Хавиер Ернандес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
photo changed
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 21:
}}
 
'''Хавиер Ернандес Балкасар''' ({{IPA-es | xaβjer ernandes}}; роден на [[1 јуни]] [[1988]]) е [[Мексико|мексикански]] фудбалер, [[Напаѓач (фудбал)|напаѓач]] на [[ФК Вест Хем Јунајтед|Вест Хем Јунајтед]] и на [[Фудбалска репрезентација на Мексико|мексиканската репрезентација]]. Познат е по неговиот прекар, '''Чичарито''' (превод на мак. мал грашок), кој го носи на дресот.
 
Тој ја започнал својата кариера во мексиканскиот клуб [[ФК Чивас Гвадалахара|Гвадалахара]], пред да стане првиот мексикански играч што му се приклучил на [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] во јули 2010 година. По четири сезони со Јунајтед во кој освоил два наслова во Премиер лигата, Ернандес бил позајмен во Реал Мадрид во сезоната 2014-2015, пред да биде продаден на [[ФК Бајер Леверкузен|Бајер Леверкузен]] во август 2015.
Ред 28:
 
== Кратка биографија и раните години од живот ==
Хернандез е роден во [[Гвадалахара]] и за првпат играл во рекреативната лига кога имал седум години. Неговиот татко, [[Хавиер Ернандез Гутиерез]], и самиот претходно репрезентативен напаѓач на Мексико, изјавил дека никогаш не помислил дека неговиот син, всушност, ќе го направи тоа како професионалец. Хернандез и се приклучи на [[ФК Чивас Гвадалахара|Гвадалахара]] на возраст од девет години и го потпишал својот прв професионален договор кога имал 15 години. Тој бил избран да игра на Светско првенство на ФИФА за играчи под 17 години, но повредата го отстранила од тимот што на крајот го освои шампионатот.
 
Чичарито е син на на [[Хавиер Ернандез Гутиерез]], кој играл за мексиканскиот тим [[ФК Естудијантес Текос|Текос]] и за [[Фудбалска репрезентација на Мексико|Мекико]] на Светското првенство во фудбал 1986. Ернандез е истотака и внук на Томас Балказар кој истотака играл за [[ФК Чивас Гвадалахара|Гвадалахара]] и за [[Фудбалска репрезентација на Мексико|Мекико]], но на Светското првенство 1954. Балказар на тоа првенство во 1954 имал 22 години и постигнал погодок против [[Фудбалска репрезентација на Франција|Франција]], додека Хавиер Ернандез на [[Светско првенство во фудбал 2010|Светското првенство 2010]] постигна гол против [[Фудбалска репрезентација на Франција|Франција]] исто така на 22 години.
Ред 36:
Ернандез почнал да игра во пониската екипа на [[ФК Чивас Гвадалахара|Чивас]], [[ФК Чивас Гвадалахара резерви|Chivas Coras]] во сезоната 2005-06. Тој го направил своето деби за Чивас Гвадалахара во Апертура 2006 во победата над [[ФК Некакса|Некакса]] на [[Естадио Халиско]]. При резултат од 3-0, Чичарито влегол како замена за [[Омар Браво]] во 82 минута, пред да го постигне четвртиот гол во мечот пет минути подоцна. Тоа бил неговиот единствен гол во седумте настапи во сезоната 2006-07. Тој настапил на уште шест натпревари во сезоната 2007-08 без погодок.
 
Ернандез настапил десет пати во [[Примера Дивизион Мексико|Апертура 2008]] без да постигне гол, но тој постигнал четири гола во петнаесет настапи во [[Примера дивизија Мексико|Клаусура 2009]]. Во [[Примера Дивизион Мексико|Апертура 2009]], Ернандез го завршил првенството како најдобар стрелец , заедно со уште двајца други играчи со по единаесет гола, во седумнаесетте мечеви во кој настапи. На стартот на [[Примера Дивизион-Мексико|првенството 2010 година]] тој постигнал осум гола на пет натпревари. Тој завршил како заеднички-лидер на листата на стрелците во [[Примера Дивизион-Мексико|првенството 2010 година]], со десет гола во единаесет меча по пропуштените 5 натпревари поради повреда.
 
=== Манчестер Јунајтед ===
==== Трансфер ====
[[Податотека:Chicharito.ogv|thumb|250px|Ернандез на своето деби за Манчестер Јунајтед]]
[[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] за прв патпрвпат беа заинтересирани за Ернандез во октомври 2009 година; Скаутот отиде во Мексико подоцна во декември и изјави дека мислењето му е позитивно по гледањето на неколку меча. Поради возраста на Ернандез, клубот првично планираше да причека пред да потпише со играчот, но неговиот потенцијал и придонесот за националниот тим на Светското првенство беа пресудни во Јунајтед да побрзаат со правење на понудата. Главниот скаут на Јунајтед, Џим Лаулор, беше испратен во Мексико за три недели во фебруари и март за да го прати Ернандез и поднесе уште еден позитивен извештај за него, пред клупскиот адвокат да замине во Мексико да ја финализира документацијата.
 
На 8 април 2010 година, Ернандез склучи договор и потпиша за [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] за непозната сума, а повод за трансферот во овој период беше поднесувањето апликација за работна дозвола. Претходниот ден, Ернандез бил присутен на мечот на Манчестер Јунајтед во четврт-финалето на [[Лига на Шампиони|Лигата на шампионите]],кога беше победен [[ФК Баерн Минхен|Баерн Минхен]] на [[Олд Трафорд]]. Договорот беше спроведен во целосна тајност; агентот на Ернандез беше чуван во темница, како што беше и неговиот дедо [[Томас Балказар]]. Како дел од договорот, Јунајтед требаше да одигра пријателски натпревар против [[ФК Чивас Гвадалахара|Чивас]] за да го отворат нивниот [[Естадио Чивас|нов стадион]] на 30-ти јули. На 27-ми мај, работната дозвола му беше доделена, што му овозможи трансферот да му биде официјализиран на 1 јули.
Ред 51:
Чичарито го направил своето официјално деби на 8 август и веднаш го постигна својот дебитантски погодок во фантастичната победа на Јунајтед во [[2010 ФА Комјунити Шилд|ФА Комјунити Шилд]], против актуелниот шампион на Англија во тој момент [[Челзи ФК|Челзи]] од 3-1. Својот првенец го постигнал на почетокот на второто полувреме по пробивот на [[Антонио Валенсија]], каде што Ернандез погодил со глава. На 16 август, Хернандез го направил своето деби во [[Премиер лига]]та откако тој го заменил [[Вејн Руни]] во 63-тата минута на натпревар дома против [[ФК Њукасл Јунајтед|Њукасл]] во првото коло што завршило 3-0 за Јунајтед. Тој го постигнал својот прв гол и во [[Лига на Шампиони|Лигата на шампионите]] набргу потоа, на 29 септември, кога влегол од клупата за да го постигне единствениот гол во победата на гости против [[ФК Валенсија|Валенсија]] од 1-0. Ернандез го постигнал својот прв гол за Јунајтед во лигата во 2-2 ремито дома против [[ФК Вест Бромвич Албион|Вест Бромвич Албион]] на 16 октомври. Осум дена подоцна тој запрвпат постигнал два гола на еден меч за новиот клуб, воедно, постигнувајќи ги своите први голови во премиер лигата надвор од [[Олд Трафорд]], помагајќи му на [[ФК Манчестер Јунајтед|Јунајтед]] да дојде до 2-1 победа против [[Стоук Сити]].
 
Два дена од овој меч во кој тој бил херој, тој влегол од клупата за да го постигне победеносниот гол, односно својот прв гол во [[Лига куп]]от, во победата со 3-2 над [[ФК Вулверхемптон Вондерерс|Вулвс]] со што го испратил својот тим во четврт-финалето каде што потоа биле елиминирани од страна на [[ФК Вест Хем Јунајтед|Вест Хем Јунајтед]]. На 1 јануари 2011 година, тој повторно влегол од клупата за резерви за да постигне уште еден победоносен погодок, овој пат во лигашкиот меч со [[ФК Вест Бромвич Албион|Вест Бромвич Албион]] за гостинска победа од 2-1. Три дена подоцна Ернандез станал најефикасниот мексиканец во историјата на [[Премиер лига|Премиерлигата]], откако го отвори резултатот во победата над [[Стоук Сити]] на 4 јануари со 2-1. На 25 јануари, Ернандез го постигнал изедначувачкиот погодок во камбекот на Јунајтед, за кој придонел и Димитар Бербатов (со два гола) за гостинска победа од 3-2 над [[ФК Блекпул|Блекпул]] со пресврт во второто полувреме. Четири дена подоцна го постигнал својот прв гол во [[ФА Куп]]от кога бил прецизен во 2-1 победата над [[ФК Саутхемптон|Саутемптон]]. Следен меч во кој популарниот Чичарито се впишал во листата на стрелците бил дуелот со [[ФК Виган Атлетик|Виган]] во кој тој постигнал два гола, а [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] победил со 4-0 на гости. Осум дена подоцна, тој постигнал гол на [[Енфилд|Енфилд Роуд]] во последните секунди за да го ублажи поразот од лутиот ривал [[ФК Ливерпул|Ливерпул]]. Ернандез бил инволвиран со два гола во реванш мечот од нокаут фазата во [[Лига на Шампиони|Лигата на шампионите]] на домашен терен во победата над [[ФК Олимпик Марсеј|Марсеј]] праќајќи го Јунајтед меѓу осумте најдобри (четврт-финале) во Европа. На 2 април, тој го постигнал последниот гол против Вест Хем Јунајтед, кога [[ФК Манчестер Јунајтед|''црвените ѓаволи'']] дојдоа до пресврт од два гола негатива до 4-2 победа на [[Аптон Парк]] што беше голем чекор напред кон рекордната 19-та титула за [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] во англискиот фудбал. На 8 април, Чичарито беше селектиран како кандидат за наградата [[PFA млад играч на годината]] заедно со соиграчот [[Нани]]. Тој го отворил резултатот и во 2-1 реванш четврт-финале победата над [[ФК Челси|Челзи]] во [[Лига на Шампиони|Лигата на шампионите]], но бидејќи вкупниот резултат од двата меча бил 3-1 , Ернандез и неговите соиграчи се пласирале во полуфиналето. Тој ја продолжил својата одлична сезона и импресивна форма, со уште еден важен гол на 23 април во победата дома со 1-0 против [[ФК Евертон|Евертон]] во 81-та минута. И можеби најважниот гол во сезоната за него бил на 8 мај, кога Ернандез го постигнал првиот гол во 2-1 победата дома над Челзи, по само 36 секунди игра тој го отворил резултатот и му го осветли патот на својот тим кон освојувањето на титулата. Голот против Челзи го направи првиот играч по [[Руд Ван Нистелрој]] во сезоната 2001-2002 (тогаш тој заврши со 34), успеал да постигне 20 гола за клубот во неговата дебитантска сезона. Ернандез за својата фантастична деби сезона во Манчестер Јунајтед ја добил наградата [[Сер Мат Базби играч на годината]] на 18 мај која бил изгласана од страна на навивачите.
 
На 5 јули 2011 година, Ернандез беше избран за "Светски Голгетер 2011", со 13 гола, пред други играчи како што се [[Кристијано Роналдо]], [[Џузепе Роси]] и [[Лионел Меси]].
Ред 62:
=== Манчестер Јунајтед ===
*'''[[Премиер лига]]''' (1) : 2010-2011
*'''[[ФА Комјунити Шилд]]''' (1) : 2010
 
=== Мексико ===
Ред 73:
 
{{Состав на ФК Вест Хем Јунајтед}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ернандес, Хавиер}}
[[Категорија:Фудбалери на Чивас Гвадалахара]]