Разлика помеѓу преработките на „Британска Империја“

с
→‎Истражување на Пацификот: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с (Јазична исправка, replaced: Британската империја → Британската Империја (5) using AWB)
с (→‎Истражување на Пацификот: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB)
Уште од 1718 година, испраќањето во американските колонии било казна за разни криминалци во Британија и годишно преку Атлантикот се испраќале 1000 осуденици. По загубата на Тринаесетте колонии, британците биле принудени да пронајдат алтернативна локација, па така британската влада се насочила кон новооткриената земја – Австралија. Западниот брег на Австралија бил откриен од страна на холандскиот истражувач Вилем Јанц во 1606 година и подоцна била именувака како Нова Холандија, но немало обиди за нејзина колонизација. Во 17770 година Џејмс Кук го открил источниот брег на Австралија и на едно научно патување во Јужниот Тихи Океан тој го барал континентот за Британија и го именувал Нов Јужен Велс. Во 1778 година Јозеф Бенкс, ботаничарот на Кук на патувањето, и покажал докази на британската влада дека има соодветни ботанички услови на Ботанскиот Залив за основање на казнена населба и во 1787 година испловил првиот брод со осуденици кои пристигнале во 1788 година. Британија продолжила да испраќа осуденици во нов Јужен Велс се од 1840 година. Австралиските колонии станале исплатливи извезувачи на волна и злато најмногу поради интензивните златни трески во колонијата Викторија чија престолнина бил [[Мелбурн]], најбогатиот град во светот и најголем по Лондон во Британската Империја.
 
За време на своето патување Кук исто така го посетил и Нов Зеланд кој прв патпрвпат бил откриен од страна на холандскиот истражувач Абел Тасман во 1642 година и го барал Северот и Југот за бртинаскиот кралски двор во 1769 и 1770 година. Прво, комуинкацијата помеѓу домородното население Маори и европејците била ограничена на размена на стоки. Европските населби се зголемиле за време на првите децении од 19-тиот век, благодарение на бројните трговски места кои се основале, особено на северот. Во 1839 година компанијата на Нов Зеланд објавила дека планира да купи големи земјишни површини и да основа колонии во Нов Зеланд. На 6-ти февруари 1840 година, капетанот Вилијам Хобсон и околу 40 главатари на маорите го потпишале договорот од Ваитанги. Овој договор многумина го сметаат како договор со кој се создал Нов Зеланд, но со оглед на различното толкување на англиската и верзијата на маорите овој остров сѐ уште е спорна тема.
==Војна со Наполеонска Франција==