Битка кај Куманово (1912): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 29:
Според планот, српската војска на 22 октомври го имала следниот распоред: Првата армија била на позициите северно од [[Куманово]] со дивизиите во два ешалона, во првиот ешалон дивизии: Моравската од први повик на линијата село [[Ваксинце]] -село [[Табановци]] и Дринската кај [[Сушево]], еден полк бил на претстража на Николинскиот Вис и Дунавската од први повик со два полка во реонот на [[Младо Нагоричани]], а со другите два во [[Старо Нагоричани]]. На левото армиско крило на [[Сртевица]] бил распореден четничкиот одред, што главно бил составен од македонско население, а со него командувал војводата [[Воин Поповиќ-Вук]]. Во вториот ешалон биле дивизиите: Тимочката од втори повик кај [[Маминци]] и Дунавската втори повик кај село [[Бугариње]], додека Коњаничката дивизија се наоѓала зад Дунавската, а два нејзини ескадрона биле пред армискиот фронт. Втората армија со претходницата на Тимочката дивизија од први повик се наоѓала во реонот на [[Страцин]]. Третата армија на 23 октомври се задржала во реонот на [[Приштина]], иако според наредбата на Врховната команда требало да го продолжи движењето за да содејствува со Првата армија.
 
Дејствувајќи на фронтот на [[Прва српска армија|Првата. српска армија]], односно во северна и во [[Западна Македонија]] како извидница и претходница на српската војска, македонските доброволци на [[20 октомври]] [[1912]] го нападнале турскиот [[воен логор|логор]] во месноста [[Старец]], [[Куманово|Кумановско]], заплениле големо количество оружје, а турската војска избегала. Веднаш потоа го кренале на востание речиси сето население во пошироката област, а само во [[Страцин]] се кренале 700 вооружени лица. Пред [[Кумановска битка|Кумановската битка]] се воделе жестоки борби меѓу македонското население и турската војска. Според податоците на турскиот [[маршал Чакмак]], на [[21 октомври]] командантот на турската 16. дивизија напишал телеграма до претпоставените, во која се наведува: Во [[Калиманци]] се водат тешки борби со македонските доброволци, ќе биде многу тешко доколку веднаш не испратите еден полк.
 
Поради погрешната проценка дека главните турските сили се наоѓале на Овче Поле, слабата разузнавачка и извидувачка служба и поради неправилната употреба на Коњаничката дивизија, српската Прва. армија непосредно пред битката се нашла оддалечена од соседните крилни армии, била неорганизирана на позициите и со слаба организација на врските со своите дивизии. Во штабот на Првата. армија се верувало дека турските сили што биле забележани тој ден во реонот на Куманово кај [[Новоселјани]] и [[Мургош]] имат задача само да го забават нејзиното движење кон Овче Поле.