Требеништа (некропола): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени (од 92.53.49.93) и ја поврати преработката 3858796 на Виолетова
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:14 Descamps.jpg|мини|Артефакт најден во Требениште|273x273пкс]]
'''Некрополата Требеништа''' се наоѓа југозападно од с. [[Горенци]] кое е во подножјето на планината [[Вишовски рид]], 1,5 км. јужно од с. [[Требеништа]], а на околу 9,5 км. северозападно од [[Охрид]]. Таа се простира вдолж магистралниот пат Охрид-Кичево-Скопје, на локалитетите Сува Чешма (Гробот), Три Чељусти и Вртуљка.<ref>http://mn.mk/istorija/13292-Trebeniste-arheoloska-riznica-na-Makedonija</ref>
 
== Историјата на ископувањата ==
 
Во текот на [[Првата светска војна]], во [[1918]] год. бугарската војска случајно открила неколку гробови од некрополата, по што следувале првите археолошки ископувања преземени од археолозите [[Богдан Филов]] и Карл Шкорпил.<ref>100 Years of Trebenishte, Софија 2018, стр. 17</ref> Како резултат на овие истражувања во [[1927]] год. за прв патпрвпат биле публикувани наодите од првите седум гробови (B.D.Filow, K.Schkorpil, ''Die archaische nekropole von Trebenischte am Ochrida-see'', Berlin und Leipzig 1927). Десетина години подоцна истражувањата ги продолжил [[Никола Вулиќ]], при што биле откриени уште шест нови гробови кои како и претходните содржеле богати гробни дарови. Требенишката некропола по ископувањата на Филов, а потоа и Вулиќ станал премет на научен интерес заради нејзиното големо значење и тој интерес до денес не е намален.<ref>Праисторија југословенских земаља, 5. том, Гвоздено доба, Сарајево, 1986.</ref> Следувале истражувањата на В. Лахтов и Ј. Кастелиц, В. Маленко, [[Паско Кузман]] и др.
 
== Поделба на гробовите ==
Ред 13:
== Гробни дарови ==
[[Податотека:Golden mask from the treasure found at Trebeništa.png|мини|Златната маска најдена во Требениште|269x269пкс]]
Од гробовите на требенишката некропола потекнуваат 825 предмети, од кои 258 се чуваат во Археолошкиот музеј во [[Софија]], 187 во Народниот музеј во [[Белград]] и 380 во [[Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид|Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид]]. Предметите кои посебно се издвојуваат потекнуваат од гробовите на А и В групата, т.н. кнежевски гробови. Такви се златните погребни маски, златни сандали, нараквици, златен и сребрен накит, масивните бронзени кратери, сребрени пехари и ритони, бронзени шлемови и др.
 
=== Златни погребни маски ===
Куриозитет претставуваат златните маски, кои се определуваат како култни предмети, односно се поврзуваат со одредени верувања и ритуали во врска со погребувањето, а се откриени во гробовите I, V, VIII и IX, од требенишката некропола<ref>100 Years of Trebenishte, Софија 2018 стр. 59</ref>. Веројатно дека тие се дело на локални мајстори, а како такви зборуваат за верувањата и ритуалите кај популациите кои ги населувале тие области. На територијата на Р. Македонија откриена е уште една маска во Охрид и еден фрагментиран примерок во Петилеп-Беранци. Погребни маски се откриени и во архајската некропола кај [[Синдос]], близу Солун и еден слабо сочуван примерок, од колекцијата Стататос, која се чува во Археолошкиот музеј во [[Атина]], а кој потекнува од халкидичко-долноповардарскиот простор.
 
Заедничка карактеристика на маските е втиснатата [[орнамент]]иката (меандар и спирала), што според некои научници е карактеристично за грчката уметност од VI век п.н.е., а според други за македонско-илирската уметност. Меѓутоа, во тоа време погребни маски не се познати во грчкиот погребен ритуал. Сличностите на овие погребни маски со микенските маски - портрети се формални, бидејќи [[Микена]] и Требениште ги разделуваат илјада години. Меѓутоа маските од Микена го евоцираат египетскиот обичај на обложуање на телото на покојникот со злато, па веројатно и маските од Требениште припаѓаат на иста инспирација<ref>100 Years of Trebenishte, Софија 2018 стр. 61</ref>. На маската откриена во гробот I, е претставена пчела. Пчелата се поврзува со јонскиот култ на божицата Мелиса ([[Артемида]]), која има критско, претхеленско појавување. Во [[Египет]] таа претставува еден од првите кралски симболи и во погребниот обреден систем ја претставува душата на дивинизираниот покојник, т.е. ја симболизира неговата моќ. Посредството на [[Крит]] во пренесувањето на овој обичај посочувано е од повеќе научници, а легендата за Кадмо и Хармонија можеби сведочи за доаѓањето на критски и кипарски колонисти во областа на Македонија. На [[Крит]] е потврдено постоењето на обичајот на хероизирање на покојникот. На [[саркофаг|саркофагот]]от од Хагија Тријада е прикажана сцена со претстава на мумифициран покојник со маска, а откриена е и маска во Мулијана на Крит, како и сребрени сандали од Библос.
 
=== Златни сандали, нараквици и надградник ===
Истото потекло и намена веројатно го имаат и златните "нараквици" и "сандали".
 
Златни "сандали" се откриени во гробовите II, VI, VII, VIII, X и XII. Тие се изработени од златен или позлатен сребрен лим во форма на стапало. Кај повеќето од овие сандали орнаментот е вегетабилен, односно се состои од палмети и розети, а единствено кај "сандалите" од гробот VIII е претставена Горгона и две свинги хералдично поставени. На двете сандали со некаков печат е втисната иста декорација, по три пати на секој примерок. Веројатно улогата на овие сандали е сепукрална, т.е. тие се наменети на покојникот, кому треба да му помогнат и да го штитат на патот до "оној свет". Како такви сандалите имаат хтонско-апотропејско значење. Најстар помен на вакво верување има кај Египќаните во т.н. [[Книга на мртвите]], според која до "оној свет" може да се дојде по два пата, едниот е по вода, а другиот е сувоземен пат, за кој на покојникот му се потребни чевли.
 
Меѓу предметите со култно значење е и надградникот откриен во гробот II. Тој е изработен од златен лим во форма на потковица, на кој е изведена композиција во форма на медаљон. Во центарот на медаљонот се претставени два лава, хералдички поставени. Нивните нозе се поставени врз седум кругови, какви што имаат и на подигнатите нозе.
 
=== Накит ===
Ред 34:
Меѓу движниот археолошки материјал се издвојуваат и неколку примероци од сребрени садови, односно два сребрени рога, откриени во гробовите I и VIII, како и сребрени пехари од гробовите III, V и VIII. Пехарите и ритоните се декорирани со златна орнаментална апликација изведена во техника на пресување и исчукување.
 
Двата рога по форма се исти, а единствено се разликуваат во димензиите. Тие на врвот имаат отвор кој служел за пиење и една алка за бесење која укажува на можноста да биле носени закачени на појасот па се претпоставува дека станува збор за војнички садови. Покрај утилитарната намена ритоните имаат и симболичко и култно значење. Во врска со тоа е и принесувањето на ритони како дел од мистично причестие, или симбол на предавањето на власта кај Пајоните, Македонците, но и кај Скитите, а веројатно и другите варвари. При што тие биле симбол на дивинизираниот покојник. Што се однесува до самото потеклото на ритоните, повеќето научници се согласуваат со нивната сириска или иранска провениенција.
 
Сребрените пехари меѓусебно се слични, а единствено малку се разликуваат во орнаментиката. Аналогни се со пехарите од [[Стара Загора]] во [[Тракија]]. Најголем број од научниците се согласуваат дека станува збор за малоазиски импорт, а датирани се во втора половина на V век пр.н.е.
 
Во гробовите I и VIII се откриени бронзени кратери кои меѓусебно се разликуваат по димензиите и по мотивите со кои се декорирани, меѓутоа стилски се аналогни. Кај кратерот од гробот I отворот е украсен со вегетабилна орнаментика, перли, плетена лента и ред фини перли. Декорацијата на вратот е со мотив на крава, а биле изведени шест фигури (од кои една денес недостасува) свртени на десно, прицврстени на основата со клинци. На рамото од кратерот изведен е орнамент во облик на заби. Ногата е ѕвонеста, посебно излиена, пластично декорирана со палмети, лотосови листови и редови од перли. Особено се впечатливи двете рачки на кратерот од големи листови со пластичен орнамент и редови на перли, потпрени на бисти од Медузи.
 
Кај кратерот од гробот VIII отворот е профилиран и декориран со палмети, под кои се изведени низа од перли и вертикални црти. На вратот се приковани четири коњаници, (по два од секоја страна) свртени на десно, со глава предадена во анфас. Коњите се претставени во галоп. Како и кај кратерот од гробот И и на овој сад рамото е украсено со низа листови во форма на заби. Двете рачки и во овој случај се особено убаво украсени. Тие лежат на крилести Медузи со змиски нозе, кои се потпираат на рамото од садот и завршуваат со змиски глави. Рацете на Медузите се свиени, а дланките се стиснати. На рамениците на Медузите, покриени со наметка, лежи коренот на волутите кој е украсен со крлуштен орнамент. Во гробот VIII откриен е и троножец на кој бил поставен кратерот. Нозете се изведени во облик на лавовски шепи и богато украсени со зооморфни и антропоморфни мотиви.