Чаковец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Прв пат → Првпат using AWB
Ред 73:
 
==Историја==
Според записите на Страбон, во римско доба, на местото на денешен Чаковец била Аквама ({{lang-la|Aquama}}), војна станица и легионерски камп.
 
Името на градот доаѓа од грофот Димитриус Чаквија, кој на почетокот на 13 век подигнал дрвена тврдина, подоцна наречена „Чакова кула“. Прв патПрвпат е спомената во 1328 година. Во службените записи населбата се појавува во 1333 година. Од 1350 до 1397 година, Чаковец е во сопственост на семејството Лацковиќ. Значаен економски и културен раст Чаковец доживува после 15 март 1547 година кога Никола Шубиќ Зрински од Сигет станал сопственик на подрачјето. Во тоа време, дворецот бил богато украсен, опкружен со парк и скулптури на познати војсководци и владетели. Грофот Јурај IV Зрински им дал привилегии на жителите на чаковечката тврдина и околните населби на 29 мај 1579 година, што било почеток на претворање на Чаковец во слободен трговски град. Тој ден се прославува како Ден на градот. Во текот на 18 век Меѓимурје е во посед на австриско-чешкото семејство Алтан, кое борави во Чаковец и значајно го надградуваат Стариот Град. Во 1738 година, градот е разрушен од земјотрес, а во 1741 година е изгорен од пожар. Уште еден земјотрес го погодил градот во 1880 година. Кон крајот на 18 век, сопственици на градот стануваат грофовите Фештетиќи, а во градот се развила индустрија и трговија. Во 1848 година, банот Јосип Јелачиќ го ослободил Чаковец од Унгарците и го припоил кон Хрватска, а во 1893 година во градот првпат е воведена електрична струја. Од 1941 до 1945 година, градот бил под унгарска окупација. Во 1945 го ослободила советската Црвена армија.
 
==Архитектура и знаменитости==
Ред 86:
 
==Економија==
Чаковец е економски, културен и административен центар на Меѓимурската Жупанија. Стопанството на градот се заснова на металопреработувачката индустрија, производството на храна, дрвопреработувачката индустрија, градежништвото и трговијата.
 
Друг важен историски споменик во Чаковец е францисканската црква и манастир на Францисканскиот Плоштад. Манастирот е изграден на место на поранешен дрвен манастир кој го основал Никола Зрински. Денешниот е изграден постепено меѓу 1702 и 1750 година. Црквата Св. Никола (1707-1728) во внатрешноста има барокен инвентар, а надворешноста ја краси репрезентативна фасада, која е украсена со кипови на светци. Камбанаријата потекнува од средината на 18 век (1753-1757) и исто така е изградена во барокен стил.
 
Во самиот центар на Чаковец се наоѓаат Францисканскиот Плоштад, Плоштадот на Републиката и улицата која ги спојува – улица Крал Томислав. Во тој простор се наоѓа низа куќи од 18 и 19 век изградени во доцнобарокен и класичен стил, кои својот денешен изглед го добиле кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.
 
Најраскошна од сите градби во центарот на Чаковец е бившото Трговско казино, изградено во стил на унгарската сецесија, со фасада со комбинирани украси од тули и малтер. Зградата е подигната во 1903 година, архитект бил Одон Хорватин, а била наменета за потребите на чаковечкото здружение на трговци. Објектот служел како друштвено собиралиште на богатите граѓани, а во него се наоѓале просторија за картање, читална и танцов салон. После Втората светска војна зградата служела како библиотека, а подоцна како седиште на синдикатот.
Ред 97:
 
==Култура==
Во градот делуваат повеќе установи на културата: Музејот на Меѓимурје Чаковец во Стариот Град чува 17.000 вредни предмети, библиотеката и Центарот за култура, кои се исто така од жупаниско значење. Библиотеката Никола Зрински нуди бројни печатени дела како и мултимедијални содржини на граѓаните од целата жупанија, а Центарот за култура организира годишно преку 700 програми.
 
==Галерија==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Чаковец