Галаба Паликрушева: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
с →‎Биографија: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 31:
За жал, во средината во која твореше и живееше, нејзината стручност и научните резултати неретко беа оспорувани, се разбира главно од неетнолози, додека надвор од Македонија, во другите тогашни југословенски републики, таа уживаше углед и респект меѓу колегите етнолози. Оспорувањето „дома“ се однесува најмногу на суптилната и оспорувана тема од македонската историја и етнологија, која таа како предизвик ја поставила пред науката – процесот на исламизацијата и неговите последици. Спротивно на фактот дека таа имала храброст да ја „отвори Пандорината кутија“ на идентитетот на „нашинците“ и храбро да управува со последиците преку нејзините истражувања преточени во текстови со убедливи материјални и други докази, сепак, од денешна гледна точка, е јасно дека била присилена да плати „данок“ на општествениот амбиент во Македонија без гласот на стручните лица – етнолози.
 
Добра илустрација за односот на неетнолозите кон неа како кон обична и секојдневна личност може да се види во Македонската енциклопедија II (2009), каде што под нејзиното име (Паликрушева, Галаба Борисова) стои дека таа била: „историчар и етнолог, научен советник и универзитетски професор (во пензија)“. Ништо суштинско не е кажано за нејзиниот богат живот како борец во воени услови и како способен и храбар научник во нормални услови, која како предизвик пред науката ја поставила суптилната и оспорувана тема од македонската историја и етнологија – процесот на исламизацијата и последиците за идентитетот и за народната култура.Оспорувањата се однесуваат и на нејзините тези за Торбешите и на нејзините погледи во врска со етничкиот идентитет на муслиманските групи со мајчин македонски јазик, како и на етнонимите/егзонимите како појава разгледувана од теориски и методолошки аспект и како реалност во конкретните примери во Р Македонија. Овие оспорувања траат и до денес, особено на социјалните мрежи, без оглед што аргументацијата е дискутабилна и се движи од нестручен, површен или релативизирачки пристап до теоретизирање без почеток и крај, што главно се потпира на исполитизираните ставови на самите припадници на оваа група, аматери или стручни лица и научници од други сродни гранки, кои мислат дека научната вистина се разликува од сè она што е објавено во македонската етнологија, вклучувајќи ги и тезите на  Паликрушева. Во дискусиите на социјалните мрежи речиси и нема учество на стручни лица – етнолози, иако постојат и некои такви примери. Сепак, до денес никој од учесниците во овие дискусии, карактеристични по тоа што отсуствуваат или се многу ретки етнолошките аргументи, не дал некој убедлив аргумент што би претставувал причина за нов приод во однос на тезите на д‑р Галаба Паликрушева за исламизацијата во Македонија или барем некое функционално дополнување.
 
Јавниот и општествениот интерес за исламизацијата во Македонија во 20 век се поттикнува и придвижува во 1970/1971 година, по објавувањето во дневниот печат на текстовите за исламизацијата, каде што д‑р Галаба Паликрушева јавно ги изнела своите ставови за Торбешите од поголемиот етнографски предел Река (Горна, Долна и Мала Река) во Западна Македонија и нивната културна сродност со Мијаците. Од овие исклучително квалитетни текстови, јасно е колку многу внимание авторката им посветила на турските документи во кои, покрај другото, постојат и податоци за исламизацијата, и само тој што не ги  онсултирал може да настапува со негирање на тие историски процеси. Оваа активност на д‑р Паликрушева започнала со едно интервју во весникот „Нова Македонија“ со наслов: Вклучување на етнички неиздиференцираните групи во националните процеси. Разговор со д‑р Галаба Паликрушева, научен соработник во Институтот за национална историја. Долу во левиот агол на таа страница на весникот, во рамка стои повик до граѓаните: Од утре следете го новиот прилог на „Нова Македонија“: „Исламизацијата во Македонија“ од д‑р Галаба Паликрушева. Во фељтонот се изнесуваат досега непознати факти за овој процес во Македонија. Веднаш по интервјуто биле објавени шест продолженија „Исламизацијата во Македонија“ во најчитаниот весник во тоа време, „Нова Македонија“, со што д‑р Паликрушева покажала дека не отстапува ни за милиметар од кажаното во необјавената докторска дисертација. Овие текстови биле објавени спроти пописот во март 1971 година, во време кога на многу точки во тогашна СФРЈ вриело од започнатите национални дискусии за потеклото и правата на југословенските народи и народности. По написите на г‑ѓа Паликрушева следи лавина од дискусии во југословенските и во македонските весници, сите на тема муслимани и исламизација, при што биле нападнати мислењата на д‑р Паликрушева за специфичните патишта на развој и етногенеза на другите југословенски и балкански групи исламизирано население. Посебно било на удар нејзиното мислење за најголемата група исламизирани во Југославија – босанско‑херцеговските муслимани кои претендирале дека кај нив е завршен процесот на консолидирање во народ – Муслимани. Таа сметала дека има оправдувања тезата за нивниот локален и специфичен процес на етногенеза, што сепак не е доволно убедливо прикажан од страна на науката, односно дека одредени точки од тоа прашање ја прават сомничава и недоволно убедена во дел од доказниот материјал. Резултатот од овие жешки дискусии бил во корист на босанско‑херцеговското политичко лоби, кое постигнало голем дел од муслиманското население да се изјасни за прв патпрвпат во графата „Муслимани во смисла на народност“ во пописот од март 1971 година.
 
Исто така, од тој момент започнува нов период кога македонските политички структури прават напори за привлекување на остатокот од Торбешите и другите македонски муслимани со македонски мајчин јазик кон етничките православни Македонци.