Арјен Робен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Ејндховен → Ајндховен using AWB
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (2), втор пат → вторпат using AWB
Ред 90:
=== Светско првенство 2006 ===
 
Робен играше во првите за него квалификации за Светското првенство во 2006 година. На шест натпревари за Холандија, Робен постигна два гола. Холандија се пласираше на Светското првенство 2006 и на премиерниот натпревар против Србија и Црна Гора, Робен го постигна победоносниот погодок во 18-та минута и беше прогласен за играч на натпреварот. На натпреварот против Брегот на Слоновата Коска, Робен ја доби оваа награда по втор патвторпат, со тоа станувајќи еден од осумтемина играчи на првенството што ја добиле наградата за играч на натпреварот повеќе од еднаш.
 
=== Европско првенство 2008 ===
Ред 98:
=== Светско првенство 2010 ===
 
Робен беше избран од холандскиот селектор, Берт ван Марвијк, во финалниот состав од 23 играчи за Светското првенство. На последниот пријателски натпревар со Унгарија, непосредно пред летот за Јужна Африка на 4-ти Јуни, Робен падна незгодно кон крајот на натпреварот и заработи повреда на тетиватакоја предизвика загриженост околу неговата спремност за Светското првенство. На 5-ти Јуни, Ван Марвијк објави дека одлучил да не повика замена за Арјен. Сакам да му ја дадам секоја шанса да настапи на Светското првенство. На 12 Јуни 2010, Арјен пристигна во Јужна Африка и се приклучи на тимот. Тој не влезе во игра од клупата, на премиерниот натпревар против Данска, кој го добија без многу напор со резултат 2-0, и повторно во победата од 1-0 над Јапонија. Тој влезе во игра во 73-та минута против Камерун во победата од 2-1, и ја погоди стативата, по што Клас-Јан Хунтелар по одбиената топка постигна гол. На 28-ми Јуни 2010, тој за прв патпрвпат го започна натпреварот против Словачка, и го постигна првиот погодок во елиминационата фаза од натпреварувањето, натпревар кој го доби Холандија со 2-1. Тој, исто така ја доби наградата за играч на натпреварот. Робен го постигна третиот гол, со добро пласиран удар со глава, во полуфиналето против Уругвај, што го доби Холандија со 3-2 и се пласираше во финалето. Робен го одигра целиот финален натпревар, што го загуби Холандија со 1-0 од Шпанија. Исто така, Робен беше номиниран и за “златна топка” на Светското првенство, награда за најдобриот играч на првенството 2010 која ја освои Диего Форлан.
 
== Приватен живот ==
 
На 9-ти Јуни 2007 година во Гронинген, Робен се ожени со неговата девојка Бернадин Елер. Двајцата се запознале во средно училиште во градот, Камерлин Он. Тие имаат два сина, Лука роден 2008 година и Каи роден 2012 година, и една ќерка Лин родена 2010 година. Таткото на Робен, Ханс, работи како негов менаџер. Околностите под кои за прв патпрвпат се запознале Арјен и Бернадин ги соопшти неговиот поранешен младински тренер, Баренд Белтман.”Ајрен беше мотивиран и решителен уште од мала возраст. Тој беше секогаш точен, никогаш не доцнеше. Но, едно петочно попладне, тој се појави со 15 минутно задоцнување на тренингот. Го прашав што се случува. Бевме на пазарот на плоштадот, се забавувавме, рече тој. Имаше некои девојки и неговите пријатели, па го прашав, Дали е вредна? Да тренер, вредна е, рече. Му реков да ја облече опремата и да се вклучи на тренингот. На неговата свадба, слушнав дека жената што ја запозна тој ден, сега е негова жена и мајка на неговите деца. Бернадин е нејзиното име.”
Робен,течно зборува: холандски, германски, англиски и шпански.