Плаошник: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Светиклиментов универзитет: Јазична исправка, replaced: -та година → година using AWB
с →‎Претклиментов период: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 47:
Во 2002. била пронајдена монументална и богато декорирана ранохристијанска крстилница, каква што досега не е најдена во Македонија. Крстилницата е со огромни димензии, многу поголема од онаа во [[Стоби]], а украсена со прекрасни мозаици кои се со претстави на геометриски и животински фигури. Оваа крстилница била дел од најстарата, а воедно и по своите димензии најголема петокорабна базилика (од 5. век) што е откриена на Плаошник, под Светиклиментовата црква.<ref>[http://www.vest.com.mk/default.asp?id=41626&idg=3&idb=625&rubrika=Kultura Вест 08.09.2002: Се осветува Светиклементовиот храм на Плаошник]</ref>
 
Според археологот [[Паско Кузман]], особено богат е и македонско-хеленистичкиот период. Од тој период има остатоци од градби што значи дека тука имало населба во III-II век пр.н.е. и пронајден е многуброен движен археолошки материјал што потврдува дека Лихнидос бил урбано-развиен центар, монденски град на брегот на Охридското Езеро, покрај магистралата [[Вија Егнација]]. Според него, значајни наоди има и од Римскиот период од кој за прв патпрвпат во Македонија се открија подни мозаици во рамките на објект - бања. На мозаиците се презентирани: Тврдината, разни геометрски фигури, орнаменти. И во овој период има остатоци од објекти и храмови и се претпоставува дека таму бил и храмот на богот [[Дионис]].
 
Во Доцната антика, пак, на Плаошник, почнуваат да никнуваат ранохристијански базилики. Откриени се две монументални ранохристијански базилики - поликохалната црква во северниот дел и тробродната монументална базилика која се наоѓа околу самата Светиклиментова црква. Со овие истражувањa се откри и трета базилика чии основи поминуваат под патеката која што води до куќата на владиката Тимотеј, во близина на Плаошник.<ref>[http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=25154&rub=43 Култура во Македонија: Нови наоди на Плаошник]</ref>