Разлика помеѓу преработките на „А. ден Долард“

Додадени 48 бајти ,  пред 1 година
с
Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (2) using AWB
с
с (Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (2) using AWB)
 
== Книги за Македонија ==
А. ден Долард често ја посетувал и [[Македонија]]. Поттикнат од [[Охрид]] и убавините на [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]], го напишал романот „[[Свадбата на седумте Цигани]]“ (''De bruiloft der zeven zigeuners''), кој за прв патпрвпат бил објавен во 1939 година, а потоа доживеал многу изданија. Главното дејство во романот се одвива во градот Охрид и покрај Охридското Езеро, поради што оваа книга се смета за значаен фактор во претставувањето на Охрид и Македонија кај пошироката читателска јавност во [[Холандија]].<ref name="ReferenceA">Јузмески, Мишо: „Пофални слова“, Благоевград 2006 </ref>
 
А. ден Долард во Македонија нашол инспирација и за други книги<ref>Јузмески, Мишо: „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“, Охрид, 2012</ref>:
Во „Пофални слова“, во статијата под наслов „Охридска љубовна легенда“, Јузмески пишува:
 
{{Цитат|'''''„Оваа приказна со среќен завршеток А. ден Долард ја има пишувано во период од 6 години. Првите редови ги испишал во Скопје, во март 1933 година. Потоа, делото го продолжува на релацијата Белград - Охрид, во август и септември 1938, за конечната форма да ја даде во Холандија, во почетокот на 1939 година. Книгата е објавена во предвечерјето на Втората светска војна, во едно многу тешко и несреќно време, кога животот во Охрид е далеку од романтиката. Наспроти тоа, авторот го одбрал најубавото што можело да се најде, и така успеал да создаде една многу романтична приказна. Не заборавајќи притоа да уфрли делче од историјата, природните убавини и културното наследство присобрани од бреговите на Охридското Езеро. Како роден Холанѓанец, А. ден Долард знаел што му недостига и по што копнее холандскиот човек. Затоа, не случајно, знаел каде да ја смести приказната за Бранко и Душка: меѓу планините што го опкружуваат синилото на езерото, покрај ѕидовите на многувековните манастири и тврдини.“<ref name="ReferenceA">Јузмески, Мишо: „Пофални слова“, Благоевград 2006 </ref>'''''}}
 
== Споменик на А. ден Долард во Охрид ==
* Писателот и истражувач Мишо Јузмески има објавено неколку статии во кои ги обработува ликот и делото на холандскиот писател:
 
{{Цитат|'''''„Во есејот „Свадбата на седумте Цигани“, објавен за прв патпрвпат во 2002 година, Јузмески зборува за откривањето на книгата и нејзиното значење при зајакнувањето на холандско-македонските врски. Во есејот „Охридска љубовна легенда“ авторот прави осврт на содржината на романот „Свадбата на седумте Цигани“ и уште еднаш ја истакнува улогата на книгата во развојот на соработката меѓу Холанѓаните и Македонците.“<ref name="ReferenceA">Јузмески, Мишо: „Пофални слова“, Благоевград 2006</ref><ref>„Охридски новини“ број 38/39, Охрид 2006</ref>'''''}}
 
* Во 2006 година беше издаден и македонскиот превод на „Свадбата на седумте Цигани“, под наслов „Свадба во Охрид“. <ref>А.ден Долард: „Свадба во Охрид“ Охрид 2006</ref>
* На 19 јуни 2011 година во Културниот центар „[[Култура 365]]“ во Охрид е отворена спомен-соба на А. ден Долард со изложба на книги и документи со кои се објаснува животот и делото на писателот.<ref>[http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=1D229904FF42CB41A860E88B833E7E69 Културните настани во Охрид ќе се негуваат преку целата година преку „Култура 365“]</ref><ref>[http://issuu.com/misho_yuzmeski/docs/adendoolaard Изложба за А. ден Долард 2011]</ref><ref>[http://issuu.com/misho_yuzmeski/docs/a_den_doolaard_12 Изложба за А. ден Долард 2012]</ref>.
* Во 2012 година беше објавена книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ од Мишо Јузмески<ref>[http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F0A28CE7C6691C4DBAD5776A24AAE62A Утрински весник за „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ од Мишо Јузмески]</ref>; истата година се појави преводот на англиски, а во 2013 и на холандски јазик<ref>[http://www.vbm.mk/cobiss Виртуелна библиотека на Македонија]</ref>.