Хари Потер и Редот на фениксот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Список на поглавја: clean up, replaced: Листа на → Список на using AWB
с →‎Заплет: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 61:
Учениците херојски се борат против Смртојадите, но тие се многу поискусни од нив. Тие се речиси поразени, но членовите на Редот одеднаш пристигаат за да им помогнат. За време на жестоката битка, стаклената сфера е скршена и пророштвото изгубено. Сириус е погоден со магија од неговата братучедка Смртојадка, Белатрик Лестранж, и паѓајќи наназад, исчезнува низ мистериозниот свод од вел. Ремус Лупин го спречува Хари, кој сака да го следи и да го спаси Сириус, кажувајќи му дека Сириус е мртов. Дамблдор пристигнува и Смртојадите, освен Лестранж, се фатени. Лорд Волдеморт се појавува и води двобој со Дамблдор кога вработените во Министерството за Магија пристигнуваат на време да го видат Мрачниот Господар пред да се дисапартира, земајќи ја Лестранж со него. Корнелиус Фаџ конечно признава дека Волдеморт е вратен и интервјуто на Хари со Рита Скитер е повторно отпечатено во Дневниот Пророк.
 
Подоцна Дамблдор му се извинува на Хари поради тоа што ги заджувал информациите од него во изминатата година. Тој му го открива изгубеното пророштво, затоа што на него му било речено за прв патпрвпат. Пророштвото гласи:
 
„Оној со моќта да го уништи Мрачниот Господар доаѓа... роден од тие кои трипати го победиле, роден на умирањето на седмиот месец... и Мрачниот Господар ќе го означи како рамен на него, но тој ќе ја има моќта незнајна за Мрачниот Господар... и еден од нив мора да умре од раката на другиот затоа што ниеден не може да живее додека другиот дише... оној со моќта да го уништи Мрачниот Господар ќе биде роден кога седмиот месец ќе умира...“