Транквило Барнета: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: | language = French → | language = fr using AWB
с →‎Баер Леверкузен: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (2) using AWB
Ред 53:
Во следната сезона, иако имал многу послаби бројки; само еден гол и две асистенции, тој сè уште бил стандарден првотимец и одиграл 30 натпревари од кои 26 како стартер.
 
Сезоната 2007-08 била една од најдобрите во неговата кариера. Играчот од средниот ред постигнал 6 гола во Бундеслигата; на гостувањата против [[ФК Нирнберг|Нирнберг]] (победа 2-1), [[ВФЛ Волфсбург|Волфсбург]] (победа 2-1), [[ФК Херта|Херта]] (победа 3-0), Вердер (пораз 5-2) и [[ФК Дуизбург|Дуизбург]] (пораз 3-2) и на домашен терен против неговиот поранешен тим Хановер (победа 2-0). Покрај тоа, тој постигнал еден гол и во [[Куп на УЕФА|Купот на УЕФА]] во убедливата победа на гостувањето против [[ФК Цирих|Цирих]] со 5-0 на [[19 декември]] [[2007]], а тој натпревар бил посебен за него поради тоа што за прв патпрвпат излегол на терен со [[Капитен|капитенската лента]] на клубот. Со 23 години и 6 месеци, Барнета станал еден од најмладите капитени во историјата на Баер Леверкузен. Сезоната ја завршил со вкупно 44 настапи во сите конкуренции и 7 постигнати гола.
 
За сезоната 2008-09 во Леверкузен, дошле двајца одлични играчи од средниот ред како [[Ренато Аугусто]] и [[Тони Крос]], со цел да се поправи слабото 7. место од претходната сезона. Меѓутоа Барнета и во својата четврта сезона во клубот останал стандарден првотимец на позицијата лево крило; постигнал 4 гола во Бундеслигата против [[ФК Хофенхајм|Хофенхајм]] (победа 2-1), Волфсбург (победа 2-0) и Вередер (1-1) на [[Бај Арена]] и на гостувањето против [[ФК Хамбургер|Хамбургер]] (пораз 3-2). Баер Леверкузен ја завршил сезоната на разочарувачкото 9. место, но биле финалисти на [[Фудбалски куп на Германија|Купот на Германија]], каде загубиле со 1-0 од Вердер. Барнета играл во секој натпревар од купот па и во самото финале, а постигнал и еден гол во четврт-финалето против [[ФК Баерн Минхен|Баерн Минхен]] за победата со 4-2. Сезоната ја завршил со 37 настапи и 5 гола.
 
Во неговата петта сезона во клубот (2009-10), се појавил во игра во 32 натпревари од Бундеслигата и постигнал 4 гола против екипите на [[ФК Фрајбург|Фрајбург]] (два гола; победа 5-0), Мајнц (победа 4-2) и Хофенхајм (победа 3-0). Почнувајќи како стартер во 31 натпревар, Барнета дал огроме придонес за освојувањето на 4. место со само 2 бода помалку од третото место кое води во Лигата на шампионите. На [[17 април]] [[2010]] во натпреварот против [[ФК Штутгарт|Штутгарт]], за прв патпрвпат во својата професионална кариера бил [[Црвен картон (фудбал)|исклучен]], поради добивање на два жолти картони за само 3 минути; првиот во 16-тата, а вториот во 19-тата минута. Барнета играл и во двата натпрвари од Купот на Германија на Баер во оваа сезона.
 
Сезоната 2010-11, Барнета повторно ја започнал како првотимец, но набргу по почетокот на втората половина од сезоната, во пријателски натпревар го повредил медијалниот менискус на десното колено кое го извадило од акција за 8 недели.<ref>[http://mundilev.wordpress.com/2011/01/19/tranquillo-barnetta-injured-for-several-weeks/ Tranquillo Barnetta injured for several weeks]</ref> Во 27-мото коло од Бундеслигата, тој се вратил на терен влегувајќи на местото на Ренато Аугусто за последните 2 минути од натпреварот. До крајот на сезоната тој одново бил стандарден и не пропуштил ниту еден натпревар, а сезоната ја завршил со два постигнати гола и двата пред повредата: против [[ФК Борусија Дортмунд|Борусија Дортмунд]] (победа 2-0) во август и против [[ФК Келн|Келн]] (победа 3-2) во декември. Вкупно одиграл 25 натпревари во сезоната.