Водоземци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 26:
[[Податотека:Seefrosch(cropped).jpg|250px|thumb|десно|[[Езерска жаба]], ''Rana ridibundus'' - безопашен водоземец.]]
[[Податотека:Dermophis mexicanus.jpg|250px|thumb|десно|Безножен водоземец ''Dermophis mexicanus''.]]
Формата на телото на водоземците е различна. [[Опашкари]]те се посродни со [[риби]]те; тие поседуваат странично сплескано тело и долга весловидна опашка. Кај други (безопашни или скокачки водоземци кои сочинуваат над 75% од сите видови) телото е заоблено или зарамнето, а опашка отсуствува. На главата кај водоземците се забележуваат две крупни испакнати очи, како и пар на ноздринки. Очите и ноздринките кај повеќето видови се наоѓаат на испакнатинки. Затоа жабата, на пример, може и да не излезе од водата, а да диши атмосферски воздух и да се ориентира во околната средина. За разлика од рибите, очите на водоземците поседуваат очни капачиња. Горното очно капаче е подвижно, додека долното има полупрозрачна мигателна ципа. Кај обичните жабри, краставите жаби и повеќето други безопашни водоземци на главата се забележуваат барабанови тапанчњиа кои ја одделуваат празнината на [[Средно уво|средното уво]] од надворешноста.
 
Екстремитети кај некои водоземци отсуствуваат ([[безноги]]те или ''Apoda''), кај други се слабо развиени или обратно - се силно развиени. Поголемиот дел од водоземците имаат по два пара на екстремитети или нозе (кај опашестите водоземци се среќаваат и видови со еден пар). Кај безопашните водоземци, задните нозе се подолги и посилни од предните, што им овозможува да се движат со помош на скокови. Меѓу палците на задните нозе на безопашните се развиени пловни кожички. Една карактеристична особина на водоземците е што тие немаат никакви цврсти надворешни телесни покривки, поради што се нарекуваат и ,,голи влечуги‘‘. Тие немаат крлушки и лушпи како рибите и влечугите, а ниту пердуви ни крзно како кај птиците и цицачите. Повеќето водоземци се прекриени со гола [[кожа]], а само кај неколку видови се забележуваат траги од рожести творби на кожата. Затоа во кожата на водоземците се наоѓаат структури кои не се среќаваат кај другите ‘рбетници. Во [[Сврзно ткиво|сврзното ткиво]] кај некои водоземци се наоѓаат мали капсули исполнети со желатинозна супстанца; кај други се образувани пространи празнини приспособени за развиток и првобитна исхрана на [[ембрион]]ите. Кај трети се забележуваат окоскени материи или цврсти плочички кои донекаде потсетуваат на рибните крлушки.
Ред 32:
Бојата кај некои водоземци може да се менува и во повеќето случаи е условена од заемната поставеност и состојба на посебни [[пигмент]]ни клетки кои се наоѓаат во кожата. Стеснувањето или раширувањето, промена на формата, приближувањето кон надворешната површина на кожата или оддалечувањето од истата на овие клетки придонесува за добивање една или друга боја на кожата. Овие активности на пигментните клетки се предизвикани како од промени во околната средина, така и од внатрешни дразби. Во надворешните и внатрешните слоеви на кожата кај сите водоземци се наоѓаат многу [[Жлезда|жлезди]] со различна големина и значење. Како најинтересни се јавуваат [[Отровна жлезда|отровните жлезди]]. Тие се сместени во подолните слоеви на кожата, имаат сферична или овална форма и лачат мукозна течност во која се наоѓа отровната материја. Водоземците кај кои овие жлезди се поразвиени можат произволно да го зголемуваат лачењето на секретот и ова го употребуваат како метод за заштита. Утврдено е дека [[отров]]от на некои водоземци е многу силен, но не е опасен за човекот и покрупните животни. Меѓутоа, овој отров може да биде фатален за многу животни. Вбризгувањето на отровот од жабите во крвта на малите птици брзо ги убива истите; исто така и неговото вбризгување во крвта на мали кученца, морски прасиња, жаби и тритони дејствува смртоносно. Кај некои жаби и особено кај дождовниците, силно се развиени слузави жлезди од кои можат произволно да истиснуваат течност, многу побргу од истиснувањето на капки од отровните жлезди. Со оваа особина е поврзано народното верување дека дождовниците не горат во оган.
 
Еластичната, многу тенка и непрепокриена кожа на водоземците има многу големо значење во нивниот живот. Ниту еден вид на водоземец не пие вода на вообичаениот начин, туку ја всмукува исклучително преку кожата. Затоа ним им е неопходна блискоста до водата или влажната средина. Жабите кои се оддалечени од водата брзо ја губат телесната тежина, стануваат летаргични и набрзо умираат. Исто така, водоземците дишат и преку кожата, која е богата со крвни [[капилар]]и. Дишењето преку кожа се одвива како на суво, така и во вода. Кожното дишење има особено значење кога водоземецот е долго време во вода (зимски сон, продолжен престој поради опасност).
 
=== Скелет ===
[[Податотека:Rana skeleton.png|мини|десно|300п|Скелет на жабата ''[[Rana esculenta]]''.]]
Градбата на [[скелет]]от кај водоземците до некаде е слична со таа на рибите. Се разликува скелет на главата, трупот и екстремитетите. Скелетот на главата, за разлика од рибите, е образуван од помал број на [[Коска|коски]]. Градбата на [[череп]]от е најразновидна. Се забележува постепено зголемување на коскените творби за сметка на ‘рскавичните и сврзноткивните. Карактеристично својство на целата класа водоземци се двете зглобени главички на задниот дел од черепот кои соодветствуваат на двете јамички на првиот вратен [[прешлен]]. Черепот е секогаш зарамнет, широк, а очните отвори се секогаш големи. Черепот се состои од [[Задтилна коска|задтилни коски]], две [[Челна коска|челни]] и една [[основна коска]]. [[Ококскување]]то на страничните ѕидови на черепот не е целосно или ‘рскавицата е само делумно окоскена. [[Непчена коска|Непчените коски]] се неподвижно соединети со черепот и на нив (како и на [[рало]]то и [[Клинеста коска|клинестата коска]]) понекогаш се всадени [[заб]]и. Долната [[вилица]] се состои од два или повеќе делови и никогаш не е целосно окоскена. Лицевиот оддел е значително поголем од мозочниот.
 
[[‘Рбетен столб|‘Рбетникот]] на водоземците е во врска со нивниот полунадземен начин на живот и во споредба со тој на рибите е порасчленет. Се состои од вратен, трупен, крсен и опашен дел. Кај рибообразните водоземци, прешлените се сосема исти како тие на рибите; кај други, пак, се развиле прешлени со членеста глава напред и јамичка назад, од што е условена целосната артикулација. Напречните израстоци на прешлените кај сите водоземци се добро развиени, но обично ребра не се развиваат, а наместо нив има коскени или ‘рскавични израстоци. Напречните израстоци кај некои видови се значително подолги и ги заменуваат ребрата. Вратниот дел на ‘рбетникот е образуван од еден прешлен кој се соединува со черепот. Бројот на трупни прешлени е различен. Кај некои видови, на пример, кај тритоните, со трупните прешлени се зглобуваат слаборазвиени ребра. Крсниот дел кај повеќето водоземци се состои од еден прешлен. Опашниот дел кај безопашните водоземци е мал (прешлените се сраснати во една коска), додека кај опашкарите е добро изразен.
 
Парните екстремитети на водоземците силно се разликуваат од парните перки на рибите. Тие перки на рибите се едночлени структури со сопствена мускулатура. Во скелетот на предните екстремитети на водоземците се разликуваат [[раменска коска]], коските на [[подлактица]]та и [[дланка]]та, а во скелетот на задните - [[бутна коска]], коски на потколеницата и коски на стапалото.
 
Како потпора на предните екстремитети служи скелетот на раменскиот појас кој се состои од пар на [[Лопатка|лопатки]], неколку мали ковчиња, а кај повеќето видови е присутна и [[Клучна коска|клучната коска]]. Со појасот на предните екстремитети е поврзана [[Градна коска|градната коска]]. Како потпора на задните екстремитети служи карличниот појас кој се состои од карлични коски кои се соединуваат со израстоците на крсниот прешлен или со израстоците на последниот трупен прешлен.
 
=== Мускули ===
Ред 68:
=== Нервен систем ===
 
Мозокот на водоземците има проста градба. Тој има издолжена форма и се состои од две хемисфери, [[среден мозок]] и [[мал мозок]] претставен со напречен мост и [[продолжен мозок]]. Силно е развиен [[Преден мозок|предниот мозок]], но отсуствува кора на мозокот, сива маса, а нервните клетки се рассејани по целата негова површина. Малиот мозок е послабо развиен; слабата развиеност е поврзана со еднообразието на движечките реакции кај водоземците. [[‘Рбетен мозок|‘Рбетниот мозок]] е подобро развиен од черепниот. Во однесувањето на водоземците преовладуваат безусловните [[рефлекс]]и, додека условните се јавуваат по продолженото заемодејство на безусловните и условните дразби. Од сетилата најдобро се развиени видот, слухот и мирисот. Особено е развиено сетилото за слух - [[уво]]то, кај кое за прв патпрвпат се развива средното уво во чија внатрешност се јавува едно слушно ковче. Со тоа е овозможен преносот на звучните бранови од надворешната средина до внатрешното уво.
 
=== Систем за размножување ===
Ред 85:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Водоземци| ]]
[[Категорија:Хордови животни]]