Филипо Брунелески: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 29:
[[Лоренцо Гиберти]] предложил готски проект, по што поротата одлучила Брунелески да работи заедно со него, но Брунелески се налутил и заминал во Рим, каде што започнал да студира античка архитектура.
 
Во Рим студирал заедно со својот голем пријател [[Донатело]]. Врз основа на студиите започнал да ги применува правилата на линеарната перспектива. Во своите дела не се водел само од конструкцијата на античките градби. При изградбата на куполи, куполата на катедралата во Фиренца само по изглед изгледа како [[Пантеон]], а конструкцијата е нова.
 
Починал на [[15 април]] [[1446]] година во родиот град и бил погребан во подземните одаи на катедралата Санта Марија дел Фјоре.
Ред 38:
Во 1401 година, на конкурсот за изградба на портите за крстилницата во [[Фиренца]], Брунелески го покажал своето знаење и сфаќање на ренесансната уметност.
[[Реализам]] мот од времето на [[ренесанса]]та не произлегувал од обновувањето на античката уметност, туку од потребата да се задоволат човечките потреби и можноста да се користат достигнувањата на античката уметност.
 
За разлика од архитектонските дела, скулптурата не само што се појавува во многу облици карактеристични за [[хуманизам|хуманизмот]], туку е различна од архитектонските дела и претставува посебно уметничко дело. Се смета дека на конкурсот на којшто учествувал Брунелески, бил направен исчекорот кон ренесансната уметност. Со Брунелески, зградата не го совладала човекот, туку за прв патпрвпат човекот со [[пропорција]] дошол до законот за просторот и со примена на [[математика|математичкиот]] модел на [[романска архитектура|романската архитектура]] до законитоста за разликата на случајноста во романскиот простор.
 
Брунелески добивал инспирација од средината од потекнувал, односно од [[романска архитектура|романската]], [[готска архитектура|готската]] и [[тосканска архитектура|тосканската архитектура]].
 
=== Сиропиталишна болница ===
[[Податотека:Spedale degli Innocenti.JPG|мини|десно|180п|Сиропиталишната болница во Фиренца]]
Во 1419 година, Брунелески започнал да работи на изградбата на фиренската Сиропиталишна болница, која се смета за карактеристичен претставник на ренесансната архитектура.
 
Долгиот чардак бил редок пример во кривите и тесни улици на Фиренца, а впечатливи станале и куполите, висока 8 m. Сепак, градбата била достоинствено возвишувана. Нејзината надвореност била без мермерни делови и гравури. <ref>Heinrich Klotz, ''Filippo Brunelleschi: the Early Works and the Medieval Tradition'', Academy Editions, London, 1990.</ref> Градбата била првата во Фиренца, во којашто забележителни биле [[антика|античките елементи]]. Болницата била завршена околу 1445 година.
При изградбата на оваа градба, Брунелески бил инспириран од романската и тосканската архитектура, со оглед на тоа дека никогаш не се водел од стиловите на античката архитектура, како што вообичаено се наведува. Всушност, неговата цел била да создаде нов архитектонски правец со употреба на елементи од античката архитектура и да воспостави ново сфаќање на хармонијата и убавината.
 
=== Куполата на катедралата Санта Марија дел Фјоре ===
[[Податотека:Cupola di santa maria del fiore dal campanile di giotto, 02.JPG|мини|десно|180п|Куполата на црквата Санта Марија дел Фјоре]]
За изградба на куполата, на почетокот на 15. век бил распишан конкурс, на кој задачата ја добил Филипо Брунелески. Во проектот се предвидувала изградба на осмоаголна купола, која требала да се изгради од 1420 до 1434 година.
 
Куполата била изградена на надвор, од цигли кои биле додавани во вид на рибји коски, без употреба на скеле. Куполата е трета по должината на пречникот, веднаш по куполата на [[Базилика Свети Петар|базиликата Свети Петар]] во [[Рим]] и [[Пантеон]]от.
 
Градбата е тешка 37.000 тони и е изградена од 4.000.000 цигли. Брунелески изработил неколку модели и слики за време на создавањето на конструкцијата и морал да анализира посебни машини за оваа работа. За време на изградбата, тој конструирал голем дрвен кран, кој служел за кревање на градежниот материјал. Исто така биле употребувани и железни ланци, на кои биле затегнати камењата, кои служеле како темел на конструкцијата. На овие планови им се потсмевал Гиберти и ги нарекувал невозможни.
 
Задачата да се засводи огромниот простор меѓу столбовите ја започнал во 1420 година. За таа цел ги употребил пронајдоците карактеристични за [[готска архитектура|готската архитектура]]. Неговото решение се сметало за чудо на градежната техника. Градбата траела до 1434 година.
 
Брунелески не ја видел куполата во денешниот изглед, бидејќи по неговата смрт била дополнета со златна топка.видео у садашњем изгледу и после његове смрти је купола допуњена латерном и златном куглом. Пречникот на куполата изнесува 42 m, што е за само 1,2 m помалку од најголемата купола на светот, куполата на античкиот Пантеон.
 
=== Црквата Сан Лоренцо ===
[[Џовани Медичи]] му ја доверил на Брунелески изградбата на [[Црква Сан лоренцо (Фиренца)|црквата Сан Лоренцо]], којашто станала погребна капела на семејството [[Медичи]]. Изградбата траела од 1420 до 1428 година и истата се смета за ремек-дело на раната ренесанса. Нејзината внатрешност потсетува на троделна романска базилика.
 
Во периодот од 1421 до 1440 година, работел на изградбата на ризницата во црквата.
Ред 71:
[[Податотека:Santo Spirito, inside 1.JPG|мини|лево|150п|Внатрешноста ан црквата Сан Спирито]]
Од спротивната страна на реката [[Арно]], во однос на црквата Сан Лоренцо било предвидено да биде изградена црката Сан Спирито, за чијашто изградба бил ангажиран Брунелески.
Планот бил подготвен во 1428 година, а благодарение на големиот придонес на богатите фирентински семејства, изградбата започнала во 1436 година и траела и по смртта на архитектот.
 
Црквата, денес се смета за еден од најубавите ренесансни цркви во Фиренца.
Ред 84:
Неговите цивилни градби се одликуваат со цврст и стабилен изглед. Првите катови биле изградени од посебно обработен камен, за разлика од погорните катови, за кои е карактеристична употребата на полесно обработен камен. Овие градби претставуваат математичка композиција, бидејќи трите ката како поединечни делови биле меѓусебно поврзани со полукружни лакови на прозорските отвори, кои создаваат геометриска целина.
 
Брунелески го изработил проектот за најголемата палата на семејството Пити, која поради својата големина не можела да биде довршена додека архитектот бил жив и била довршена дури во 1577 година.
 
== Список на најзначајни дела ==