Анри Динан: Разлика помеѓу преработките

Одземени 28 бајти ,  пред 2 години
с
Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
(додадена/изменета предлошка)
с (Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB)
[[Податотека:Jean Henri Dunant.jpg|right|thumb|Жан Анри Динан.]]
 
'''Жан Анри Динан''' ([[фр.]] ''Jean Henri Dunant''; {{роден на|8|мај|1828}} – {{починал на|30|октомври|1910}}) — [[Швајцарија|швајцарски]] претприемач и социјален активист. Во 1859 год., за време на деловно патување, бил сведок на последиците од [[Битката во Солферино]], во денешна [[Италија]]. Своите сеќавање и искуство ги запишал во книгата ''Сеќавање на Солферино'', која била инспирација за создавање на [[Меѓународен комитет на Црвениот крст|Меѓународниот комитет на Црвен крст]] (МКЦК) во 1863 година. Женевската конвенција од 1864 год. е базирана на идеите на Динан. Во 1901 год тој ја добил првата [[Нобелова награда за мир]] заедно со Фредерик Паси.
 
=== ''' Рани години и образование ''' ===
По враќањето во [[Женева]], во почетокот на јули, Динан решил да напише книга за неговите искуства, која ја нарекол ,,Сеќавањата на Солферино”. Била објавена во 1862 год., во издание од 1600 копии и била испечатена на сопствен трошок на Динан. Во рамките на книгата тој ја опишал битката, нејзината цена, како и хаотичните услови по нејзиното завршување. Исто така, тој ја развил и идејата дека потребно е во иднина да постои неутрална организација која ќе обезбедува грижа за ранетите војници. Книгата ја дистрибуирал до многу водечки политички и воени фигури во Европа.
 
Динан започнал и да патува низ Европа за да ги промовира своит идеи. Пошироко, неговата книга била позитивно прифатена, а Претседателот на Женевското општество за јавно богатство, правникот [[Густав Мојние]], овозможил книгата и неговите предлози да бидат тема на состанокот на организацијата одржан на 9 февруари 1863 год. Препораките на Динан биле разгледани и позитивно оценети од страна на членовите. Создале комитет од 5 лица за понатаму да ја продолжат можноста за нивно спроведување, а Динан бил еден од членовите. Другите биле Мојние, [[швајцарски|швајцарскиот]]от генерал на војската Хенри Дуфор, и докторите Луј Апија и Теодор Мајноар. Нивниот прв состанок, на 17 февруари 1863 год., денес се смета за датум на основањето на [[Меѓународен комитет на Црвениот крст|Меѓународниот комитет на Црвениот крст]].
 
Од почетокот па натаму, Мојние и Динан имале сè поголеми несогласувања и судири во однос на нивните сопствени визии и планови. Мојниер сметал дека идејата на Динан да основа неутрална заштита за оние кои ќе обезбедуваат нега за ранетите е неверојатна и го советувал Динан да не инсистира за таков концепт. Сепак, Динан продолжил да ја застапува оваа позиција во неговите патувања и разговори со високо рангирани политички и воени фигури. Тоа го засилило личниот конфликт помеѓу Мојние, кој зазел прилично прагматичен пристап кон овој проект, и Динан, кој бил визионерскиот идеалист помеѓу петте члена. Тоа го предизвикало Мојние да направи напори за напад на Динан и да се обиде да го преземе лидерството.
Во неговото понатамошо работење и застапување на своите идеи, тој продолжил да ја запоставува својата лична ситуација и приходот, и продолжил да паѓа во долгови, а бил избегнуван и од неговите познаници.
 
И покрај тоа што бил назначен за почесен член на националните општества на Црвениот крст на [[Австрија]], [[Холандија]], [[Шведска]], [[Прусија]] и [[Шпанија]], бил речиси заборавен во официјалниот говор на Движењето на Црвен крст, иако тоа се побрзо се ширело во новите земји. Тој живеел во сиромаштија, селејќи се на различни места во периодот помеѓу 1874-1886 год., вклучувајќи ги [[Штутгарт]], [[Рим]], [[Крф]], [[Базел]] и [[Карлсруе]]. Во Штутгарт го запознал Рудолг Милер, студент на универзитетот Тибинген, со кој станал близок пријател. Во 1881 год., заедно со пријатели од Штутгарт, за прв патпрвпат отишол во малото швајцарско село [[Хајден]]. Во 1887 год., додека живеел во [[Лондон]], почнал да добива мала финансиска поддршка од некои далечни роднини. Тоа му овозможило да живее малку посигурно, и во јули се преселил во Хајден. Остатокот од животот го поминал таму, а од 30 април 1892 год. живеел во дом за згрижување, со кој управувал д-р Херман Алтер.
 
Во Хајден ги запознал младиот учител Вилхелм Зондерегер и неговата сопруга Сузана, кои го охрабриле да го евидентира своето животно искуство. Сопругата на Зондерегер основала општинска организација на Црвен крст во Хајден, а во 1890 год. Динан станал нејзин почесен претседател. Динан се надевал дека заедно со Зондерегер и понатаму ќе ги промовира своите идеи, вклучувајѓи и ново издание на неговата книга. Сепак, подоцна нивното пријателство станало спорно заради неоправданите обвинувања на Динан дека Зондерегер, заедно со Мојние, во Женева, на некој начин подготвуваат завера против него. Зондерегер починал во 1904 год. на возраст од само 42 год. И покрај нивното спорно пријателство, Динан бил длабоко погоден од неочекуваната смрт. Восхитот на Вилхелм и Сузана Зондерегер за Динан, и покрај неговите обвинувања, бил пренесен и на нивните деца. Во 1935 год. нивниот син Рене издал збирка од писмата кои Динан му ги пишувал на неговиот татко.
регионот, а оставил и пари за пријатели и добротворни организации во Норвешка и Швајцарија. Остатокот од неговите средства отишол кај неговите доверители, делумно олеснувајќи го неговиот долг. Неговата неспособност целосно да ги избрише своите долгови било голем товар за него сè до неговата смрт.
 
Неговиот роденден, 8 мај, се слави како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Поранешниот дом за згрижување во Хајден денес е [[Музеј на Анри Динан]]. Во Женева и на други места постојат голем број улици, плоштади и училишта кои го носат неговото име. Највисоко одликување е медалот Анри Динан, кој се доделува секоја втора година од страна на комисијата на Движењето на Меѓународниот Црвен крст и Црвена полумесечина.
 
Неговиот живот, со елементи на фикција, е претсавен во филмот ''Дом а хом'' (1948 год.), во кој учествува Жан Луј Баролт, а периодот од неговиот живот кога бил основан Црвениот крст во меѓународната филмска копродукција ''Анри Динан: црвено на крстот'' (2006 год.). Во 2010 год. театарската група ''Такаразука Реву'' режирала мјузикл базиран на неговот време поминато во Солферино и основањето на Црвениот крст (''Зората во Солферино'' или ''Каде замина Хуманоста?'').
== Друго ==
* [[International Red Cross and Red Crescent Movement]]
 
 
== Наводи ==