победа на сојузниците врз турската војска досега не пишувале ни Србите, ни Бугарите.

Во Кумановската битка на српската страна имало 723 загинати, 3.441 ранет и 603 исчезнати. Биле заробени 2.000 турски војници и запленети 61 топ, 6 митралези и големо количество муниција и друг воен материјал.