Лујџи Ноно: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (3) using AWB
Ред 4:

== Живот и дело ==
Од [[1943]] до [[1945]] учи композиција со [[Малипјеро]] на [[Конзерваториумот во Венеција]], во време кога музиката на [[Втората Виенска Школа]], [[Игор Стравински]] и [[Бела Барток]] се изучува во полн ек. Тоа врз Ноно ќе остави траги во музичката мисла, особено во првите години. Два фактори се многу важни во развојот на музичкиот јазик на Ноно: искуствата од [[Втората Светска Војна]] и познанството со [[Бруно Мадерна]]. Во [[1948]] тој и Ноно посетуваат курс по диригирање кај [[Херман Шеркен]] во [[Венеција]], кај кој подоцна ќе продолжат да ги изучуваат композиторските техники на [[Бах]], [[Бетовен]], [[Арнолд Шенберг]] и [[Антон Веберн]]. Токму Шеркен ќе биде оној кој ќе претстави едно од првите дела на Ноно ''[[Канонски Варијации на Серијата од оп. 41 на Шенберг]]'' (''Variazioni canoniche sulla serie dell’op.41 di Schönberg'') во [[Дармштад]]. Подоцна посетува предавања по композиција кај [[Едгар Варез]]. [[Дармштад]] го посетува сè до крајот на [[1950-ти]]те години каде многу негови дела биле за прв патпрвпат изведени, се жени за ќерката на [[Арнолд Шенберг]], Нурија Шенберг, а станува и професор.
Ноно го шири својот опус на пријателства со луѓе од различни области, меѓу кои најпродуктивни се оние со сликарот [[Емилио Ведова]] и архитектот [[Ренцо Пијано]]. Филозофското влијание од [[Сартр]], поезијата на [[Федерико Гарсија Лорка]], [[Елуард]], [[Чезаре Павезе]] допринесуваат за неговиот сензибилитет кој е уникатен меѓу неговите современици. Текстот на прогонетите затвореници во делото ''[[Прекинатото Пеење]]'' (''Il Canto Sospeso'') од [[1955]]-[[1956]] година е фрагментиран и варира од јасно рецитирање до напластување на текстури во зависност од структурата. Ноно овој начин го искористува и во понатамошните композиции.
''[[Интолеранција 1960]]'' (''Intolleranza 1960'') е дело каде Ноно за прв патпрвпат целосно ја остварува идејата на [[музички театар]], во кој токму политичките идеологии и нивната звучна контекстуализација доаѓаат до конкретен резултат. Нереализираноста од ова дело го втурнува Ноно во поголемо користење на [[електронските звуци]]. ''[[La Fabbrica Illuminata]]'' од [[1964]], ''[[A floresta è jovem e cheja de vida]]'' од [[1966]] и ''[[Y entonces comprendió]]'' [[1969]]-[[1970]] се резултати од ова истражување на гласот и неговото "[[алтер его]]" - [[електронската музика]].
Во [[1979]] Ноно ја менува музичката мисла со [[гудачкиот квартет]] ''[[Fragmente–Stille, an Diotima]]'', творејќи на едно поапстрактно ниво.

Музиката на Лујџи Ноно може хронолошки да се подели на два дела:
1. период од [[1950]] до касните [[1970-ти]] каде што музичката мисла е длабоко поврзана со неговите социо-политички идеологии со најчеста примена на [[додекафонијата]] и [[сериализмот]] и
2. период од касните [[1970-ти]] до неговата смрт во [[1990]], кога се концентрира на музичкиот материјал и вниманието на звукот, начините на слушање и изведување, каде Ноно истите етички идеологии ги пренесува на еден поинтимен начин.
Во овој втор период Ноно воведува новини и на планот на формата користејќи неконтинуирани фрагментации и електроника во живо. Тие години носат огромни идеолошки размени со филозофот [[Масимо Качари]], како и тесни пријателства со извонредни музичари како флејтистот [[Роберто Фабричани]], пијанистот [[Маурицио Полини]], звучниот техничар [[Алвизе Видолин]] и резиденцијата во ''[[Experimentalstudio der Heinrich-Strobel-Stiftung]]'' во [[Фрајбург]], кои ќе му донесат неисцрпна техничка помош во реализација на делата за [[електроника во живо]] (''live electronics''). [[Фрајбург]] е местото каде Ноно за прв патпрвпат ќе си овозможи со помош на електрониката да го трансформира звукот во живо и негова [[дифузија]] во просторот. Најголемиот проект што резултира во овој втор период е ''[[Прометео]]'' (''Prometeo'') реализирано во [[1984]], каде архитектот [[Ренцо Пијано]] конструира гигантска резонантна дрвена структура каде овој вид на "сценска акција" е изведена. Пред својата смрт, Лујџи Ноно реализира неколку дела со еден или повеќе [[инструменти]] во придружба на [[електроника во живо]] како: ''[[Quando stanno morendo (Diario polacco no.2)]]'' во [[1982]], ''[[Das atmende Klarsein]]'' од [[1981]] по текст на [[Рајнер Марија Рилке]], ''[[Post-prae-ludium no.1 ‘per Donau (eschingen)]]'' за [[туба]] и [[електроника во живо]] од [[1987]].

== Извори ==
Ред 13 ⟶ 12:

{{Нормативна контрола}}

{{DEFAULTSORT:Ноно, Лујџи}}

[[Категорија:Италијански композитори]]
[[Категорија:Композитори на класична музика од 20 век]]