Синтетичка теорија на еволуцијата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 7:
Статијата на [[Сергеј Сергеевич Четвериков]] — „За некои проблеми на еволутивниот процес од гледна точка на современата генетика“ ([[1926]]) — всушност станала јадро на идната синтетичка теорија на еволуцијата и основа за натамошната синтеза на дарвинизмот и генетиката. Во оваа статија, Четвериков ја покажал компатибилноста на принципите на генетиката со теоријата на [[природна селекција]] и ги поставил основите на [[еволутивна генетика|еволутивната генетика]]. Главното еволутивно дело на С. С. Четвериков било преведено на англиски јазик во лабораторијата на Џон Сандерсон Холдејн, но никогаш не било објавена надвор од Русија. Со работите на Холдејн, [[Николај Тимофеев Ресовски]] и [[Теодосиј Григоревич Добжански]], погледите на Четвериков се распространиле на запад, каде речиси истовремено Роналд Фишер давал многу слични согледувања за еволуцијата на [[доминантност]]а.
 
Поттикот за развиток на синтетичката теорија дал нова хипотеза за [[рецесивност]]а на новите [[ген]]и. Зборувано со јазикот на генетиката од втората половина на XX век, оваа хипотеза вели дека во секоја група на организми, за време на созревањето на [[Гамета|гаметите]], како резултат на грешка во [[репликација]]та на [[ДНК]] постојано настануваат [[Мутација (генетика)|мутации]] — нови варијанти на гени.
 
Влијанието на гените врз градбата и функциите на организмот е [[Плеотропност|плеотропно]]: секој ген учествува во одредувањето на неколку признаци или својства. Од друга страна, секое својство зависи од многу гени; генетичарите го нарекуваат овој феномен [[генетска полимерија]] (генетски полимерни својства). Фишер вели дека плеотропијата и полимеријата го одразуваат заемодејството на гените, при што надворешната изразеност на секој ген зависи од неговата генетска околина (опкружување). Затоа рекомбинацијата, која создава нови генски комбинации, најнакрај создава за дадена мутација такво генетско опкружување кое дозволува мутацијата да се појави (изрази) во [[фенотип]]от на единката-носител. На овој начин мутацијата потпаѓа под дејство на природната селекција, селекцијата ги уништува комбинациите од гени кои го отежнуваат животот и размножувањето на организмите во дадена [[животна средина]], а ги одржува неутралните и погодните комбинации. Според ова, основата на синтетичката тероија е во преферирање на размножувањето на одредени [[генотип]]ови и нивно предавање на потомците. Како извор на генетското разнообразие синтетичката теорија ја смета рекомбинацијата на гените.
Ред 19:
Важен предуслов за појавата на нова теорија на еволуцијата била книгата „[[:en:The Causes of Evolution|Причинители на еволуцијата]]“ на англискиот генетичар, математичар и биохемичар Џон Холдејн, објавена [[1932]] година. Холдејн, кој работел на генетиката на индивидуалниот развиток, веднаш ја вклучил новата наука во барањето на решение на проблемот на [[макроеволуција]]та.
 
Често се создаваат големи еволуциски новини врз основа на [[неотенија]] (зачувување на младешките својства кај возрасниот организам). Со неотенија Холдејн го објаснил потеклото на човекот ("голиот мајмун"), како и еволуцијата на такви големи таксони како [[граптолити]]те и [[фораминифери]]те. Во [[1933]], учителот на Четвериков [[Николај Константинович Кољцов]] покажал дека неотенијата во животинското царство е широко распространета и игра важна улога во прогресивната еволуција. Таа води до морфолошко упростување, но притоа се зачувува богатството на генотипот.
 
Практично во сите историско-научни модели од [[1973]] година била наведена годината на појавување на СТЕ - во оваа година се појавила книгата на руско-американскиот генетичар и ентомолог-систематичар, Теодосиј Григоревич Добжански — „Генетиката и потеклото на видовите“. Успехот кој го доживеала оваа книга, Добжански го припишувал на тоа што тој бил истовремено природонаучник и експериментален генетичар. За него, [[Ернст Маер]] ќе рече:
Ред 27:
== Основни поставки на синтетичката теорија ==
 
Во 30-тите и 40-тите години од XX век постоела голема синтеза на генетиката и дарвинизмот. Генетичките идеи навлегле во систематиката, палеонтологијата, ембриологијата и биогеографијата. Поимот „современа“ или „еволутивна“ произлегува од името на книгата на [[Џулијан Хаксли]] — „''Еволуција: Современа синтеза“ ([[1942]]). Изразот „синтетичка теорија на еволуцијата“ во смисла каква што се употребува денес, за прв патпрвпат се среќава во делата на [[Џорџ Симпсон]] од [[1949]] година.
 
Авторите на синтетичката теорија не се согласувале за многу основни проблеми и работеле во разни области на биологијата, но тие биле практично единствени во толкувањето на следните главни поставки на синтетичката теорија:
Ред 46:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Еволутивна биологија]]
[[Категорија:Еволуција]]