Македонско прашање: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство using AWB
с →‎Бугарска гледна точка: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 19:
Според еден од основачите на ВМОРО - Христо Татарчев, идејата за слободата на Македонија се појавила кај ''македонско-бугарскиот народ'' по силата на оној неминовен универзален закон во животот на народите, за развивање и конкретизација на мислата и волјата како народносно самосознание и историска реалност и таа негова фантазија најпосле се обејективизирала во почетокот на 1893 год. во форма на конспиративна организација - ВМОРО. Дури Македонскиот историчар Крсте Битовски смета дека не постоjaт дилеми како се викала ревoлуционерната организација во Македониjа при нејзиното формирање во 1894 година и дали познатиот недатиран Устав кој Организацијата кој ја нарекува „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“ е прв. Бугарската наука смета и дека Илинденско востание од 1903 година било кренато поради инсистирањето на Иван Гарванов, непобитен Бугарин, кој како раководител на ВМОРО, во мај 1903 завршил во затвор поради Солунските атентати. Пред самиот почеток на Балканските војни во 1912 година сите чети и одреди на ВМОРО, формациски биле вклучени во составот на Македонско-одринското ополчение. Со тоа македонските одреди и чети станале дел од Бугарската армија и ја примиле нејзината организациона структура. Во време на Првата светска војна, ВМОРО привремено престанала да постои, а нејзините раководители, четничкиот и војводскиот кадар ја формирале 11 македонска дивизија во рамките на бугарската војска. По првата светска војна во програмската определба на новата ВМРО појмот автономна постепено бил заменет со поимот независна Македонија, во која ке живеат Бугари.
 
Самиот процес на одделување на македонските Словени бил делумно резултат на асимилаторската политика на Кралство Југославија и Кралство Грција спроведена меѓу двете светски војни. Локалните бугарски цркви и училишта биле затворени или претворени во српски или грчки, а свештениците и учителите биле малтретирани и протерани во Бугарија. Подоцна дел од младата лева интелигенција, ja отфрлил новата српска и грчка врска, но и бугарските корени на своите родители. Така во 1934 година по неjзна иницијатива била прифатена резолуција на Коминтерната за македонското прашање. Со неа за прв патпрвпат во историјата било признаено постоењето на посебен македонски народ и македонски јазик. Сепак, населението во Македониjа ja прифатило Бугарската воjска во 1941 година како ослободителка од српскиот и грчки гнет. Меѓутоа, поради лошо организираната администрација и фактот дека Германија ке ја изгуби војната, Бугарија ја изгубила својата популарност. Така, за време на бугарската власт во Македонија (1941 - 1944), комунистичкиот отпор, особено од 1943 година бил се поактивен и се борел за самостојна македонска држава и создаване на посебна нација. На овој пат, претежно по креирањето на Jугословенската федерална Народна Република Македонија по Втората светска војна, со кодифициране на македонскиот јазик, се формирала конечно и македонската нација.
 
== Српска гледна точка ==