Алкибијад: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Стилска исправка, replaced: Античка Грција → Стара Грција using AWB
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат, втор пат → вторпат using AWB
Ред 15:
}}
 
'''Алкибијад''' ([[старогрчки јазик|грчки]]: Ἀλκιβιάδης Κλεινίου Σκαμβωνίδης; 450 г. [[п.н.е.]] [[Атина]] - 404 г. [[п.н.е.]] [[Фригија]]) бил истакнат атински државник, оратор и генерал. Тој бил последен член и претставник на познатото аристократско семејство, [[Алкемениди]]. Алкибијад одиграл голема улога во развојот на настаните во текот на [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни (431-404 п.н.е.)]]. Во неколку наврати ја променил политичката приврзаност и стратегија. Во неговата родна [[Атина]] во последните децении на [[5 век п.н.е.|V век п.н.е.]] тој се залагал за агресивна надворешна политика а бил и истакнат поборник за остварување на [[Сицилиска експедиција|Сицилиската експедиција]], но одкако неговите политички противници против него поднеле обвинение за сквернавење, успеале да го одтргнат од политичката сцена во Атина. Тој во 415 г. [[п.н.е.]] преминал во [[Спарта]] каде што служел како стратегиски советник, предложувајќи неколку напади насочени кон [[Атина]]. Но и во [[Спарта]] стекнал политички непријатели и во 412 г. [[п.н.е.]] бил приморан да ја напушти и да пребега во [[Персија]]. Таму служел како советник на [[сатрап]]от [[Тисаферн]] се додека неговите политички приврзаници не го повикале назад во [[Атина]] каде што повторно бил назначен за Атински генерал (стратег), но по неколку години на неговите политички опоненти им успеало по втор патвторпат да го протераат од [[Атина]].
 
Алкибијад се служел со невообичаени воени тактики, најчесто ги добивал градовите по пат на предавство, подкуп или преговори одколку со опсада. Но неговиот талент на многу пати се покажал како вреден за почит и корисен на било кој [[Град-држава|полис]] или држава која го имала во своја служба. Но неговата склоност да си создава моќни непријатели не дозволувала тој да остане на висока позиција подолго време.
Ред 25:
=== Политичка кариера ===
 
Иако идеолошки и политички идеали и принципи не биле една од неговите карактерни одлики, сепак Алкибијад се решил да се стави во улога на демократски водач, и да го стави народното сообрание во негова служба. Алкибијад за прв патпрвпат се издигнал на висока позиција кога почнал да пропагира поагресивна надворешна политика по потпишувањето на [[Пелопонески војни|Мирот на Никија]] во 421 г. п.н.е. за кој во [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни]] по една декада војување двете страни се согласиле и обврзале на одржување на мир помеѓу нив во наредните 50 години. По повод потпишувањето на овој мир, Алкибијад изјавил дека тие "години" најверојатно ќе потраат само неколку месеци. Алкибијад и покрај противењето на неговиот политички ривал [[Никија]], предводник на Аристократската струја во [[Атина]], успеал да го убеди сообранието да склучи договор со [[Град-држава|полисот]] [[Аргос]] на [[Пелопонез]], вечен непријател на [[Спарта]], што за [[Спарта]] значело нова провокација.
Во 418 п.н.е. се одиграла најголемата копнена битка во [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни]], [[битката кај Мантинеја]] во која [[Спарта]] излегла како победник против сојузниците [[Атина]] и [[Аргос]]. 416 п.н.е. Атина пратила флота за опсада на островот [[Мелос]] одкако неговите жители одбиле да се приклучат на [[Делоски морски сојуз|Делоскиот морски сојуз]], и градот бил приморан да се предаде. Народното сообрание изгласало да се изврши егзекуција на сите машки воени заробеници, а жените и децата да се дадат во ропство, а [[Мелос]] да биде повторно населен со Атински колонисти.