Иван Перишиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 42:
На [[23 мај]] [[2011]] Перишиќ потпишал пет-годишен договор со тогашниот шампион на Германија, екипата на [[ФК Борусија Дортмунд|Борусија Дортмунд]] за сума од 5.5 милиони [[евро|€]].
 
Своето деби за популарните ''милионери'' Перишиќ го имал во победата на домашен терен над Хамбургер со 3-1, кога се појавил како замена на местото на [[Крис Леве]]. Својот дебитантски погодок за Дортмунд го постигнал во [[УЕФА Лига на шампиони|Лигата на шампионите]], прекрасен волеј удар од 17-тина метри со кој го израмнил резултатот на 1-1 против [[ФК Арсенал|Арсенал]], што на крајот се испостави и како конечен резултат. Десетина дена подоцна тој го постигнал својот првенец и во Бундеслигата, одново да го израмни резултатот на 1-1, овојпат против екипата на [[ФК Мајнц|Мајнц]] во нивната победа во гости со 2-1. Тој одново се впишал меѓу стрелците во гостински натпревар кај [[ФК Вердер Бремен |Вердер]] во [[Бремен]] на [[14 октомври]], што Дортмунд го добил со 2-0. Во истиот натпревар тој бил исклучен од игра поради добивање на втор жолт картон на почетокот од второто полувреме (47 минута). Неговата серија на голови продолжи во вториот месец од новата [[2012]] година кога постигнал погодок во Купот на Германија. На [[26 февруари]] постигнал гол во последните моменти од натпреварот за ја завери победата на својот тим над [[ФК Хановер 96|Хановер]] од 3-1. За прв патпрвпат по доаѓањето во Германија тој врзал голови во два натпревари едно-подруго кон крајот на март, кога ги затресол мрежите на [[ФК Келн|Келн]] и на [[ФК Штутгарт|Штутгарт]] на [[25 март|25]] и на [[30 март]]. По завршувањето на сезоната (2011-12), Борусија ги освоила титулите во Бундеслигата и Купот на Германија, па така и Перишиќ дошол до својте први тимски титули во кариерата.
 
Во новата сезона, Перишиќ постигнал два гола во поразот со 3-2 од Хамбургер на [[22 септември]] [[2012]]. Сепак, наскоро можностите за играње во почетниот тим на Перишиќ станале ограничени, а откако одиграл мал број на натпревари како стартер, тој изјавил за хрватскиот канал [[Нова ТВ]] дека не добил поддршка од [[Јирген Клоп]] и го обвинил својот тренер за фаворизирање на други играчи.<ref>{{cite news|title=Borussia Dortmund hold contract extension talks with Marcel Schmelzer|url=http://www1.skysports.com/football/news/11095/8253377/|publisher=Sky Sports|date=16 November 2012|accessdate=12 February 2013}}</ref> Како одговор на тоа, Клоп ги критикувал неговите детски постапки и изјавил дека Перишиќ ќе се соочи со парична казна, поради неговиот коментар.<ref>{{cite news|title=Klopp: Perisic should keep his mouth shut|url=http://www.goal.com/en-gb/news/3275/bundesliga/2012/11/17/3534575/klopp-perisic-should-keep-his-mouth-shut|publisher=Goal.com|date=17 November 2012|accessdate=11 February 2013}}</ref>
Ред 49:
На [[6 јануари]] [[2013]] година, бил објавен трансферот на Перишиќ во [[ВФЛ Волфсбург|Волфсбург]] за 8.000.000 €. Перишиќ го постигнал својот прв гол за Волфсбург во пријателски натпревар против [[ФК Стандард Лиеж|Стандард Лиеж]] на [[10 јануари]]. Тој го направил своето деби во официјален натпревар за Волфсбург против [[ФК Штутгарт|Штутгарт]] на [[19 јануари]] [[2013]]. Во март, Перишиќ заработил повреда на левото коленото која го натерала да ги пропушти сите натпревари во текот на март и април.<ref>{{cite web|title=Wolfsburg forward Ivan Perisic to miss 4 weeks after injuring left knee in Bundesliga match|url=http://www.winnipegfreepress.com/sports/soccer/wolfsburg-forward-ivan-perisic-to-miss-4-weeks-after-injuring-left-knee-in-bundesliga-match-197015301.html|publisher=Winnipeg Free Press|accessdate=27 April 2013}}</ref> Перишиќ се вратил во акција на почетокот на мај за натпреварот против Хамбургер, влегувајќи како замена и асистирал за израмнувачкиот гол на [[Макото Хасебе]] во 65-тата минута. На [[11 мај]] [[2013]] година, тој се соочил со неговиот поранешен клуб [[ФК Борусија Дортмунд|Борусија Дортмунд]] и постигнал два гола на домашен терен во ремито 3-3.
 
На [[3 август]] [[2013]] година, тој го постигна својот прв гол во [[Фудбалски куп на Германија|Купот на Германија]] за Волфсбург во нивната победа со 3-1 над [[ФК Карлсруе|Карлсруе]].<ref> Http://www.sofascore.com/karlsruher-sc-vfl-wolfsburg/zabsdbb</ref> На [[26 октомври]] [[2013]] година, Перишиќ ја отворил својата сметка на првенствени голови за сезоната (2013-14), откако го постигнал третиот и последен гол во победата над [[ФК Вердер Бремен|Вердер Бремен]] со 3-0, а исто така и му асистирал на сонародникот [[Ивица Олиќ]] при постигнувањето на вториот гол во истиот натпревар.<ref>http://www.whoscored.com/Matches/723826/Live/Germany-Bundesliga-2013-2014-Wolfsburg-Werder-Bremen</ref> Тој постигнал два гола во победата со 4-1 над [[ФК Нирнберг|Нирнберг]].<ref>http://www.whoscored.com/Matches/724028/Live/Germany-Bundesliga-2013-2014-Wolfsburg-Nurnberg</ref> Перишиќ ја завршил добрата сезона како втор стрелец на клубот со 10 постигнати гола 4 помалку од Олиќ. Тоа се одразило и на клубот кој завршил на 5. место во [[Бундеслига]]та, со еден бод помалку од [[ФК Баер Леверкузен|Баер Леверкузен]] кој обезбедил место во квалификациите за Лигата на шампионите.
 
== Титули ==