Онгерманланд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Руска империја → Руска Империја using AWB
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 91:
 
== Историја ==
Онгерманланд за прв патпрвпат се среќава во [[1170]] во ''Historia Norwegiæ'' како „Ангариуам“ (''Angariuam''). Се смета дека областа е [[Христијанизација|христијанизирана]] во [[XII век]], врз основа на пронајдените [[рунски камен|рунски камења]] од XI век. Во 1398 браќата-[[Пиратство|пирати]] Витали извршиле опсада на тврдината Стиресхолм и го зазеле целиот брег на Нордланд. Во 1434 твдината е урната од мештаните во текот на Енгелбректското востание. Во 1490 подрачјата на Онгерманланд, Алир, Сундед, Норданстиг и [[Меделпад]] ја сочинувале покраината Стурхелсингланд. [[Хернесанд]] станал град во 1585. Во 1721 [[Руска Империја|руската]] морнарица го запалила до темел, по што тој е обновен.
 
Во немирите во [[1931]] се застрелани четири демонстранти и еден минувач, што го предизвикало т.н. Одалски бунт. Како последица од бунтот е формирана државна полиција, одземајќи ѝ ги полициските должности на војската. Долен Норланд го добил првиот универзитет во 2005 со прогласувањето на Високата школа на Средна Шведска за универзитет (''Mittuniversitet''). Универзитетот има ограноци во четири града: Хернесанд Сундсвал, Ерншелдсвик и Естерсунд.